fbpx
Таг: Бојко Борисов

таг: Бојко Борисов

Јункер и ЕК утре во Софија за отпочнувањето на бугарското претседателство со ЕУ

Членови на Европската комисија (ЕК) и нејзиниот претседател Жан Клод Јункер утре и задутре ќе престојуваат во Софија, поради отпочнувањето на бугарското претседателство со Советот на ЕУ. Церемонијата во главниот град на Бугарија ќе почне утре во 19 часот, по што ќе биде организирана свечена вечера. Утредента, в петок, членовите на ЕК ќе имаат средби со бугарските министри, на кои ќе...

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

Заев – Борисов: Го активиравме моторот што ќе го повлече целиот регион напред

Заедничката седница на владите на Бугарија и на Македонија беше плодна, оцени денеска во Струмица премиерот Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со својот бугарски колега, Бојко Борисов. Тој рече дека со денешната седница е „активиран уште еден од моторите што треба да го повлечат напред целиот регион“. Заев истакна дека на седницата било разговарано за продлабочување на економската, како и на...

Заев и Борисов не сакаат да се мешаат – ги охрабруваат црквите да најдат решение

Македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска изјавија дека го почитуваат секуларниот карактер на двете држави и не сакаат да се мешаат во работата и во соработката на двете цркви, но оти можат да ги охрабрат да најдат решение во духот на добрососедството и на пријателството. - Јас се надевам дека ќе дојде до меѓусебно признавање, бидејќи...

Заев и Борисов се поклонија пред споменикот на Борис Трајковски во Струмица

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, пред почетокот на заедничката седница на владите на двете земји, положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, во Струмица. На седницата, која е резултат на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, се разговара за продлабочување на соработката во економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграичната соработка...

Заедничка седница на македонската и на бугарската влада, ќе се потпишат 9 документи

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе одржат заедничка седница. Средбата помеѓу двете делегации почнува во 10 часот, кога премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Владината седница ќе почне во 11 часот и на неа министрите ќе потпишат девет документи за билатерална соработка во...

Борисов: Сега е моментот за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Брисел изјави дека сега е вистински момент да се направат конкретни чекори и да се донесат конкретни одлуки кога е во прашање европската перспектива на Западен Балкан. - Можноста е тука, бидејќи по Бугарија (на чело на ЕУ) доаѓаат Австрија и Романија кои се запознаени со регионот, знаат што може да понуди и...

Владите на Македонија и на Бугарија ќе имаат заедничка седница во Струмица

Македонија и Бугарија се пример за добрососедство и за соработка што ја зацврстува безбедноста на целиот регион и Бугарија недвосмислено ја поддржува Македонија на патот кон Европската Унија и кон НАТО и ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на земјава. Ова било истакнато на средбите на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и со...

Борисов телефонски му честиташе на Заев за успешното спроведување на изборите

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори. „Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа...

Бугарија и Романија добија пристап до информацискиот систем на Шенген

Европскиот парламент го поддржа предлогот на Советот на ЕУ, на Бугарија и на Романија да им се овозможи делумен пристап до базата на податоци за визите од информацискиот систем за шенгенскиот режим, јавија бугарските медиуми. Кога ќе биде изгласана од Советот на ЕУ, одлуката ќе им дозволи на двете држави да проверуваат информации во визниот систем, без да можат...

Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направивме ние

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме. Инаку Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „Труд“. Тој сепак не одговори на прашањето зошто на конференцијата на премиерите на балканските земји вчера во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев. Во Варна вчеравечер...

МНР на Франција: Регионалната соработка е важна во процесот на европско приближување

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка што премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, го потпишаа на 1 август, се вели во пишаната изјава на француското Министерство за Европа и за надворешни работи. „Фанција се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка,...

И НАТО го поздрави Договорот за кој сметаат дека е пресвртница во односите во регионот

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, го поздрави Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. „Договорот потпишан од Бојко Борисов и од Зоран Заев е пресвртница во градењето на односите во регионот во иднина“, напиша таа на нејзиниот твитер-профил. https://twitter.com/Gottemoeller/status/892683666027106305 Договорот помеѓу Македонија и Бугарија го поздравија и  САД, ЕУ и Велика Британија.  

Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, по повод 114-годишнината од Илинденското востание и по повод 73-годишнината од првото заседание на АСНОМ. Премиерот Заев рече дека е потребно да се помират минатото и сегашноста заради иднината на Македонија. -  Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти...

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на Договорот, му порача Груевски на Борисов

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и бугарскиот премиер Бојко Борисов разговараа за односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и за заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, како и за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на пријателството со Бугарија,...

Иванов до Борисов: Спорните прашања да се решаваат мирнo и преку искрен дијалог

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска разговараа за Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу двете земји, како и за волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за негово усогласување, соопштија од кабинетот на претседателот. - Со овој чин се потврдува политичката волја и заложба на двете...

Џафери и Борисов разговарале за можностите што ги отвора Договорот за добрососедство

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата и со Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска се сретнал со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов, во која се и пратениците од Народното собрание на Бугарија,...

Потпишан Договорот со Бугарија – Борисов и Заев го опишаа како историски чекор

Бугарија од денеска е уште поголем пријател на Македонија и наш сојузник во евроатланската перспектива, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по потпишувањето на Договорот за добрососедство и за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија. - Потпишувањето на Договорот за добрососедство и за пријателство со Бугарија покажува дека таму каде што има политичка волја, прашањата...

Заев и Борисов денеска ќе го потпишат договорот за добрососедство

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев денеска во Скопје со сите државни и воени почести ќе ја пречекаат високата бугарска владина делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов. Официјалната церемонија за добредојде на бугарската делегација, која е во дводневна посета на Македонија, ќе се одржи на платото пред Владата, со интонирање на државните химни на Република Македонија и на...

Владата со државни и воени почести ќе ги пречека Борисов и бугарската делегација

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев утре со сите државни и воени почести ќе ја пречека високата бугарска владина делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов, соопшти владината прес-служба. Официјалната церемонија за добредојде на бугарската делегација, која е во дводневна посета на Македонија, ќе се одржи на платото пред Владата со интонирање на државните химни на Република Македонија и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...