сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: БЕГ | 52 резултати

Од денеска потопли радијатори, БЕГ го нормализира снабдувањето со топлинска енергија

30 октомври 2020

Од денеска скопјани имаат потопли радијатори, уверуваат од Балкан енерџи груп (БЕГ), најголемиот снабдувач со топлинска енергија во Скопје. Завршена е редукцијата на испораката на топлина, која започна на 27 октомври и траеше до вчера, а причината за тоа беа ремонтите на мрежата и намалената испорака на гас од Бугарија. „БЕГ ги известува своите потрошувачи […]

БЕГ: Радијаторите се ладни поради ремонт на гасоводот на „Булгартрансгаз“

28 октомври 2020

Причината за млаките или ладните радијатори овие неколку дена во Скопје, како што тврдат од  снабдувачот Балкан Енерџи Груп, наводно е намалената испорака на топлинска енергија поради ремонтот на гасоводниот крак кој води кон Македонија од страна на бугарската компанија „Булгартрансгаз ЕАД“. Тоа, пак, според нив, е причина за АД ГА-МА да испорачува помали количества […]

Поради ладните радијатори на БЕГ, РКЕ ќе бара законски измени за високи парични казни за снабдувачите

22 октомври 2020

Радијаторите останаа млаки или студени во поголемиот дел скопски домаќинства, и тоа само една недела од почетокот на грејната сезона, што ја отвори битката меѓу регулаторите и БЕГ, „Балкан Енерџи Груп“, најголемиот снабдувач со топлинска енергија на Скопје. Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, РКЕ, велат дека голем број […]

Од утре започнува грејната сезона, БЕГ уверува дека системот е во целост подготвен за испорака на топлинска енергија

14 октомври 2020

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2020/2021 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува БЕГ. За домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, утре почнува регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае до 15 април […]

И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

10 септември 2020

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница. Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, […]

Парното нема да поскапи претстојнава сезона, Регулаторна незначително ги намали цените

26 август 2020

И покрај барањата на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) за поскапување на цената на парното греење за претстојната грејна сезона, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании во Скопје во просек незначително се намалува. Од РКЕ се огласија со соопштение во кое […]

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

8 јули 2020

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска […]

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

6 мај 2020

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број […]

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

11 април 2020

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на […]

Шилегов: Скопје ќе биде толку убаво колку што сакаат неговите граѓани

25 февруари 2020

Просторот од околу 6.000 квадратни метри под железничката станица во Скопје кај населбата Мичурин по повеќедецениската запуштеност поради која претставуваше дива депонија ќе биде претворен во парк со детско игралиште. Ова на средбата со медиумите денес го соопшти Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, придружуван од градоначалниците на општините Аеродром и Центар, Златко Марин и Саша […]

Грејната сезона започнува денеска

7 октомври 2019

Поради падот на надворешната температура oд денеска започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопштија од компанијата. Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната […]

БЕГ: Потрошувачите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона

28 септември 2018

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 01 октомври, доколку временските услови тоа го наложуваат. Од „Балкан енерџи“ информираат дека сите подготовки на системот за централно греење се направени и истиот е целосно подготвен за новата грејна сезона 2018/2019 година. „За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е […]

Отворена предстечајна постапка за „Топлификација“

15 мај 2018

Основен суд Скопје 2 донесе одлука за претходна постапка за утврдување на условите за отворање стечај за „Топлификација АД Скопје“. За привремен стечаен управник е назначен Ацо Дамчевски кој е задолжен од судот да го заштити имотот на „Топлфикација“ до донесувањето на одлуката за отпочнувањето на стечајната постапка, за да се избегне значително намалување на […]

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

27 април 2018

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. […]

Владата уверува дека следната година исклучените нема да плаќаат паушал за парно

22 декември 2017

Владата на Република Македонија денеска порача дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти […]

Поради дефект, центарот на Скопје утрово без парно

17 ноември 2017

Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата „Исток“ што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење, соопштија од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Екипите на одделот за дистрибуција со топлина на БЕГ се на терен и забрзано работат на саниција на дефектот, велат […]

Утре почнува регуларниот период од грејната сезона

14 октомври 2017

Утре почнува регуларниот период од грејната сезона, кога испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и од надворешната температура. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите, одобрена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). БЕГ информира дека […]

И БЕГ утре ќе пушти парно греење

6 октомври 2017

Од утре почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот на снабдување со топлинска енергија „Балкан енерџи“ во Скопје, информираат од компанијата. Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) дала одобрение за почеток на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради падот на температурата. „Почетокот на грејната сезона порано од вообичаено нема да […]

БЕГ ги потсетува станарите да ја проверат инсталацијата за централно греење

30 септември 2017

Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска доколку временските услови тоа го наложуваат, информираше компанијата „Балкан енерџи груп“, која е давател на услугата централно греење во Скопје. Компанијата апелира станарите да ја проверат внатрешната инсталација, а куќните совети и управителите на згради да овозможат непречен пристап на […]

Изменет режим на сообраќај од утре на булеварот Кузман Јосифовски – Питу

25 мај 2017

Поради градежни работи за главниот топловод што ќе ги врши БЕГ, од утре попладне ќе има изменет режим на сообраќај на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, кај Народна банка на Република Македонија, извести компанијата. Дозвола за измена на сообраќајниот режим издал Град Скопје.

Страна 2 од 3