„Безбеден град“ стартува со зголемена толеранција, прагот постепено ќе се намалува
февруари 1, 2026
Од денес започна примената на „Безбеден град“ на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, но со поголем праг на толеранција, со цел возачите постепено да се прилагодат на новиот начин на контрола. Наместо вообичаените 10 проценти, во првите месеци ќе важи толеранција од 15 проценти над дозволената брзина.