вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Белгија | 137 резултати

Иванов во Брисел ќе се сретне со Туск

25 октомври 2017

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопштија од кабинетот на претседателот. Иванов, кој се наоѓа во дводневна посета на Кралството Белгија, утре ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот „Кран Монтана“. Предвидено е Иванов […]

Иванов во дводневна работна посета на Брисел

24 октомври 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од утре ќе претстојува во дводневна работна посета на Брисел, соопштија денеска од неговиот кабинет. Утре, како што информираат од кабинетот, Иванов ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. В четврток, македонскиот претседател ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во […]

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Брисел

27 август 2017

Милитантите од Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападот со нож на војниците во Брисел, стои во соопштението кое преку сервисот „Телеграм“ го објави „Амак“, пропагандистичкиот орган на организацијата. Маж во петокот навечер со нож нападна војници во центарот на Брисел, пред да биде убиен, а белгиското обвинителство наведе дека нападот може да се смета […]

Пукање и полициска потера по возило со експлозив во Брисел

8 август 2017

Бриселската полиција пукала во возило во квартот Моленбек и повикала единица за деминирање откако возач им соопштил дека во автомобилот има експлозив. Белгиското федерално обвинителство и локалната полиција засега не се достапни за коментар. Локалните медиуми јавуваат дека полициската потера по возилото завршила откако возачот заглавил во сообраќајниот метеж во Брисел. Дел од медиумите јавуваат дека […]

Со 240 километри на час, 79-годишна жена возела „порше“

25 јули 2017

Сообраќајни полицајци во Белгија биле многу изненадени кога констатирале дека зад воланот на автомобилот „порше бокстер ГТС“, за кого во 2 часот наутро на 18 јуни измериле дека се движел со брзина од 238 километри на час, седи 79-годишна жена. Кога нивни колеги подоцна ја сопреле, таа рекла дека немала поим дека вози толку брзо, […]

Димитров до Рејндерс: На патот кон ЕУ и НАТО ни се потребни пријатели

18 јули 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретна со белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. На средбата било разговарано за билатералните односи и било заклучено дека постои простор за подинамична соработка меѓу двете земји. Министерот Димитров на средбата исто така го презентирал и планот […]

Апсења во Белгија и во Франција поради тероризам

5 јули 2017

Белгиското обвинителство соопшти дека четири лица се уапсени во Брисел, во рамки на истрагата против тероризам. Белгиските медиуми јавуваат дека полицијата при претресот во куќите пронашла пушки „калашников“, панцири и муниција. Обвинителството наведе дека најновите апсења се дел од истрагата за терористичките напади во Париз, извршени во ноември 2015 година, кога се уапсени 130 лица, […]

Вториот напаѓач од Париз ѝ се предал на белгиската полиција

21 април 2017

Осомничен за кој трагале француските власти по пукањето во Париз, ѝ се предал на белгиската полиција, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи. Француските власти приведоа три члена од семејството на напаѓачот, кого синоќа го уби полицијата. – Мажот за кој белгиските власти распишаа потерница се предал во полициска станица во Антверп – изјави […]

Полициска потера на автопат кај Брисел – повредени мигранти

4 април 2017

Четиринаесет мигранти се повредени, од кои пет се во критична состојба, за време на полициската потера на автопат кај Брисел, соопшти белгиското обвинителство. Возачот, кој немал документи со себе, е задржан во притвор и ќе биде сослушан во текот на денот. Обвинителството наведе дека отворена е истрага за трговија со луѓе и за загрозување на […]

Уапсен маж кој со возило се обидел да прегази пешаци во Антверп

23 март 2017

Белгиската полиција уапси маж кој со автомобил се обидел да влета во пешачка зона во Антверп, јавува „Би-би-си“. Портпаролот на полицијата рече дека возилото било со француски регистарски таблички и дека човекот со голема брзина возел кон Де Меир, главната трговска улица во Антверп. Според првичните информации, нема жртви. Според весникот „Дер Штандард“, мажот бил по потекло […]

Еден загинат и седум повредени при експлозија во станбена зграда во Брисел

19 март 2017

Едно лице загинало, а седум биле повредени, од кои тројца тешко, во експлозија што вчера се случила во станбена зграда во Брисел, најверојатно поради истекување на плин, соопштило белгиското државно обвинителство, пренесува ХРТ. „Денеска (сабота) попладне, станарите на две згради беа жртви на експлозија, по која избувна пожар. Седум лица се пренесени во две болници. Тројца […]

