fbpx
Таг: бегалци

таг: бегалци

Котевски: Вонредната состојба е сè уште на сила и ќе трае дури има потреба

Одлуката за прогласување на вонредна состојба што во средата, 19 август,  ја донесе Владата поради големиот наплив на бегалци и мигранти, е сè уште на сила, вели за „Мета“, помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. А, колку ќе трае кризната состојба, врз основа на која беше ангажиран и дел од Арамијата на Република Македонија (АРМ)...

Дрезден: Судир меѓу ултрадесничарите и полицијата кај прифатилиштето за бегалци

Двајца полицајци се повредени во напад на приврзаниците на екстремистричката десница врз полицијата пред прифатилиштето за бегалци во близина на Дрзден, јавува агенцијата ДПА. Втора ноќ по ред радикалните десничари фрлаат петарди, камења и шишиња врз полицијата. Претходната ноќ 31 полицаец беа повредени кога демонстрантите на ист начин се обидоа да го блокираат патот за бегалците. Околу 600 баратели на азил...

Србија формира уште еден камп за бегалци кај Прешево

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска во Прешево изјави дека поради кризата на грчко-македонската граница во изминатите денови, на полето во прешевското село Миратовац е формиран уште еден голам камп за прифаќање бегалци од Блискио Исток кои од Македонија доаѓаат во Србија. Гашиќ за време на посетата на кампот во селото Миратовац изјави дека во моментов во Прифатниот центар...

Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) попладнево се распоредија долж граничниот појас кај Гевгелија, каде има голем наплив на бегалци и мигранти кои сакаат да влезат во земјава, јавува „Телма“. Според информациите, на граничниот појас ќе патролираат мешани екипи на Армијата и на полицијата кои ќе бидат присутни на терен 24 часа. „Во моментот Армијата на Репбулика Македонија...

Германија очекува околу 750.000 азиланти

Бројката на бегалци кои бараат азил во Германија оваа година може да изнесува околу 750.000 луѓе, покажуваат извештаите од официјалните проекции, пренесува „Би-Би-Си“. Иако, прогнозите на властите во Берлин предходно беа дека оваа бројка ќе биде некаде околу 450.000 барања за азил, сепак, според последните извештаи, таа изнесува над 650.000, од кои најголем дел се од Сирија и Балканските земји. Високиот...

ЕК: Ситуацијата со мигрантите во Грција е ургентна

Ситуацијата во Грција, а особено на островот Кос, каде секојдневно стигнуваат голем број мигранти, е повеќе од ургентна и бара колективен европски одговор, изјави портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто. Таа на конференција за новинари во Брисел наведе дека ЕК внимателно го следи развојот на ситуацијата по приливот на голем број мигранти во Грција, но и во други земји. Берто рече...

ЕК ги демантира плановите за градење бегалски центри во Србија

Европската комисија ги отфрли шпекулациите за наводни планови за воспоставување центар за бегалци во Србија и истакна дека Брисел само сака да им помогне на земјите од Балканот во совладувањето на бранот мигранти. Портпаролот на Европската комисија, Хајнц Мико, за виенскиот весник „Пресе“ рекол дека не е планирано градење масовни прифатилишта ниту во Србија, ниту во други земји. Сепак, тој укажа дека...

Унгарија во 2015 година примила 110.000 барања за азил

Шефицата на унгарската имиграциона канцеларија, Зузана Вег, изјави дека таа земја во 2015 година примила 110.000 барања за азил. Како што наведе таа, тоа зголемување било причината владата да почне со изградба на ограда на границата со Србија. Според нејзините зборови, регистрираните баратели на азил се упатуваат во еден унгарски центар за бегалци, каде чекаат одлука на нивното барање, но...

ОН: Повеќе од четири милиони луѓе побегнале од Сирија

Обединетите нации соопштија дека повеќе од четири милиони Сиријци побегнале од своите земји откако почна граѓанската војна пред четири години. Неодамнешниот бран мигранти и статистичките податоци на Турција потврдуваат дека вкупниот број бегалци поради конфликтот во Сирија е поголем од бројот на раселени лица во која било друга криза во последните 25 години, се наведува во соопштението УНХЦР. Според податоците на...

МВР им издало потврди на 5.005 бегалци

За десет дена, откако стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди на 5.005 странски државјани, со кои им се овозможува 72 часа легално да престојуваат на територијата на државата, соопшти МВР. Измените на Законот, Собранието ги изгласа на 18 јуни, по скратена постапка, и стапија на сила уште наредниот...

