fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Од Центарот за развој на Полошкиот регион најавуваат санација на депонијата Русино до крајот на годината

Со обезбедените средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, до крајот на годинава ќе се преземат брзи мерки за подобрување на состојбата со гостиварската депонија Русино, информираат од Центарот за развој на Полошкиот регион. „Со брзите мерки е предвидено изградба на систем за управување со исцедок со кој преку мрежа на насипи и ровови ќе се оневозможи доток на...

Над 30.000 лица бараат по 1.000 денари помош од државата за трошоци за енергија

Растат списоците со енергетски сиромашни граѓани во државава кои немаат средства за да ги платат трошоците за енергетските услуги, како греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување на домот, проблеми со кои се дефинира поимот - енергетска сиромаштија. Паричната помош што од државата ја добива оваа група на граѓани е 1.000 денари за домаќинство. Пред 4 години оваа сума...

Стојанов: Нема дисциплина, можно е да се намали работното време на кафичите

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот не стивнува. - Ситуацијата е...

Поради корона кризата, меѓународните возови од Скопје летово воопшто не сообраќаа

Меѓународниот воз „Хелас експрес“ од Солун за Белград денеска за последен пат требаше да мине низ скопската железничка станица. Сепак, возовите за Солун и Белград од Скопје годинава воопшто не сообраќаа во летниот период. Поради тоа што корона кризата ги затвори границите со Грција и Србија, овој воз не отпатува ниту еднаш до својата крајната дестинација од почетокот на...

По две години во „магла“, пред крај се набавките за нови инструменти за мерење ПМ-10 честички

Од 17 мерни места низ земјава, каде што Министерството за животна средина и просторно планирање ја контролира состојбата со квалитетот на воздухот, шест не мерат ПМ-10 честички. Од нив четири се расипани, во Гази Баба, Миладиновци, Битола и Струмица, а во две, Ѓорче Петров и Карпош, инструментите се исклучени, бидејќи не даваат точни резултати. На две места, во скопските...

Во земјава лани биле регистрирани 3.144 автобуси, со просечна старост од 18,1 години (инфографик)

Автобускиот превоз во земјава и лани се одвивал со полнолетен возен парк. Просечната старост на автобусите што сообраќаат во градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз во 2019 година изнесувала 18,1 години. Споредбата на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека старосната граница на возниот парк од околу 18 години речиси не е воопшто изменета во изминативе една и пол...

Заврши гасификацијата на болницата „Мајка Тереза“ во Чаир

Еден од најголемите загадувачи на Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир е гасифицирана. Инвестицијата е вредна 17 милиони денари, и станува збор за значаен капитален проект. „Досега оваа болница се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, се жалеа сите. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на...

Палење депонија е кривично дело, инспекциите почесто да се на терен и да казнуваат, бара министерот Нуредини

Општините да не дозволуваат да се создаваат диви депонии и да се палат огнови на отворено, а инспекциите повеќе да казнуваат, за да се подобрат состојбите со загадувањето на воздухот и на животната околина, апелира министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој денеска ги претстави приоритетите за својот нов мандат, а ги издвои аерозагадувањето, управувањето со отпадот, заштитата на...

Корона кризата ја закочи и реализацијата на Стратегијата за енергетика до 2040 година

Најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година ќе почека подобри економски и политички моменти за старт. Ковид кризата која ги закочи економските текови, како и парламентарните избори, го одложија предвидениот термин за прифаќање на едно од трите предложени сценарија (референтно, за умерена транзиција и зелено сценарио). Рокот кога Владата требаше да избере едно од сценаријата и да...

Владата да не планира нови рудници за јаглен, апелираат еколошките организации

Најголемиот дел од инвестициите да се насочат кон обновливите извори на енергија, а да се затворат сите постројки кои работат на јаглен е заедничкиот став на еколошките граѓански организации за програмата на Владата за животна средина. Екологистите ѝ забележуваат на новата влада што на маса го враќа отворањето на рудникот „Живојно“, кој ќе значи и продолжување на векот на...