Белгиски политичар побара Бугарија, Романија, Полска и Унгарија да ја напуштат ЕУ

6 февруари 2017

Премиерот на белгискиот автономен регион Валониа, Пол Мание, порача дека Полска, Унгарија, Романија и Бугарија треба да ја напуштат Европската Унија, а притоа за секоја од нив дури даде и посебно име за процесот на напуштање, пишува францускиот весник „Ле Монд“. Мание, кој важи за најголем евроскептик меѓу социјалистите, рече дека е пожелно излегувањето на Велика […]

Седум лица приведени во рации во Брисел

25 јануари 2017

Белгиската полиција привела седум лица во антитерористичките рации во областа на Брисел, во рамки на истрагата за можно враќање на борци од Сирија. Канцеларијата на сојузниот обвинител денеска соопшти дека приведувањата следеле по осумте рации изведени утринава и додаде дека истрагите не се поврзани со нападите во Брисел изведени во март 2016 година, ниту со […]

Уапсен маж кој држеше 15 заложници во супермаркет во Белгија

18 октомври 2016

Вооружен маж држел 15 лица како заложници во супермаркет „Карфур“ во предградие во Белгија, соопшти полицијата. Локалните медиуми јавуваат дека заложничката драма почнала околу 19 часот попладне, откако напаѓачот не успеал во својот план да го ограби објектот. Очевидци на телевизијата ВРТ изјавија дека напаѓачот се заканувал со нож. Полициски единици веднаш пристигнале на местото на […]

Штрајкот на синдикатите ја парализираа Белгија

7 октомври 2016

Штрајкот на синдикатите во Белгија, организиран поради владините мерки за штедење, создаде хаос во јавниот сообраќај во целата земја, затворени се фабриките, а нарушена е и работата на најголемиот аеродром. Белгискиот аеродром ги посоветува своите клиенти да патуваат само со рачен багаж, затоа што штрајкуваат работниците кои се задолжени за товарот. Белгискиот јавен превоз функционира […]

Тројца полицајци избодени на железничка станица во Брисел

5 октомври 2016

Железничката станица во Брисел денеска попладне е евакуирана откако три полицајци беа избодени. Тим пиротехничари ја пребарал станицата, но засега нема информација за експлозивни направи. Полициските службеници биле нападнати на контролен пункт на станицата. Истрагата е во тек.

Осомничениот за нападите во Париз и понатаму се брани со молчење пред судот

8 септември 2016

Салах Абдеслам (26), единствениот преживеан осомничен член на групата што ги изврши терористичките напади во Париз во ноември минатата година, денеска повторно беше изведен пред суд, но и третпат одби да одговара на прашањата на судијата, јавуваат светските агенции. „Тој го искористи своето право на молчење“, изјавил пред новинарите адвокатот на одбраната, Франк Бертон, додавајќи дека […]

Пет лица уапсени поради пожарот во институтот во Брисел

29 август 2016

Пет лица се приведени и сослушани во врска со инцидентот во бриселскиот Институт за криминологија, соопшти белгиското обвинителство. Според последните информации, тврдењата за подметната бомба во институтот се лажни и најверојатно во прашање е криминално дело, а не терористички акт, соопштија од обвинителството во Брисел. – Станува збор за намерно подметнат пожар во лабораторијата на […]

Експлозија во Институтот за криминологија во Брисел

29 август 2016

Бомба утринава експлодира во бриселскиот Институт за криминологија, јави белгиската телевизија РТЛ. Автомобил ја пробил оградата околу 3 часот наутро по локално време, а потоа напаѓачите ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата. За време на нападот, зградата на институтот била празна, поради што нема повредени лица од експлозијата, која предизвикала пожар.

Двајца полицајци нападнати со мачета во Белгија

6 август 2016

Двајца полициски службеници биле повредени откако напаѓач се нафрлил врз нив со мачета во белгискиот град Шарлероа, јавува „Би-би-си“. Напаѓачот бил застрелан и ранет од полицијата, објави полицијата во Шарлероа на „Твитер“. https://twitter.com/PoliceCharleroi/status/761939214590177280 Тој, според информациите, извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на Арапски) за време на нападот кој се случил пред главната полициска станица […]

Страна 2 од 7