понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Бернска конвенција | 16 резултати

Што се случува со светското наследство во Охрид ќе проверуваат експерти на Бернска и Рамсарска конвенција и на УНЕСКО

април 25, 2023

Претставници на Бернската конвенција заедно со експерти од Рамсарска конвенција и УНЕСКО во следните два дена ќе престојуваат во Охрид каде ќе посетат повеќе локации за да констатираат што се случува со светското културно и природно наследство на УНЕСКО и опасностите кои го демнат од неконтролираната урбанизација, легализацијата на дивоградби и планирањето нови инфраструктурни зафати. […]

Охрид е на патот да постане загрозено наследство, а политичарите си дискутираат

март 29, 2023

Петмина експерти на УНЕСКО, Бернската и Рамсарската Конвенција, на крајот на април ќе дојдат во посета на Охридскиот Регион и ќе ги посетат сите „жешки точки“ на неконтролирана урбанизација и легализирани дивоградби кои го доведуваат во прашање статусот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Но, не само со урбанистичкото дивеење, Охрид долго време […]

Живиот свет во реките на кои има мали хидроцентрали е поважен од бизнис интересот на концесионерите

февруари 26, 2023

Да се укинат три планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“ – Жировница 5 и 6 и Рибничка 7, но и да се преземат мерки за зачувување на реките каде што веќе се изградени вакви енергетски објекти, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Од организацијата неодамна упатија писмо до […]

Апел до Пендаровски и Ковачевски: Да не се дозволат нови мали хидроцентрали во Маврово

февруари 8, 2023

Граѓанските организации „Еко свест“ и „Фронт 21/42“ денеска побараа Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да се заложат за раскинување на договорите за концесии за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, Жировница 5 и 6 и Рибничка 7 и на тој начин да се испочитуваат меѓународните договори, коишто се обврска и за […]

Меѓународни експерти напролет доаѓаат во Охрид да ја скенираат состојбата со заштитата на културното и природното богатство

ноември 28, 2022

Состојбите со природното и културното богатство на Охридскиот Регион ќе се истражуваат на почетокот на идната година. Земјава, по девет месеци задоцнување, одговорила на барањето на Бернската Конвенција меѓународни експерти да го посетат градот на УНЕСКО, заштитен како Светско културно и природно наследство, и на терен да ја констатираат состојбата. Постојниот Комитет на Бернската Конвенција […]

Владата ги игнорира меѓународните експерти загрижени за состојбата со Охрид и Охридското Езеро

октомври 14, 2022

Бернската Конвенција по вторпат годинава ја опомена Владата дека не им испратила одговор кога ќе можат да ја реализираат посетата на Охрид и да утврдат во каква состојба се наоѓа градот заштитен од УНЕСКО како Светско културно и природно наследство. Земјава веќе еднаш доби ваква опомена во мај годинава, откако го пропушти рокот за одговор […]

Бернската конвенција бара Владата да им потврди термин за проценка на состојбите во Охрид

мај 9, 2022

Бернската конвенција побарала македонските власти да прекинат со сите активности во Охрид, сè додека нивната мисија, на која ќе ѝ се приклучат и претставници на УНЕСКО и Рамсарската конвенција, не дојдат во планираната посета за да ја видат фактичката ситуација. Еколошката организација „Фронт 21/42“ денеска информира дека Бирото на Конвенцијата во последниот извештај ја опоменува […]

Бернската конвенција бара да нема нови мали хидроцентрали, за дадените концесии ќе се одлучува поединечно

јануари 10, 2022

Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција. Конкретно, препораката се однесува за сите енергетски објекти кои добиле […]

Животната средина и во 2021 година на маргините: Mногу одлуки на хартија, слаба имплементација

јануари 4, 2022

Шар Планина стана национален парк, четвртиот во земјава и прв прогласен по осамостојувањето на земјата. Една од најголемите жешки точки во земјата, ОХИС се исчисти од многу хемикалии, а се решава и линданот од малата депонија. Состојбата со Охридското езеро и водите е толку алармантна, што Бернската конвенција отвори случај против земјата за заканите врз […]

Бернската конвенција отвори случај за закани врз Охридското Езеро и Галичица

декември 3, 2021

Бернската конвенција отвори случај против Владата на Северна Македонија за заканите врз Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица. Жалбата е поднесена уште од 2016 година од страна на граѓанска организација „Фронт 21/42“, а по последните алармантни случувања поврзани со дивоградбите и урбанизацијата во заштитеното подрачје, Конвенцијата одлучи да отвори случај против државата. Граѓанските активисти се […]

„Еко свест“ бара закон за управување со Националниот парк „Маврово“ и стопирање на сите инфраструктурни активности

декември 7, 2020

Итно стопирање на сите инфраструктурни активности во Националниот парк „Маврово“ сè додека не се спроведе анализа за кумулативните влијанија на сите проекти врз вредностите на паркот и донесување на закон за Маврово, бараат од невладината организација „Еко свест“. Од таму посочуваат дека и покрај тоа што големите хидропроекти Бошков Мост и Луково Поле се минато, […]

Екологистите бараат од Бернската конвенција да ги заштити Охридското Езеро и Галичица

декември 2, 2016

Екологистите од Македонија поднесоа жалба до Бернската конвенција барајќи Охрид и Охридското Езеро, заедно со националниот парк Галичица, да се спасат од мегаломанските проекти. Бернската конвенција е надлежна за заштита на европскиот див свет и ги разгледува случаите со уништувањето на природното богатство. Најавените мегаломанските проекти ќе бидат оспорени по слична постапка како со „Луково […]

Страна 1 од 1