среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Бенјамин Нетанјаху | 84 резултати

Погодена е болница во Газа: Најмалку 500 мртви, Израел негира вмешаност

октомври 17, 2023

Најмалку 500 луѓе загинале во бомбашки напад врз болница во градот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, a пренесоа светските агенции. Портпаролот на министерството во изјавата тврди: „Првите проценки покажуваат дека меѓу 200 и 300 луѓе биле убиени во бомбардирањето на Баптистичката болница во градот Газа“. Министерството подоцна ја ревидира бројката на најмалку 500 загинати […]

Нетанјаху: Израел ќе ги разбие „крвожедните чудовишта“ на Хамас

октомври 15, 2023

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат денеска свика вонредна владина седница во Тел Авив, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство, пренесе Гардијан. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од како што рече „крвожедните чудовишта“. Говорејќи на седницата, која започна со молк за 1.300 израелски […]

Израел се обидува да врати целосна контрола на територијата, Нетанјаху предупреди на „долга и тешка војна“

октомври 8, 2023

Стотици лица во Израел и Газа се убиени, а илјадници други повредени по ненадејниот напад што вчера од Појасот Газа го изврши милитантната група Хамас. Израелските медиуми, повикувајќи се на информации од спасувачките служби, објавија дека најмалку 250 лица се убиени, а 1.500 ранети, што го прави вчерашниот напад најсмртоносен во Израел во последните децении. […]

Бајден: Поддршката за Израел е непоколеблива, граѓаните имаат право да се бранат

октомври 7, 2023

Најмалку 200 луѓе се убиени во Израел откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, информира израелската служба за итни случаи за спасување, пренесе Си-Ен-Ен. Дополнително, израелското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 1.452 лица се ранети. Американскиот претседател денеска од Белата куќа изјави дека поддршката на САД за Израел е непоколеблива и цврста. […]

МНР: Седуммина македонски државјани се во Витлеем, кој не е погоден од нападите во Израел

октомври 7, 2023

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи информира дека седуммина граѓани на С. Македонија во моментов се во државата, но не се наоѓаат во загрозените подрачја. „МНР ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на […]

Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ, Нетанјаху ѝ се заблагодари на земјава за поддршката на Израел

мај 16, 2021

Викендов низ светот се одржаа пропалестински протести, а денеска и во Скопје имаше протест за поддршка на палестинскиот народ. Социјалниот центар „Дуња“ и „Гласни идеи“ на плоштадот Македонија го организираа протестот во знак за солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор. Левичарскиот протест помина во апел за да сопре окупацијата на Газа и нејзиното бомбардирање […]

Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад

април 3, 2018

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја суспендираше спогодбата со Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за преселба на илјадници мигранти од Африка во западните земји, и тоа неколку часа откако беше објавено склучувањето на спогодбата. Според спогодбата, голем дел од 16.000 Африканци што бараат азил во Израел треба да бидат испратени во западните земји, а не […]

Нетанјаху: Прашањето со Ерусалим е веќе решено

јануари 24, 2018

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим на Светскиот економски форум во Давос. Нетанјаху вели дека тоа прашање „веќе е решено“. Белата куќа соопшти дека Трамп ќе настојува да ја повтори американската силна посветеност на Израел и напорите да се намали влијанието на Иран врз […]

Илјадници граѓани во Израел протестираа против Нетанјаху

декември 31, 2017

Илјадници граѓани во Тел Авив и во 17 помали градови во Израел синоќа протестираа против премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува „ХРТ“. Демонстрантите потсетиле на низата истраги поврзани со корупција што се водат против израелскиот премиер. Со песни и транспаренти со неговиот лик, како и пораки дека местото му е во затвор, демонстрантите го прозвале и главниот […]

По САД, и Израел најави повлекување од УНЕСКО

октомври 12, 2017

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска дал инструкции на министерството за надворешни работи да го подготви повлекувањето на земјата од УНЕСКО, јавуваат светските медиуми. Ова го соопштила израелската влада неколку часа откако САД најавија дека се повлекуваат од УНЕСКО поради „состојбата во организацијата, потребата за реформа и особено поради антиизраелскиот однос на организацијата“. Нетанјаху ја […]

