fbpx
Таг: Барак Обама

таг: Барак Обама

Обама го затвори кругот во Чикаго со слоганот „Да, ние направивме“

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, во својот проштален говор во Чикаго изјави дека Америка „денеска е подобро и посилна“. Признавајќи дека расното прашање било предмет на поделба во САД, Обама, како 44. американски претседател, вложил напори во решавање на бројни други прашања, меѓу кои и создавање нови работни места, подобро здравство, како и смртта на Осама бин Ладен во рамки...

Тимот на Обама направи погрешна проценка за Арапската пролет, смета директорот на ЦИА

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, смета дека администрацијата на американскиот претседател во заминување, Барак Обама, погрешно ги предвидела последиците од Арапската пролет. - Мислам дека во Вашингтон, вклучувајќи и одредени претставници на администрацијата, имаа многу нереални очекувања дека Арапската пролет ќе ги задуши авторитарните режими и дека ќе почне да цвета демократија, затоа што тоа народот го сака – изјави...

Обама: Го потценив степенот на влијание што го имаат лажните информации

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, изјави дека признава дека го потценил влијанието на „лажните информации и хакирањето“ врз демократијата. Обама ова го истакна во интервју за „Еј-би-си“, алудирајќи на извештајот на разузнавачките служби за руското мешање во претседателските избори во САД. Во извештајот се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин го наредил хакирањето, пуштањето лажни информации и медиумската...

На 10 јануари во Чикаго, Обама ќе го одржи последниот говор како претседател

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, ќе го одржи последниот говор како претседател на 10 јануари пред неговото место да го преземе Доналд Трамп. Обама последниот претседателски говор ќе го одржи во Чикаго. - Го гледам говорот како шанса да им се заблагодарам на сите за ова сјајно патување, да ги прославам начините на кои оваа земја се промени на...

Путин одлучи да не протерува американски дипломати

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одлучи дека Москва нема да протерува американски дипломати како одговор на санкциите на Вашингтон. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно предложи да се протераат 35 американски дипломати. Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, синоќа потпиша декрет за воведување нови санкции кон Русија поради мешање во американските претседателски избори и наложи протерување на 35 руски...

Руското МНР контра Вашингтон, бара од Путин да протера 35 американски дипломати

Руското министерство за надворешни работи повика од земјата да бидат протерани 35 американски дипломати од Русија, како одговор на потегот на Вашингтон, кој вчера протера идентичен број руски дипломати од земјата од САД, јавува „Би-би-си“. Министерот за надворешни работи на Русија изјавил дека барањето за протерување на американски дипломати веќе било испратено до претседателот Владимир Путин. Администрацијата на Барак Обама на 35...

Протерани 35 руски дипломати од САД

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, протера 35 руски дипломати, а затворени се две руски претставништва во Њујорк и во Мериленд, како одговор на кампањата на вознемирување на американски дипломати во Русија, пренесуваат светските медиуми. Обама ги опишал овие дипломати како „оперативци на известувачките служби“, а ним им биле дадени 72 часа да си заминат од САД. Обама претходно најави...

Трамп: Израел не смее да биде третиран со презир и со непочитување

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, во пресрет на говорот на државниот секретар Џон Кери за израелско-палестинскиот судир, порача дека не смее да се дозволи Израел да биде „третиран со таков презир и непочитување“. „Имаа (Израел, н.з) голем пријател во САД, но не повеќе. Почетокот на крајот беше ужасниот договор со Иран и сега ова (Обединетите нации)! Остани силен Израел,...

Историска посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Перл Харбор

Јапонскиот премиер Шинзо Абе посети неколку споменици на Хаваи пред неговата историска посета на Перл Харбор. Абе ќе биде првиот јапонски премиер што го посетил Перл Харбор. Покрај него ќе биде и претседателот на САД, Барак Обама, кој пред само неколку месеци стана првиот американски претседател што ја посети Хирошима. Абе на Перл Харбор ќе им оддаде почит на мртвите, но нема...

Обама: Да можев, ќе останев претседател

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, тврди дека би добил и трет мандат за Белата куќа и смета дека нацијата и понатаму во голема мера ја прифаќа неговата политичка визија. Според американскиот устав, една личност може да биде на претседателската функција само два четиригодишни мандати. Обама, кој за околу три недели го завршува својот втор мандат, вели дека верува дека американската јавност...

