fbpx
Таг: Балкан

таг: Балкан

Џонсон: Неприфатливо е мешањето на Русија на Балканот

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, изјави дека Русија мора да престане со „неприфатливото“ мешање во прашањата на други држави, особено на Балканот и во Украина, за да има некаква шанса за нов почеток во односите со западните земји. Џонсон при доаѓањето на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на ЕУ во Брисел рече...

Лавров: Не смее да се дозволи вооружен конфликт на Балканот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, рече дека војна на Балканот не смее да има, како и дека на албанските сили не им е местото на северот на Косово и Метохија. Тој го истакна ова на годишната конференција на руското министерство за надворешни работи, на кој една од темите беа и неодамнешните „искри“ помеѓу Белград и Приштина. - Силите на косовските...

Европа не е само во криза, туку и во стапица, смета Иванов

Европската Унија е во континуирана криза, изјави претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање пред Бугарската академија на науките, додавајќи дека во седмата година од политичката и економската криза, ЕУ се соочи и со мигрантската криза. - Се повтори неуспехот на институциите за ефективно управување, солидарност и за лидерство, односно, активности што треба да се спроведуваат на наднационално ниво. И додека...

САД детално информирани за најновите безбедносни случувања на Балканот

Состојбите во регионот на Југоисточна Европа и на Балканот, со посебен акцент на безбедноста и на владеењето на правото, биле тема на средбите меѓу првиот човек на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Горан Свилановиќ, и високи претставници на Стејт департментот. Вашингтон бил запознаен со напредокот на Стратегијата 2020 и со безбедносните прашања, соопшти денеска РЦЦ, по состаноците на генералниот секретар...

Туск: Мигрантската криза може да се реши само со соработка со Балканот

Услов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот, порача денеска во Виена претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред почетокот на самитот „Мигрантската рута на Балканот“. - Уште од првите денови на миграциската криза, немав сомнеж дека клучот за решавањето на кризата е во враќањето на ефикасната контрола на надворешните граници на...

Разбиена криминална банда која шверцувала мигранти од Балканот во Италија

Четири лица, осомничени дека шверцувале мигранти од Балканот во Италија, се уапсени во координирана акција на италијанската, унгарската и словенечката полиција, јавуваат светските агенции. Италијанската полиција соопштила дека двајца од осомничените биле уапсени на северот на Италија, еден во Будимпешта и еден осомничен во градот Марибор во Словенија. Сите четворица се осомничени за злосторничко здружување. Како што соопштиле од италијанската полиција,...

Балканските држави тонат во корупција

Владите на државите на Балканот со години тврдат дека ја сузбиваат корупцијата, но во реалноста, тој регион, вклучувајќи ги и балканските членки на Европската Унија, тонат во корупција, пишува германскиот весник „Фанкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ). Германскиот весник тврди дека во пет од девет земји корупцијата се зголемила, а меѓу тие држави е и Македонија, но и Хрватска која е членка...

Попоски на самит во Париз: Потребно е ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, информираат од Министерството за надворешни работи. На сесијата на министрите за надворешни работи се дискутирало за прашања од областа на миграциите, борбата против тероризмот и радикализацијата, политиките за младите и за економските реформи како еден од...

Грчките туристички работници стравуваат од големи загуби летово

Грчките туристички работници стравуваат дека годинава може да имаат големи загуби во профитот од туристите низ цела Грција. Загриженоста доаѓа од најавата за зголемување на даноците за ноќевање во хотелите и за угостителските услуги во таверните и во баровите. Првиот човек на Асоцијацијата на туристички работници, Андреас Андреадис, говорејќи на генералното собрание на организацијата, истакна дека има пресврт во очекувањата за престојната...

Oд 10 до 12 мај во Охрид, Регионална конференција за активен туризам

Под мотото „Знаење, партнерство, пораст“, од 10 до 12 мај во Охрид ќе се одржи првата Регионална конференција за активен туризам. Најавено е присуство на повеќе од 200 претставници од јавниот и од приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа, кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туристички оператори од 16 земји. Конференцијата има цел да го поттикне избивањето на...

Европски парламент: Западен Балкан на листата безбедни земји

Европскиот парламент почна процедура за создавање заедничка европска листа на безбедни земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави, односно целиот регион на Западен Балкан и Турција. Ако се усвои листата, тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите членки на Европска Унија. ЕП со тоа се надева дека...

