понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: блокади | 58 резултати

Блокадите на грчките земјоделци продолжуваат со ист интензитет

февруари 17, 2016

Грчките земјоделци чекаат да се врати премиерот Алексис Ципрас за да се обидат да почнат преговори со грчката влада околу нивните барања за укинување на одлуката за намалување на пензиите и за укинување на земјоделските субвенции. Додека Ципрас се врати од Брисел, земјоделските блокади продолжуваат, а Грција останува поделена на два дела поради големата блокада […]

Продолжуваат блокадите на Богородица, Меџитлија и на Дојран

февруари 15, 2016

Грчките земјоделци најавија 24-часовна блокада од изутринава до утре на преминот Меџитлија и на границата со Албанија. Блокадата ќе биде пократкотрајна на другите два премини кон Македонија. Преминот кај Богородица ќе биде блокиран од 11 до 14 часот и од 19 до 22 часот по македонско време, додека преминот кај Дојран ќе биде блокиран од 17 до 21 часот вечерва. […]

Грчките земјоделци денеска на протест во Атина

февруари 12, 2016

Илјадници грчки земјоделци се очекува да се појават на денешниот масовен протест на централниот плоштад Синтагма во Атина. Земјоделци од целата земја денеска делумно ќе се тргнат од блокадите и дел со тракторите, дел со сопствен превоз ќе се упатат кон грчката престолнина, во знак на револт против владините мерки за намалување на здравственото и на пензиското […]

Грчката берза на најниско ниво од 1989 година

февруари 10, 2016

Главниот индекс на атинската берза падна на најниско ниво од 1989 година. Проблемите во владата во Атина, во преговорите со кредиторите околу реформите на пензискиот систем и гневот на синдикатите поради последните мерки на штедење, повторно предизвикаа страв за состојбата со грчката економија и за нејизините изгледи за излез од кризата. Нестабилноста се одрази на […]

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран

февруари 6, 2016

Според најавите од Грција, граничниот премин Богородица и денеска ќе биде блокиран од 11 до 14 часот, а потоа и од 18 до 21 часот по македонско време. Весникот „Нафтемпорики“ јавува дека преминот Дојран ќе биде блокиран 24 часа, од денеска од 11 часот до утре до 11 часот. На двата гранични премина има околу 800 трактори, […]

Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци

февруари 5, 2016

Грчко-македонската граница ќе биде блокирана и денеска. Грчките земјоделци ќе ги блокираат премините Евзони и Дојран од 12 до 14 часот и 18 до 21 часот по грчко време. За утре земјоделците се закануваат со 24-часовна блокада на патиштата и на границите од пладне в сабота до пладне в недела. Конечната одлука се очекува да се донесе во […]

И денеска блокади на Богородица, Дојран и на Меџитлија

февруари 1, 2016

Грчките земјоделци и денеска продолжуваат со блокирање на македонско-грчката граница на трите премини Богородица, Меџитлија и Дојран. Граничниот премин Богородица денеска е блокиран од 11 до 13 часот, а ќе биде и од 17 до 20 часот. Дојран ќе биде затворен за преминување од 9 до 14 часот и 18 до 20 часот по македонско […]

„Макам-транс“: Блокадите на гранците на грчките земјоделци ни го забавуваат превозот

јануари 28, 2016

Блокадите на границата со Грција влијаат врз забавување на превозните операции на транспортерите. Ако поради близината со оваа земја, транспортерите оделе и се враќале за еден ден, со блокадите, превозот се пролонгира за еден ден. – Со кој било застој, се зголемуваат трошоците, имаме помал обрт во работата и еден превоз помалку – изјави Билјана […]

Солун под опсада на грчките земјоделци

јануари 28, 2016

Грчките земјоделци денеска ќе го „окупираат“ Солун. Протестите од блокадите на патиштата ќе се преселат во центарот на Солун, каде вечерва се отвора големиот саем за земјоделство „Агротика“, на кој ќе говори грчкиот министер за земјоделство. Земјоделците на овој начин ќе го демонстрираат гневнот и незадволството од владините одлуки да не се отстапува од спроведување […]

Грчките земјоделци денеска од 11 до 13 часот ќе ги блокираат премините Богородица и Дојран

јануари 26, 2016

Грчките земјоделци денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран. Блокадата ќе биде поставена од 12 до 14 часот по локално време, односно од 11 до 13 часот по македонско време. Покрај македонската, земјоделците ги блокираат и граничните премини од Грција кон Албанија и кон Бугарија. Најлоша засега е ситуацијата кај преминот Промахонас […]

Грчките земјоделци ќе ги засилат протестите, можна е блокада и на границите

јануари 23, 2016

Грчките земјоделци одлучија да ги засилат протестите. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше договорено секојдневно да се блокираат патиштата низ земјата од 12 до 14 часот и од 19 до 21 часот по локално време. За време на протестите, ќе бидат блокирани од 30 до 50 точки низ целата земја. Во информациите за […]

Земјоделците ги блокираа грчките автопатишта, засега нема блокади на границите

јануари 23, 2016

Движењето низ автопатиштата низ Грција деновиве ќе биде отежнато поради масовните штрајкови на грчките земјоделци. Тие се незадоволни од мерките на грчката влада за пензиското и за здравственото осигурување и од укинувањето на бенефициите. Повеќе од 10.000 земјоделци со своите трактори се распоредени на автопатиштата низ цела Грција и повремено го блокираат движењето низ нив. Засега нема блокада […]

Блокади и масовен протестен марш во Тетово против аерозагадувањето

декември 17, 2015

Неколку илјади граѓани денеска со блокади на трите главни влеза во градот и со протестен марш по тетовските улици, изразија незадоволство од екстремното аерозагадување во градот. Побараа властите да преземат итни мерки против екстремно загадениот воздух, кој секојденевно ги труе тетовци, предизвикувајќи разни болести со смртни последици. – Има пораст на спонтани абортуси и затоа, […]

Продолжуваат протестите на француските фармери поради цените на храната

јули 27, 2015

Француските фармери денеска ги блокираа патиштита и ги запираат камионите што превезуваат земјоделски производи од Германија и од Шпанија, протестирајќи поради „нефер“ ценовната конкуренција, јавуваат медиумите. Фармерите, во неделата доцна вечерта, повторно ги паркирале своите трактори на неколку патишта во близина на границата со Германија и со Шпанија, протестирајќи против цените на храната. Протестите на незадоволните […]

Страна 3 од 3