fbpx
Таг: бебе

таг: бебе

Судот одреди 30 дена притвор за дадилката што тепаше бебе

Триесетдневен притвор за дадилката, за која постои сомневање дека малтретирала деветмесечено бебе, одреди Основниот суд Скопје 1. Случајот беше обелоденет вчера попладне, кога Обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе. Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело. По...

Полицијата ги истражува причините за смртта на шестмесечно бебе во Тетово

Вчера попладне, околу 13.20 часот, во тетовската клиничка болница било донесено починато машко бебе, старо шест недели. Како што информираат од полицијата, бебето го донел неговиот татко Б.Ј.(26) од Тетово, откако утрото со својот син, кој имал здравствени проблеми, бил кај пензиониран педијатар во градот. Според полицијата, педијатарот на бебето му дал одредена терапија, но по неколку часа неговата состојба...

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево - Охрид. Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од селото Зајас, и товарно возило...

Мигрантка од Сирија се породи во Македонија

Мигрантка од Сирија се породила денеска со здраво женско дете во здравствениот дом Гевгелија. „Во близина на граничната линија, патролен тим од Полициската станица Богородица пронајде две лица, илегални мигранти од Сирија, од кои едното лице веднаш побарало медицинска помош. Веднаш е утврдено дека се работи жена која имала породилни болки. Патролнот тим веднаш известил за потребата од доктор, кој...

Мајка и бебе пронајдени живи пет дена по пад на авион

Млада мајка и нејзиното бебе се најдени живи пет дена по авионска несреќа во џунгла во Западна Колумбија. Осумнаесетгодишната Марија Нели Муриљо имала мали повреди и изгореници, а нејзиниот едногодишен син е во добра здравствена состојба. Тие се најдени од спасувачите во близина на падот на авионот во провинцијата Чоко и веднаш се пренесени во болница. Авионот кој летал од градот...

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија ќерка

Кетрин Мидлтон, војвотката од Кембриџ, утринава роди девојче, соопшти Кенсингтонската палата. Ќерката на принцот Вилијам и на Кејт, според соопштението, се родила во 8.34 часот. Таа е четврта во линијата за наследство на британската круна, по братот Џорџ, таткото Вилијам и по дедото, принцот Чарлс. Војвотката од Кембриџ, утрово беше примена во одделот за акушерство на болницата „Сент Мери“ во Лондон,...

Првото бебе во новата 2015 година е девојче

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, една минута по полноќ се роди првото бебе во новата 2015 година. Бебето е женско, тешко е 3 килограми и 550 грама и долго е 51 сантиметар. За родителите ова е трето дете.

Алиша Кис се породи со втор син

Пејачката Алиша Кис во саботата наутро се породи со синот Џенесис Али Дин. За неа и за раперот Свиз Битс ова е второ дете. Тие го имаат четригодишниот Еџип. Пејачката ја соопштила оваа вест на нејзиниот инстаграм-профил, со слика од отпечатоците од стапалата на бебето и напишала дека таа и нејзиниот сопруг се многу благодарни. Таа рекла дека нејзиниот постар син е...

Повредените во сообраќајката кај Песочан се надвор од животна опасност

Осуммина повредени, меѓу кои и едно бебе, е билансот од вчерашната сообраќајка што се случи кај селото Песочан, на магистралниот пат Охрид - Кичево. Во автомобилот „шкода“ со охридски регистерски таблички повредени се пет лица. Меѓу тешко повредените е бебе кое има потрес на мозокот. Тешко повредени се сопатичката М.Б. (24) од струшко Корошишта, 8-годишно девојче Л.М. од Њу Џерси, кое...

Најмалото бебе родено на скопските клиники е со тежина од 670 грама

Најмалото бебе на одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести, кое било третирано со комплетно излекување и кое има комплетно уреден психомоторен развој, е родено во 25-26 гестациска недела, со тежина од 670 грама и долго 32 сантиметри, соопшти денеска Клиниката за детски болести по повод 17 ноември - Светскиот ден на прематуритетот. - Ако во 2013 година,...

Ламбе Алабаковски стана татко

Ламбе и Магдалена Алабаковски добија син
Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски, на денот на роденденот првпат стана татко. Битолскиот пејач и неговата сопруга Магдалена добија син, кој ќе се вика Михаил. Бебето кое се роди во битолската болница „Плодност“ има четири килограми и двесте грама.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...