fbpx
Таг: Барак Обама

таг: Барак Обама

Обама порача Грција да продолжи со спроведувањето на економските реформи

Јасна порака дека Грција мора да продолжи со реформите, а меѓународните кредитори да овозможат намалување на грчкиот долг за Грција да се движи кон економски развој, испрати американскиот претседател Барак Обама од Атина. Според информациите од владиниот кабинет, Ципрас и Обама не разговарале за спорот меѓу Македонија и Грција. Грчкиот долг и економијата биле главна тема на која се фокусирале...

Обама беше дезинформиран за Македонија од Павлопулос

Македонија беше една од темите за кои разговараа американскиот претседател Барак Обама и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Грчкиот претседател пред Обама ги повтори своите ставови и обвинувања кон македонската влада, критикувајќи за ја обид за присвојување на грчката историја. - Факт е дека една соседна држава бара име кое освен фалсификување на историјата, шири иредентизам и директно подразбира промена на...

Обама ја почна посетата на Атина

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Атина. Министерот за одбрана Панос Каменос, со највисоки државни почести, го пречека на аеродромот во 10.30 часот по локално време. Обама ќе биде во Атина два дена и ќе има средби со грчкиот државен врв. Американскиот претседател е во придружба на министерот за финансии, Џек Лу, и на помошникот државен секретар за европски и...

Обама денеска во Атина ќе го чуваат 5.000 полицајци и 500 агенти на ЦИА

Американскиот претседател Барак Обама од денеска ја почнува дводневната посета на Атина. За грчката влада оваа посета, иако на крајот на мандатот на Обама, е од огромно значење и се проценува дека ќе донесе голема поддршка за намалувањето на грчкиот долг и за бегалската криза. Покрај овие две клучни теми, се очекува Обама да се фокусира и на безбедносната ситуација...

Грција очекува силна поддршка од Обама за намалување на грчкиот долг

Грчкиот долг, геостратешката улога на Грција, бегалската криза и кипарското прашање се очекува да бидат главните теми на разговорите на американскиот претседател Барак Обама со грчкиот државен врв. Обама пристигнува утре во Атина и ќе се сретне со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, и со премиерот Алексис Ципрас, а вечерта ќе има средба во претседателската палата, на која ќе присуствува...

Закани за напад на Обама за време на посетата на Атина

Грчката полиција презема силни мерки поради можен напад врз американскиот претседател Барак Обама, кој во вторник и во среда ќе ја посети Атина. Зголемената претпазливост на грчките власти доаѓа по заканата од терористичка организација Огнени јадра за напад за време на посетата на Обама во грчката престолнина. Само еден ден по нападот на француската амбасада во Атина, за кој сè...

Обама и Трамп денешната средба ја оценија како одлична и најавија нови

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, вечерва во Белата куќа се сретна со претседателот во заминување, Барак Обама, на состанок кој траеше многу подолго од предвиденото, јавуваат светските агенции. Трамп по состанокот изјави дека е почестен што се сретнал со претседателот Обама, за кого рече дека е многу добар човек и дека многу го почитува. Во Овалната соба во Белата куќа,...

Трамп пристигна во Вашингтон на средба со Обама

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска допатува во Вашингтон каде ќе има средба со претседателот во заминување, Барак Обама, во Белата куќа. Трамп попладнево слетал на аеродромот „Роналд Реган“ во округот Арлигтон во Вирџинија, а неговата посета, која е на покана на Обама, е дел од транзициониот период за примопредавање на власта меѓу демократите и републиканците. Средба со својот наследник...

Обама го повика Трамп на гости во Белата куќа

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика Американците да го поддржат неговиот наследник Доналд Трамп, нагласувајќи дека сите првенствено треба да бидат патриоти и „во еден тим“. Тој најави дека ќе има мирна транзиција на власта во земјата и соопшти дека го поканил Трамп утре да го посети во Белата куќа. Обама ги повика приврзаниците на неговата Демократска партија да не...

Обама не верува дека директорот на ФБИ сакал да влијае на претседателските избори

Не верувам оти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, се обидува да влијае на претседателските избори во САД со одлуката оваа агенција да ги истражи новооткриените мејлови во рамки на истрагата за приватниот сервер на демократскиот претседателски кандидат, Хилари Клинтон, изјави американскиот претседател Барак Обама. - Ќе повторам пак дека Џим Коми е добар човек и не верувам...