Обама одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, одби да го потпише законот за продолжување на санкциите кон Иран, но дозволи да стане закон без негов потпис. Синоќа на полноќ истече рокот за потпишување на законот за продолжување на санкциите кон Иран. Белата куќа соопшти дека се очекувало американскиот претседател да го потпише законот. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека Обама...

Обама: Мишел никогаш нема да се кандидира за политичка функција

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ги отфрли шпекулациите дека досегашната прва дама, Мишел Обама, би можела еден ден да се кандидира за политичка функција. Обама во интервју за магазинот „Ролинг стоун“, дадено еден ден по претседателските избори во САД, а кое е објавено денеска, вели дека Мишел Обама има неверојатен одѕив кај американскиот народ. - Таа е талентирана личност, тоа...

САД нема да испратат официјална делегација на погребот на Фидел Кастро

Соединетите Американски Држави нема да испратат официјална државна делегација на погребот на кубанскиот лидер Фидел Кастро, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, денеска соопшти дека САД на погребот во Хавана ќе ги претставуваат заменик-советникот за национална безбедност, Бен Родс, и Џефри Делаурентис, кого претседателот на САД, Барак Обама, го номинираше за амбасадор во...

Обама им ги намали казните на 79 затвореници

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, им ја намали затворската казна на 79 затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога, соопшти Белата куќа. Со одлуката за скратување на казната се опфатени осуденици за ненасилни кривични дела поврзани со дрога, но меѓу нив и извршители на вооружени кражби и на злосторства поврзани со наркотици. Обама за време на двата претседателски мандати...

Ердоган е разочаран од американскиот однос кон воената криза во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради односот кон сириската криза, изјавувајќи дека е разочаран од политиката на Вашингтон. Ердоган во интервју за „Си-Би-Ес“ изјави дека, како резултат на американската политика во Сирија, постои безбедносна закана по Турција на нејзината јужна граница, а последица на тој однос е и што во неговата држава има три милиони...

Кризата во Украина и во Сирија, ИД и Трамп во фокусот на средбата меѓу Обама и Меркел

Кризата во Украина и во Сирија, борбата против Исламска држава, трансатланската трговија и исходот од претседателските избори во САД, биле главни теми на денешната средба меѓу американскиот претседател, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, соопштија тие на заедничката прес-коференција по средбата. Американскиот претседател се наоѓа во шеста и последна посета на Германија од своето претседателствување. Обама за Меркел рече дека...

Обама во шеста и последна посета на Германија

Американскиот претседател Барак Обама се наоѓа во шеста и последна посета на Германија од своето претседателствување. Во текот на денот ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Обама допатува во Германија од Грција, а утре заедно со Меркел ќе се сретне со лидерите на Франција, Италија, Шпанија и на Велика Британија за да разговараат за трансатлантските врски по изборот...

Обама од Атина: Демократијата е најдобра опција и мора да ги издржи предизвиците

Силна и оптимистичка порака дека демократијата и демократските општества мора да издржат на бројните глобални предизвици, испрати американскиот претседател Барак Обама во својот говор во Атина. Кусо по симболичната посета на Акропол, како историски симбол на демократијата, Обама во својот говор се фокусираше на важноста и на вредноста на демократските општества, истакнувајќи дека иако демократијата е несовршена, комплицирана и некогаш...

Обама денеска во посета на Акропол и на културниот центар „Ставрос Ниархос“

Со посета на музејот на Акропол и со говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“, продолжува посетата на американскиот претседател Барак Обама на Атина. Обама во моментов е во историска посета на Акропол, а потоа ќе замине во новото архитектонско ремек-дело во градот, центарот „Ставрос Ниархос“, каде ќе одржи говор за неговата визија за иднината на демократијата во време кога популизмот...

Немири во Атина на протестите против Барак Обама

Мали немири избија во центарот на Атина на протестот на дел од синдикатите, левичарските партии и анархистите против американскиот претседател Барак Обама. На протестите учествуваат неколку илјади грчки граѓани, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија и поддржувачите на Народно единство, партијата на поранешниот соработник на Алексис Ципрас и министер во владата на СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, кои се бунтуваат против политиката на...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...