Крал Абдула: Балканот е првата одбранбена линија на Европа

Јорданскиот крал Абдула синоќа на Минхенската безбедносна конференција оцени дека земјите од Западен Балкан се првата одбранбена линија на Европа против екстремизмот. Тој во говорот рече дека мора да се поддржуваат балканските земји со мнозинско муслиманско население во борбата против екстремизмот. Абдула оцени дека ништо не би ја чинело Европа поскапо од зајакнувањето на екстремизмот на Балканот. Тој рече дека Европа мора...

Хан: Земјите од Западен Балкан да не станат паркиралиште за бегалци

Треба да ја избегнеме ситуацијата земјите од Западен Балкан, кои се кандидати за членство во ЕУ, да станат паркиралиште за бегалци, изјави денеска еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на неформалниот совет за надворешни работи на Европската унија, посветен на западно-балканската мигрантска рута, кој се одржува во Амстердам. Хан предупреди дека решенијата, донесенувани одделно од земјите, може да...

Поради поплави евакуирани 500 семејства во Албанија

Во западниот дел на Албанија, околу 500 семејства се евакуирани откако реката Шкумбини се излеа од коритото поради поројните дождови. Поплавени се илјадници хектари земјиште, куќи и патишта. Полицијата и војниците беа испратени во Лушне, на 80 километри југозападно од Тирана. Стотици други семејства беа евакуирани во други региони во текот на изминатите два дена. Повеќе области, вклучувајќи го и главниот град Тирана,...

„Коха диторе“: Најмалку седум борци на ИД се кријат околу Скопје

Најмалку седум косовски државјани што се бореле на страната на Исламска држава (ИД) во Сирија пред три недели се вратиле на Балканот и се засолниле во регионот на Скопје, пишува денеска косовскиот весник „Коха диторе“. Повикувајќи се на информации од разузнавачките агенции, вклучувајќи ја и косовската, весникот пишува дека меѓу џихадистите повратници биле и Лавридим Мухаџери и Ридван Хакифи и уште...

Меркел: Постои опасност од вооружени судири на Балканот

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, каде што поминуваат најголем дел од бегалците, во случај Германија да ја затвори границата со Австрија. - Тензии во земјите на Западен Балкан веќе има и не сакаме да дојде до воени судири - изјавила Меркел на собирот на Христијанско-демократската унија во Дармштат, а пренесуваат германските медиуми. Стручњаците предупредуваат...

Јункер: Вонреден состанок за бегалската криза на Балканот

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска свика итен состанок во Брисел, посветен на бегалската криза на Балканот. - Бегалскиот прилив на Балканот бара брз одговор - соопштија од Европската комисија. Целта на состанокот, кој е закажан за недела, е да се постигне договор за заеднички мерки што треба да бидат неодложно спроведени. На средбата се поканети премиерите на Македонија, Австрија, Бугарија, Грција,...

Демографијата на Балканот, тема на конференција во Охрид

Петтата меѓународна тематска конференција за демографија, „Населението на Балканот на прагот на 21 век“, ќе почне утре и ќе трае до 24 октомври во хотел „Метропол“, во организација на Економски институт од Скопје и на асоцијацијата „Демобалк“. Оваа конференција има цел да ја процени демографската ситуација на Балканот на почетокот на 21 век и да привлече внимание на главните демографски...

Македонците со најниска плата на Балканот

Според Заводот за статистика на Словенија, просечната плата во оваа земја во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе споредено со другите земји во регионот, пренесуваат црногорските медиуми. Според последните податоци од нашиот Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 350 евра и со ова сме во редот на држави што имаат најниски примања на Балканот, заедно со...

ЕУ експедитивно ќе ги враќа назад македонските и балканските баратели на азил

Министрите за внатрешни работи на ЕУ вчера подготвија предлог со кој барателите на азил од Западен Балкан ќе можат брзо да се вратат назад во земјите од кои доаѓаат, јавува порталот „ЕУ обзервер“. Предлогот е дел од поголем план, на ниво на ЕУ за создавање листа на безбедни земји. Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Ирска, Луксембург, Малта и Франција веќе...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...