Епидемијата ќе пламне поради славите и забавите, а не поради градинките и училиштата

Расте бројот на новозаразени пациенти, а се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Додека секаде во светот смртноста од ковид-19 опаѓа, кај нас расте, а доказ за тоа е 23 починати за последниве три дена. На што се должи ова? Што да очекуваме во периодот кој следува, со оглед на фактот дека градинките се веќе отворени, а училиштата ќе...

Државата и германската „Вибе“ преку арбитража ќе го решаваат спорот со недоградената пруга Куманово-Бељаковце

Спорот меѓу државата и германската компанија „Вибе“ околу недоградената пруга Куманово-Бељаковце ќе се решава пред меѓународен суд. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска најави дека преку арбитража ќе се решава прекинот со изградба откако фирмата-изведувач „Вибе“ на 29 мај годинава го известила Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ дека бара раскинување на договорот за изведба...

Образовни асистенти во училиштата, лични асистенти во домовите, потсмев од врсниците

Новата учебна година за сите ученици во основните и средните училишта во државата започнува на 1 октомври. На овој ден, дел од учениците ќе појдат во училиште каде под посебни мерки и протоколи ќе ги слушаат предавањата на наставниците и професорите, а другиот дел наставата ќе ја следат од дома со помош на средства за далечинско учење. Вака одлучи...

Пратениците утре ќе одлучуваат за промените во Законот за основно образование

Владата го испрати во Собранието предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование со кој се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на воспитно-образовната работа на основните училишта во услови на епидемија прогласена од заразни болести. Пратениците треба да одлучуваат по законските измени на седницата закажана за утре. Во предлог-законот се наведува дека при...

Со новиот систем „Опсерваторија на вештини“, средношколците полесно би наоѓале работа

Во Собранието пристигна предлог-законот за изменување и дополнување на законот за средното образование, којшто би требал да се најде пред пратениците на утрешната собраниска седница. Освен што се дефинираат начинот на функционирање на средните училишта, со предлог-законот се воведува обврска Министерството за образование да воспостави информационен систем „Опсерваторија на вештини“, во кој се води збирка на податоци за учениците, што...

Повеќе од една година автопатот Миладиновци-Штип е единствен во земјава на кој не се наплаќа патарина

Автопатот Миладиновци-Штип е единствениот пат од највисока категорија во земјава на кој повеќе од една година не се наплаќа патарина од возачите. И покрај тоа што беше отворен за сообраќај на 5 јуни, а официјално пуштен во употреба на 6 јули 2019 година, до денешен ден на оваа автопатска делница долга 47 километри не профункционира ниту една од двете...

Заев во Атина: Државата ќе биде дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Република Грција, оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“. На средбата, која се оствари на покана на компанијата „Гастрејд“ беше изразен взаемниот интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис...

„Саса“ за загадувањето на Каменичка река ќе добие глоба од максимум 100.000 евра

Државниот инспекторат за животна средина предложил казна од максимум 100.000 евра за рудникот „Саса“, од чие јаловиште вчера беше предизвикана еколошка катастрофа во Каменичка река во Македонска Каменица. Точната висина на казната, според постапката која ја предвидува Законот за животна средина, ќе ја утврди комисија на Министерството за животна средина и просторно планирање, во постапка за спогодување. Управата на...

Како мислите децата да ни седат сами дома додека ние работиме, прашуваат самохраните мајки

По денешната владина одлука, од 23 септември да се вратат на работа родителите кои изминативе шест месеци ја користеа мерката да бидат ослободени од одење на работа, реагираше Здружението на самохрани мајки „Една може!“. Оттаму истакнуваат дека со започнување на вонредната состојба, специфични мерки беа креирани за различни групи, а самохраните родители беа изоставени и за нив не беа...

Винил хлоридот од ОХИС е преточен во нова цистерна, во октомври заминува за Германија

Винил хлоридот мономер, историски отпад од некогашниот хемиски гигант ОХИС, е целосно преточен во нова цистерна и подготвен да замине на уништување во инсенератор во Германија. Опасната хемикалија, кој неколку децении стоеше во стара цистерна под притисок на почетокот на месецов ја преточи тим од компанијата „Куриум“ од Франција, под надзор и со техничка поддршка на компанијата „Екоцентар 97“, која...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...