Обама му порача на ФБИ да не оперира со некомплетни информации

Американскиот претседател Барак Обама вчера ја бранеше кандидатката за претседател на демократите, Хилари Клинтон, и го критикуваше ФБИ поради новото објавување на електронски пораки поврзани со приватниот сервер, порачувајќи дека нема простор за мешање во истражните процеси. По објавата на ФБИ, Белата куќа соопшти дека имаат доверба во директорот Џејмс Комеј, кој Обама го именуваше, а кој, инаку, е републиканец кој...

Обама во ноември ќе ја посети Атина

Претседателот на САД, Барак Обама, на 15 и на 16 ноември доаѓа во Атина на средби со грчкиот државен врв. Како што најавија и од Белата куќа и од грчка страна, Обама ќе има средби со претседателот Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас. Главни теми на средбите се очекува да бидат грчкиот долг и бегалската криза. Обама со Ципрас...

Обама: Реториката на Трамп за гласањето е опасна

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека е опасно инсистирањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека можеби нема да ги прифати резултатите од претседателските избори. Обама на предизборниот собир на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, во Мајами, рече дека коментарите на Трамп ја поткопуваат американската демократија. Трамп предизвика контроверзии кога во телевизиската дебата со Клинтон одби да потврди дали ќе ги...

Обама: Ослободувањето на Мосул ќе биде тешка борба

Претседателот на САД, Барак Обама, оцени дека операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, ќе биде „тешка борба“. Обама проценува дека борбата ќе биде обележана и со напредување и со назадување, но истакна дека истиснувањето на Исламска држава од Мосул ќе биде уште еден чекор кон неjзиното конечно уништување. Американскиот претседател, на прес-конференцијата со италијанскиот...

Обама остро ги осуди нападите во Алепо

Претседателот на САД, Барак Обама, остро ги осуди, како што ги нарече, “варварските напади на рускиот и на сирискиот режим врз цивилното население во источниот дел на Алепо“. Белата куќа соопшти дека американскиот лидер имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. И обајцата се согласиле дека Русија и режимот на Асад имаат „особена одговорност“ да го прекинат насилството и...

Обама: Четири месеци пред крајот на мандатот, ме прогонува војната во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека четири месеци пред крајот на неговиот мандат, го прогонува хаосот во Сирија. - Ситуацијата во Сирија постојано ме прогонува – изјави Обама во интервју за „Венити фер“ и додаде дека стотина илјади мртви во Сирија и милионите бегалци го навеле да се запраша дали можело нешто поинаку да се направи за време на изминатите...

Иванов во краток неформален разговор со Барак Обама

Во Њујорк, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, присуствуваше на приемот што за учесниците на 71. Генерално собрание на ОН го приреди американскиот претседател, Барак Обама. Во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател, како што соопшти кабинетот на Иванов, била потврдена поддршката на САД за реализирање на македонските стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ. На приемите...

Обама најави ангажирање на 50 земји за прием на бегалци

Американскиот претседател Барак Обама денеска во ОН најави дека 50 земји се обврзале следната година да прифатат 360.000 бегалци, што е двојно повеќе отколку досега. - Нашите земји заедно ќе го дуплираат бројот на бегалците кои ќе ги прифатиме и ќе го зголемиме бројот на 360.000 – рече Обама. Сепак, американскиот претседател не откри која земја колку бегалци се обврзала да...

Обама предупреди на пораст на национализмот и на популизмот во светот

Американскиот претседател Барак Обама денеска на 71. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека е неопходно да се продолжат дипломатските напори за решавањето на сириската криза и истакна дека не постои воено решение на судирот. Обама, во своето последно обраќање на Генералното собрание во својство на претседател на САД, предупреди на пораст на „агресивниот национализам“ и на „грубиот...

Сноуден бара од Обама да го помилува

Најпознатиот американски свиркач и поранешен соработник на НСА, Едвард Сноуден, го повика претседателот на САД, Барак Обама, да го помилува. Тој вели дека било „морално неопходно“ да ги објави податоците за масовниот надзор. - Да не беа тие сознанија, тие откритија, ќе беше полошо за нас – изјави Сноуден, кој помина три години во Русија, откако го предизвика еден од најголемите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...