fbpx
Таг: Беса

таг: Беса

Беса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО, ова сега е само формалност

Пратениците на Беса во Собранието на Република Македонија ќе гласаат „за“ на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој, како што изјави пратеникот Фадил Зендели, е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, а ова сега е само формалност. - Беса ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист во неправдата кон Албанците, но притоа...

Беса на Заев му вети поддршка за решенијата важни за граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со претседателот на Беса и со двајца пратеници од партијата, при што добил уверување дека партијата ќе ги поддржи сите решенија што се во полза на граѓаните, информираа од Владата. На средбата, претседателот на Беса, Билал Касами, и пратениците Африм Гаши и Фадил Зендели, на Заев му го честитале преземањето на премиерската фунција, а...

Беса бара СЈО до петок да ги отвори случаите „Сопот“ и „Монструм“

Партијата Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство да ги отвори случаите „Сопот“ и „Монструм“ до петок бидејќи потоа мандатот што тимот на Катица Јанева го има за поднесување обвиненија ќе истече. „Без разлика на одлуките на Советот на јавни обвинители за „Сопот“, ние цениме дека СЈО има доволно материјали за само да го иницира случајот, да не дозволува на двојството ВМРО-ДУИ...

Беса: Владата на Заев што побргу да обезбеди праведни судски одлуки

Со барање да се обработат, како што велат, монтираните случаи против Албанците, „Монструм“ и „Сопот“, како и со барање владата на Зоран Заев „што побргу да овозможи праведни судски одлуки и еднаш засекогаш да престане функционирањето на правдата со двојни стандарди“, се огласи денеска Движењето Беса. Движењето вели дека и по формирањето на новата влада „за жал, има сигнали за...

Собранието денеска со три седници, до полноќ треба да избере влада

Покрај втората собраниска седница, на која единствената точка е изборот на владата, во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи и 21. продолжение на конститутивната седница, на која ќе се расправа за изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Продолжението е прво на...

Првиот собраниски ден мина во кавги помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Попладневниот дел од денешната седница на Собранието на Република Македонија за избор на новата влада предложена од мандатарот Зоран Заев, помина во знак на расправии околу тоа кој бил криминалец, кој колку направил и кој е инкриминиран, а кој не, но и во расправии за процедурите - кој колку може да зборува - помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери,...

Ибрахими: Владата не е реформска, туку со рециклирани криминалци, не гласам за неа

„Знаете ли, почитуван господине Заев, што е разликата меѓу реформа и рециклирање? Ако под реформа подразбирате дека сте избрале што е добро и денес е во вашиот табор, тоа не е реформа, туку сте направиле рециклирање. Јас бев убеден што причината што одбивте соработка со нас е нашето барање за редефинирање на државата, но гледам дека не било тоа...

Касами: Беса нема да биде дел од владата, Заев не прифати редефинирање

Движењето Беса нема да биде дел од идната влада бидејќи мандаторот не беше подготвен да ги прифати принципите за заедничко владеење и за нив да потпише договор, информираше денеска на прес-конфренција лидерот на Беса, Билал Касами. -Беса ќе продолжи да биде конструктивен политички фактор во Македонија останувајќи заштитник на Албанците, но и на севкупните граѓански интереси на државата. Беса ќе...

СДСМ: Со Беса не постигнавме договор, оставаме отворени врати за соработка

СДСМ во кратко соопштение денеска извести со Движењето Беса не успеале да постигнат договор околу некои прашања, но дека оставаат отворени врати за соработка околу реформите. „Известуваме, во врска со преговорите со партијата Беса, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме...

СДСМ закажа Централен одбор, Беса во 15 часот ќе соопшти дали ќе биде дел од владата

СДСМ за вечерва закажа вонредна седница на Централниот одбор на која ќе се разгледува и одлучува за понатамошните насоки за преговорите за новата влада како и за кандидатите за министерските позиции. Доколку денеска успее да се екипира владиниот кабинет, односно да се поделат ресорите, тогаш се очекува мандатарот Зоран Заев вечерва да го достави предлогот за составот на новата Влада...

