fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

Објавен конкурсот за фотографии „Со љубов од Битола“

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола, со поддршка од Министерството за култура го објави конкурсот за фотографии за десеттото јубилејно издание на изложбата „Со љубов од Битола“. Тема на конкурсот се „Архитектонските симболи на Битола“, а право на учество имаат сите љубители на фотографијата – аматери и професионалци. „Фотографиите треба да...

Уапсен е битолчанец за палењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, го признал делото

Полицијата уапси триесет и четири годишен маж од Битола под сомнение дека тој го подметнал пожарот на влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“. Според Министерството за внатрешни работи од слобода е лишен битолчанецот Л.А.(34). „Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола,...

Пендаровски го осуди палењето на објектот на Културниот центар „Иван Михајлов“

Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола кое се случи во раните утрински часови. „Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски на Фејсбук. Претседателот ги повика надлежните институции да спроведат...

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, извршија увид во објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде во раните утрински часови се случи пожар. „Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење....

Возрасен маж загина во пожар во Битола

Во пожар што утрово избувнал на дванаесеттиот кат во зградата наречена „Пензионерска“ во Битола загина возрасен маж. Од СВР-Битола велат дека зградата се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“. Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија. Екипи на СВР Битола и противпожрната единица во моментов вршат увид и најавија дека во...

Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола - Битола, Новаци и Могила. „Првите цевки се поставени на излезот од РЕК Битола кон Новаци, и...

Отворен Младинскиот центар – МладиХаб во Битола

Денеска во Битола се отвори Младинскиот центар – МладиХаб, кој е предвиден да служи како простор за работа, вмрежување и организирање на активности што бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот. Младинскиот центар се отвори во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“ финансиран од Британската амбасада во...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола добива Студентски парк

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола ќе добие Студентски парк. Реализацијата на идејата на студентите започна денеска, информираа од Универзитетот. Од таму велат дека просторот пред Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) ќе се облагороди со нови рекреативни и креативни содржини. „Идејата од студентите на УКЛО која беше силно поддржана од Ректорската управа ја потврди и Општина Битола. Двете...

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрирала земјотрес на 106 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Битола. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 6.15 часот, а имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

Земјотрес од 3,6 степени почуствуван во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира земјотрес во 15 часот и 1 минута чиј епицентар се наоѓа на 125 километри јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин. „Земјотресот беше со Рихтерова магнитуда...

Регистрирани нови земјотреси кај Лерин

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Епицентрите се наоѓаат 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 4:01 часот денеска, со локална Рихтерова магнитуда ML3.7 и интензитет...

Општина Битола формира комисија за штети и бара помош од владата по вчерашниот земјотрес

По вчерашниот земјотрес што се случи во граничниот појас меѓу Грција и Северна Македонија, локалните власти од Битола денеска одржаа седница на општинскиот кризен штаб и на општинскиот совет. Нема повредени и загинати лица по вчерашниот земјотрес, но има оштетувања на некои згради, особено постари објекти во Битола. Од општинскиот кризен штаб велат дека вон употреба е ставена градинката „Мајски...

По силниот земјотрес вчеравечер, тлото кај Лерин не престана да се тресе

По првиот силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени што се случи на 3 километри северно од Флорина (Лерин), Грција, епицентрално подрачје сè уште не се смирува, говорат информациите од Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Првиот земјотрес се случи во 22.43 часот, а следниот беше само 8 минути подоцна, со магнитуда од 3,5 степени. Во 22.54 часот уследи трет земјотрес, со...

Казни во Битола: Кафулиња служеле алкохол на малолетници, примале гости без сертификати

Во контроли на подрачјето на Битола околу полноќ, во две кафулиња биле откриени гости без сертификати и било утврдено дека на малолетници им се служи алкохол, соопшти МВР. Станува збор за кафе бар на булевар „1 Мај“ и бар на улицата .Рајко Жинзифов во Битола. Контролите се извршени во времето од 22.30 часот вчера до 30 минути по полноќ денеска. Службениците...

(Фото) Депонијата Мегленци близу Битола е дом на голем број улични кучиња и свињи

Поголем број кучиња и свињи се прехрануваат и практично живеат во битолската општинска депонија Мегленци, велат активистите од иницијативата „Анимал војс“. Тие се грижат за уличните животни во Битола и, како што велат, успеале да спасат една кучка која со нејзините осум кученца се окучила на самата депонија. Тие велат дека по ветеринарниот преглед се покажало дека мајката имала...

Наместо договор, догодина нов тендер за изградба на пречистителните станици во Битола и Тетово

Наместо потпишување на договорите со најповолните понудувачи и почеток на изградбата, ревидирање на техничката и тендерската документација и распишување на нов меѓународен тендер. Ова е неславниот епилог од проектите за изведба на пречистителните станици за отпадни води во Битола и Тетово, за кои пролетва од централната власт беше најавено дека до крајот на 2021 година ќе се потпишат договорите...

(Вознемирувачка содржина) Угинати животни скапуваат во напуштена касарна во Битола

Младиот активист за правата на животните од Битола, Леонрадо Соколов, вели дека деновиве почувствувал неподнослив мирис на угинати животни кога поминувал близу поранешната касарна во градот. Тој открил дека во напуштениот објект на локацијата која битолчани ја нарекуваат „под авионот“ има многу одрани животни кои скапуваат. „Случајно во потрага по едно куче налетав на напуштен објект во кој влегов бидејќи...

Заврши Модниот викенд за есен/зима 2021, сите колекции беа од рециклирани материјали

Втори и трети октомври оваа година беа посветени на модата одбележувајќи го 24-то издание на Моден викенд, кој главно се одржа во Битола. Просториите на клубот „Јагода“ изминатите два дена беа исполнети со модни парчиња на македонски дизјанери кои креираат во областа на одржливата мода. Вкупно беа изложени седум колекции, сите направени со материјали што се претходно искористени и...

За електричните автомобили и хибридите не секаде има бесплатен паркинг во земјава

Сопствениците на електрични и хибридни возила во земјава не секаде може да го остварат правото на бесплатен паркинг. Иако овие возила имаат минимално учество во загадувањето на воздухот, општинските власти имаат различни аршини во однос на давањето поволности за нив. Инаку, токму транспортот се наоѓа на второто место помеѓу главните причинители на аерозагадувањето во македонските градови. „Мета.мк“ ги контактираше по...

МКЦ Битола се домаќини на 15 волонтери од пет земји од Западен Балкан

Волонтерството е глобален феномен, тоа е паметно вложување на време и капацитети во заедницата, велат од МКЦ Битола. Тие деновиве се организатори на Меѓународен волонтерски камп Битола отворен град. „Домаќини сме на 15 волонтери од пет земји од Западен Балкан. Интеркултурното учење, растот и развојот на младите во креативна и ангажирана средина се основни карактеристики на кампот. Самиот камп промовира...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...