Заев – Нетанјаху: Македонија и Израел заедно стојат на страната на мирот во светот

септември 4, 2017

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. Двајцата лидери испратиле порака дека стојат заедно на страната на мирот во светот. – Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од […]

Сослушана сопругата на Нетанјаху поради трошење јавни пари за приватни цели

август 3, 2017

Израелската полицијата два часа ја испитувала сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомнеж дека користела јавни пари за приватни трошоци. Како што пренесува израелското јавно радио, таа е испитана вчера во седиштето на Националната единица за разоткривање проневери во Тел Авив, поради обвинението дека користела јавни пари за лични трошоци за водење на домаќинството во […]

Израелскиот обвинител побара истрага против премиерот Нетанјаху

јули 11, 2016

Израелскиот обвинител Авишај Менделблит побарал да се отвори истрага против премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, соопштило вчера израелското министерство за правда, јавуваат локалните медиуми. Според медиумите, станува збор за сомнежи дека израелскиот лидер или некој од неговото семејство примил голема сума пари од странство. Сепак, од министерството за правда не соопштиле за каква истрага точно […]

13-годишна Израелка избодена до смрт на спиење

јуни 30, 2016

Тринаесетгодишна Израелка била избодена со нож до смрт, во напад кој се случил денеска во еврејска населба во окупираниот Западен Брег, јавуваат светските медиуми. Халел Јафа Ариел била нападната додека спиела во својата соба, во населбата Кирјат Арба. Чуварите на населбата го убиле напаѓачот, а при интервенцијата еден од нив бил потешко повреден со нож […]

Израел планира смртни казни за палестинските екстремисти

мај 21, 2016

Идниот министер за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, инаку лидер на ултранационалистичката партија „Израел наш дом“ како клучен услов за негово влегување во владејчката коалција го поставил воведувањето смртна казна за палестинските екстремисти, јавуваат светските медиуми. Извори блиски на неговата и на владејчката партија Ликуд навеле дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласил со барањето […]

Израелскиот министер за одбрана поднесе оставка

мај 20, 2016

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон денеска поднесе оставка бидејќи „нема доверба“ во премиерот Бенјамин Нетанјаху. Премиерот предложи смена на министерот за одбрана за да го прошири составот на владејачката коалиција. – Го информирав премиерот дека поради неговото однесување и неодамнешните случувања, но и поради тоа што не му верувам, јас се повлекувам од владата […]

Нетанјаху ја објави својата платa на „Твитер“

март 18, 2016

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на „Твитер“ ја објави својата плата за февруари, објаснувајќи дека тоа го направил за транспарентност, јавуваат израелските медиуми. Од листата за плата се гледа дека Нетанјаху примил 11.270 евра за еден месец работа. Тоа, според податоците од Централното биро за статистика на Израел, е околу пет просечни плати во Израел. […]

Нетанјаху одбил средба со Обама

март 8, 2016

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одбил месецов да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа поради острата предизборна кампања во САД. Белата куќа вчера соопшти дека Нетанјаху одбил да се сретне со Обама, што е потег кој се толкува како нова епизода во нарушените односи меѓу двете земји, особено по склучувањето […]

Нетанјаху: Со Обама ќе разговараме за унапредување на безбедноста на Израел

ноември 8, 2015

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, најави дека со претседателот на САД, Барак Обама, на состанокот во Вашингтон в понеделник, прв по повеќе од една година, ќе разговара за начинот на кој може да се подобри безбедноста на Израел. Една од централните теми на разговорите ќе биде обновата на десетгодишниот меморандум за разбирање, кој истекува во 2017 […]

Нетанјаху: Светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран

јули 13, 2015

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран по секоја цена. – Ако концесиите продолжуваат дури и по повиците за смрт на Америка во Техеран, тогаш е јасно дека некои сакаат да постигнат договор по секоја цена. Да не беа нашите напори во изминатите години, Иран би натрупал […]

Страна 4 од 4