fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Наместо да се намалува, расфрлањето со вода за пиење во Македонија расте [инфографик]

Македонските општини минатата година не воделе грижа за намалувањето на загубите на вода за пиење во водоводните системи, со кои управуваат нивните јавни комунални претпријатија. По период од четири години во кој континуирано се намалуваше процентот на неприходувана вода, лани за првпат е забележан негативен тренд на пораст на загубите на вода за пиење. Дури 62,45 отсто од производената...

Владата прво ќе анализира, а потоа ќе забрани увоз на половни возила со под ЕУРО 5 стандард

Долгонајавуваната забрана за увоз на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови во земјава ќе почека на исполнување уште некое време. Од Владата информираат дека најпрво ќе се изврши анализа, по што би се донела одлуката за забрана за увоз, која што беше ветена од министерот за економија Крешник Бектеши уште на почетокот од...

Фотонапонски централи и ветерници треба да се градат само на деградирано земјиште

Фотонапонски централи и ветерни паркови можат да се изградат на камењари и неплодно земјиште без поголема вредност за природата и живиот свет, кои во земјава ги има на повеќе локации. На нив може да се постават обновливи извори на енергија, кои можат да задоволат и двојно поголема потреба за струја од сегашната, покажува истражувањето направено од Македонската академија на...

Ревизорите открија: постојната депонија во Свети Николе се пали и ја загадува околината

Општина Свети Николе веќе подолго време се противи на изградбата на современа регионална депонија по европски стандарди на нејзината територија, а во меѓувреме Државниот завод за ревизија откри дека постојната општинска депонија е надвор од било какви стандарди за управување со отпадот. Ревизорите извршиле увид на лице место на постојната депонија „Мавровица“ во Свети Николе, при што е утврдено дека...

Надворешен прочистувач на воздух на иноваторот Поцков ги неутрализира ПМ-10 честичките

Надворешен прочистувач на загаден воздух со вградени филтри, дело на македонскиот иноватор Ивица Поцков, е поставен на улицата Орце Николов во центарот на Скопје. „Аеро С“ e прв прочистувач од овој тип во Скопје и во регионот, кој е наменет да ги неутрализира и собира ПМ-10 честичките и со тоа да го намали загадувањето на воздухот. Уредот може да се...

Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше дека со промените на...

Најголем дел од ѓубрето лани завршило на депонија, селекцијата учествува само со 18,3% [инфографик]

Селекцијата на отпад останува голем проблем за македонското општество. Само 18,3 отсто од комуналниот отпад во Македонија лани минал низ примарна или секундардна селекција, а со тоа е овозможен соодветен третман преку рециклирање на ова ѓубре. Наспроти ова, над 80 отсто од целокупниот комунален отпад собран во 2022 година завршил на општинските депонии. !function(){"use strict";window.addEventListener("message",(function(a){if(void 0!==a.data){var e=document.querySelectorAll("iframe");for(var t in a.data)for(var...

Ќе се нагледаме ѓубре уште три-четири години, современи депонии дури во 2027 [инфографик]

Македонија ќе ги започне инвестициите во воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во втората половина на 2024 година, додека современите регионални депонии по стандардите на ЕУ ќе бидат завршени до септември 2027 година. Ова се генералните временски рамки за реализација на проектот вреден 55 милиони евра, за кој македонската влада во јануари годинава го потпиша договорот со...

Молк од скопски „Водовод“ за загубите на вода за пиење кои достигнуваат 60 отсто

Нетранспарентен однос од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кое повеќе од еден месец не сака да одговори на прашањата на Мета.мк во однос на тоа што преземаат за да се намали постојниот процент на загуби на вода за пиење во скопскиот водоводен систем. Процентот на неприходувана вода за пиење за 2022 година во Скопје останува непознат, бидејќи од...

Ќе чекаме европски пари за да градиме пруга до скопскиот аеродром

Ќе се чека на одлука од Европската Унија за обезбедување средства за изградба на ветената пруга до скопскиот аеродром и за воспоставување на железничка линија од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје. Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк објаснуваат дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ ќе треба да аплицира за овој проект, бидејќи истиот е...

Пречистителната станица за шестовалентниот хром во Јегуновце далечински ќе се управува

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов ги финализира активностите за објавениот тендер за далечинско управување на пречистителната станица во кругот на фабриката „Југохром“ во Јегуновце, каде се врши прочистување на исцедокот "збогатен" со канцерогениот шестовалентен хром од индустриската депонија. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава, која претставува потенцијална опасност за подземните води...

Кичевското село Белица е првата зелена комуна: Од јаглен се насочува кон одржлив развој

Кичевското село Белица ќе биде првата зелена комуна во земјава. Одржливото користење на ресурсите, зачувувањето на биодиверзитетот и намалувањето на влијанието на климатските промени кои ќе се имплементираат во Белица ќе послужат како модел за трансформација на целиот кичевски регион од јаглен кон зелен развој и чисти извори на енергија. Дел од активностите кои треба да ја започнат зелената трансформација...

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз останаа скапи [инфографик]

Цените на нафтените деривати на бензинските станици во земјава се стабилизираа, но цените на автобуските билети за меѓуградски превоз, и покрај поевтинувањето на горивата, остануваат високи. Приватните превозници не кажуваат зошто не ги намалат цените на билетите како што ги покачија кога вртоглаво поскапеа и горивата, а нивните здруженија ваквата состојба ја правдаат со „другите поскапени трошоци“. Бараат субвенции...

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите

Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на отпад преку добивање поени...

Започнува имплементацијата на регионалниот проект за управување со отпад

Денеска е потпишан договорот за доделување на 700.000 евра неповратни средства како техничка помош на проектната единица на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП), со што започнува имплементацијата на регионалниот проект за управување со отпад во земјава. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Европската банка за обнова и развој за Република...

Климатските промени во Македонија: Снег зимава немавме, температурите лани над просекот [инфографик]

Акутниот проблем со глобалното затоплување бил присутен во Македонија и во 2022 година, земајќи го во предвид фактот имало повисоки просечни температури на воздухот доколку се споредат со тридеценискиот просек за периодот 1981-2010 година. Позитивното отстапување од средногодишните просечни температури на воздухот на национално ниво лани изнесувало 0,7 Целзиусови степени, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според извршените...

Најдоцна за два месеца тендер за оградување и покривање на арсенот во Лојане

Министерството за животна средина и просторно планирање најдоцна за два месеца ќе го распише тендерот за избор на компанија што ќе ја огради и покрие депонијата со арсен и други отпадни минерални суровини во кругот на некогашниот рудник „Лојане“. Најавените средства од 14 милиони денари за оваа намена се обезбедени од буџетот на Министерството. „Моментално се работи на тендерската спецификација....

Микроорганизми што го јадат линданот може да нè спасат од огромното загадување од ОХИС

Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги загадува почвата и подземните...

ЕУ грант од 70 милиони евра за скопската пречистителна станица, се чека договорот за изведувач

С. Македонија доби грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со што се заокружи финансиската конструкција потребна за изградба на скопската пречистителна станица  тешка 200 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство...

Извештаите за загадувањето на скопскиот воздух преполни со недостатоци [инфографик]

Квалитетот на воздухот на мерните станици Центар и Карпош е непознат за февруари 2023 година во делот на најопасните ПМ-2.5 честички, бидејќи во редовниот месечен извештај воопшто нема податоци за тоа, колкаво било присуството на овие загадувачки супстанци во скопскиот воздух. Случајно или не, податоците се неверодостојни и за традиционално најзагадената локација во Скопје - мерното место Лисиче. Во...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...