Беса: Не отстапуваме од барањата до СДСМ и од нашите принципи

Фатон Фазлиу од Движењето Беса по средбата на Билал Касами со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека се уште нема договор помеѓу партиите. Фазлиу рече дека Беса нема да отстапи од барањата кои што ги имаат доставено до СДСМ, како услов за влегување во новата влада. На новинарско прашање дали има некакво доближување во преговорите, Фазлиу рече дека Беса...

Заев уверен дека Македонија следната недела ќе ја добие новата влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на БЕСА, Биљал Касами во Собранието на Република Македонија, изјави дека сè уште не се целосно доближени ставовите на сите партии и дека преговорите со сите потенцијални партнери во владата продолжуваат и утре. Кажа оти уште не е сигурен дали ќе има договор за влада со четири учесници - СДСМ,...

Заев: Тешко дека денеска ќе го поднесам составот на владата во Собранието

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев денеска пред средбата со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами во Собранието на Република Македонија, изјави дека речиси нема никакви шанси денеска да го достави составот на новата влада до Собранието, а малку е веројатно тоа да се случи и пред утрешниот конгрес. - Не, не верувам дека денеска...

Спасовски: Новата влада треба да биде заснована на принципи, а не на условувања

Завршија разговорите на работните групи на СДСМ и Беса, но без некој конкретен договор. Како што соопштија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во следните денови се очекува да продолжат преговорите. - Денеска завршивме со разговор со работната група на БЕСА. Преговорите продолжуваат и во наредните денови. Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска...

Беса преку посебна комисија ќе преговара со СДСМ

Централното претседателство на Движењето БЕСА одржа седница на која е дискутирано за основните начела за заедничкото владеење со СДСМ, соопштија денеска од партијата. На средбата е донесена одлука за формирање посебна комисија, која ќе ги почне преговорите со новиот мандатар, а за координатор на комисијата е избран Арбен Лабеништи, потпретседател на Движење БЕСА. „Во духот на ветувањето за транспарентност со...

СДСМ денеска на преговори со Беса

Преговорите за формирање влада продолжуваат и денеска во седиштето на СДСМ, соопштија за „Мета“ од партијата. Разговорите кои почнуваат во 15.30 часот ќе се водат со претставници на Движењето Беса. Засега не се знае дали средбата ќе биде на највисоко ниво, односно дали разговорите ќе ги водат Зоран Заев и Биљал Касами, или пак ќе бидат на ниво на работни...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за 0,8 отсто, а Груевски пред Заев за 1 процент

Доколку утре би се одржале избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на телевизија „Телма“ и на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Според резултатите од анкетата, за ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Беса - 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците - 1,8 отсто, а за ДПА...

Шилегов: Не се битни ресорите, туку принципите на функционирање на владата

„Сосема е небитно прашањето како ќе се распоределат ресорите и кој кадровски решенија ќе бидат за позициите во новата влада. Најбитно за Македонија во моментов е да воспоставиме принципи за функционирање на владата во интерес на граѓаните, за тие владата да ја чувствуваат своја. Доколку останат истите принципи или систем на функционрање на власта, небитни се ресорите и персоналните...

Заев со Ахмети ги почнува преговорите за новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска официјално ќе ги почне преговорите за составување на новата влада. Тој завчера го доби мандатот од претседателот Ѓорге Иванов. Првата средба би требало да биде со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но терминот уште не е договорен, појасни за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Потоа ќе следуваат и преговори со другите претставници на партиите од...

ВМРО-ДПМНЕ рекордер со 1,88 милиони евра собрани донации во 2016 година

Рекордер меѓу политичките партии по собрани донации од 1 јануари до 31 декември 2016 година е ВМРО-ДПМНЕ, со собрани вкупно 1,88 милиони евра членарини и донации од поединци и од фирми, се гледа од извештаите што вчера ги објави Државниот завод за ревизија. Од вкупно регистрирани 5.880 уплаќачи, партијата собрала 115,55 милиони денари, односно 1,878 милиони евра. Уплаќале партиски функционери,...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...