fbpx
Таг: Биљал Касами

таг: Биљал Касами

Рестрикции, чуден мирис и вкус – сè уште нема решение за водата за пиење во Тетово

Како последица на врнежите од дожд, водата што доаѓа од изворите на Лешница е заматена и ги известуваме граѓаните дека работата на станицата за филтрирање е запрена. Ова го соопштија вчера од општинското јавно претпријатие ЈКП „Тетово“. Но, ова не е прв пат. Секоја година во текот на месец октомври во Тетово, покрај што е матна, водата за пиење...

Порталб: Општина Тетово ветува решение за одржување на канализацијата за да нема поголеми штети при врнежи

Несоодветни инвестиции во атмосферската и фекалната канализација според Билал Касами, градоначалникот на Тетово, биле меѓу главните причини за штетите предизвикани на граѓаните од неодамнешните поплави во Тетово. Затоа, тој вети дека во иднина континуирано ќе работат на чистење на канализацијата за да не се нанесуваат штети на граѓаните. Од Општината вчера, за Порталб.мк, најавија дека е комплетирана јавната набавка...

Порталб: Ветувањето на Касами за нови паркинзи во Тетово останува неисполнето

Пред да дојде на чело на Општина Тетово, Биљал Касами вети дека за помалку од шест месеци ќе се изградат околу седум катни гаражи од челична конструкција. Но, тоа досега не се случи. На 4 мај навршија шест месеци откако Касами ја презеде функцијата, а Општина Тетово неодамна, поточно на 15 април објави јавен оглас за изградба на затворени...

Порталб: Еден ден откако започнаа, работите на улица „Страшо Пинџур“ прекинати

Во вторникот почнаа, а вчера работите за реконструкција на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово беа стопирани. Од Општина Тетово се правдаат дека ова е побарано од листата „Подобро за Тетово“. Но, од таму негираат такво нешто и ја повикуваат општината да изнесе докази дека тие побарале прекин на реконструкцијата и велат дека нивните реакции се однесуваат на сечата на дрва,...

Порталб: Касами ја достави во Обвинителство тужбата против Арифи за велосипедската патека

Тужбата што градоначалникот на Тетово Билал Касами ја најави против поранешната градоначалничка Теута Арифи за велосипедската патека е поднесена во Обвинителство. Ова го потврдија од општинската канцеларија за односи со јавност и од Основното обвинителство, пишува Порталб.мк. „За овој случај овластивме адвокат, и тој ги води постапките. Предметот е во обвинителството, адвокатот продолжува да ги следи процедурите. Побаравме расчистување на...

Вистиномер: Не е точно дека новиот водовод во Тетово носи повеќе штета, отколку корист

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на изјавата на тетовскиот градоначалник за новиот водовод во Тетово: Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, пред медиумите даде невистината изјава во која вели дека проектот за Лешнички водовод е катастрофален и носи повеќе штета, отколку корист. Ми приложија од ЈКП дека се осум проблематични точки на целиот довод на цевката од Лешница до...

Партиските лидери не зборувале за одложување на изборите, митинзите ќе ги прават онлајн

По координативната средба со претседателите на политичките партии околу состојбата со корона вирусот, премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција рече дека од партиите побарал да искажат одговорност и дека сите се согласиле дека е најважно здравјето на граѓаните. Премиерот соопшти дека не се случило тоа што се очекуваше - да се разговара за одложување на изборите поради ситуацијата со вирусот....

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...