Унгарија нема повеќе да прима бегалци

Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата откако властите синоќа соопшти дека ја суспендираат Даблинската спогодба, европски документ што се однесува на бегалците, за да ги заштити унгарските интереси. Даблинската спогодба подразбира дека барањето за азил во Европа треба да биде разгледано во првата европска земја во...

СЗО предупредува дека мора да ги затвори болниците во Ирак

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека можеби ќе мора да затвори дел од својата мрежа на 77 болници, во кои им се пружа помош на луѓето што бегаат од своите домови поради нападите на милитантната група Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми. На почетокот на јуни, Обединетите нации (ОН) предупредија дека ќе бидат принудени да редуцираат половина од своите хуманитарни операции, за...

Анџелина Џоли ги посети сириските бегалци во Турција

Холивудската ѕвезда и амбасадорката на добрата волја на УНХЦР, Анџелина Џоли, ги посети сириските бегалци во Турција и во таа пригода апелираше до меѓународната заедница да преземе акција за решавање на бегалската криза. Актерката во друштво на Антонио Гутиерес, висок комесар на Обединетите нации за бегалци, го посети кампот во југоисточната турска провинција Мардин, каде засолниште нашле илјадници Сиријци што побегнале...

Велика Британија ќе прими 500 бегалци од Сирија

Во рамките на тригодишната програма развиена со Агенцијата за бегалци при Обединетите за нации, Лондон прифати да прими 500 сириски бегалци, жени и деца. Работничката партија побара од владата на Дејвид Камерон да ја зголеми помошта за Сиријците, кои бегаат од земјите во кои се водат војни. Зборувајќи на конференција во Словачка, Камерон најави дека британска помош ќе биде скромно зголемена. Моментно...

ОН: Рекордни 60 милиони луѓе ги напуштиле домовите поради конфликт

Рекордни 60 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликтите и насилството што беснеат во целиот свет, покажуваат податоците на ОН за минатата година. Тоа се 8,3 милиони повеќе бегалци и внатрешно раселени лица во светот отколку во 2013 година – најголем пораст во историјата за една година, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН во извештајот насловен „Светска...

УНХЦР: 23.000 Сиријци побегнале во Турција

Најмалку 23.000 сириски бегалци дошле во Турција од 3 до 15 јуни, соопшти денеска во Женева Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). По неколку дена борби, курдските сили денеска целосно ја презеле контролата врз градот Тал Абџад, што го држеа џихадистите на Исламска држава. Градот се наоѓа кај сириско-туската граница. - Повеќето нови бегалци се Сиријци кои бегаат од насилствата на вооружените...

УНХЦР: Ситуацијата на бегалците што минуваат низ Западен Балкан е многу тешка

Зголемиот број на бегалци и мигранти кои ја користат помалку познатата западно-балканска рута, преку која се обидуваат да стигнат до Европа, се соочуваат со големи ризици, вклучувајќи злоупотреби, насилство и несреќни случаи додека се движат по железничките пруги, предупредува Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Агенцијата за бегалци на ОН вчера соопшти дека има драматично зголемување на бројот...

Словенија е подготвена да прими бегалци од Северна Африка

Словенија е подготвена да придонесе во решавање на бегалската криза и на имигрантските трагедии во Средоземно Море. Словенечкиот премиер Миро Церар најави дека државата може да прими дваесетина бегалци, а наесен би можела да ѝ помогне на Италија во операцијата „Маре нострум“ со испраќање на еден воен патролен брод. Церар, на вонредниот состанок на Советот на ЕУ, изјави дека неговата држава, имајќи ги...

Ципрас да ги укине црните печати за децата-бегалци од Егејска Македонија

Од денешниот Велигденски собир на децата-бегалци во штипското село Брест, Здружението на децата-бегалци „Македон“ побараа од „младиот премиер на Грција, Ципрас“ да престане дискриминацијата над македонското национално малцинство во Грција и над децата-бегалци, раселени по светот. - Имаме порака до Ципрас – да ги отвори архивите на Комунистичката партија на Грција и Македонците што се бореа за време на Граѓанската...

АИ: Отворете ги вратите за сириските бегалци

Богатите земји треба ги отворат своите врати за стотици илјади Сиријци, бидејќи тие повеќе не се безбедни во регионот, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнел“ во критичкиот извештај кон меѓународната реакција на кризата со сириските бегалци, објави „А1он“ Според организацијата,  околу 380.000 од четири милиони сириски бегалци, кои пронашле засолниште во соседните земји, Либан, Јордан и...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...