fbpx
Таг: азил

таг: азил

Еквадор му го прекина интернетот на Асанж во амбасадата во Лондон, обвини „Викиликс“

„Викиликс“ денеска ги обвини властите на Еквадор дека го прекинале пристапот на интернет на нивниот основач, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон повеќе од четири години. Организацијата на Асанж, како што јавуваат светските медиуми, за прекинот на интернетот првично обвини државна институција, без да наведе за која станува збор. Подоцна „Викиликс“ на „Твитер“ напиша дека...

Грција ги одби барањата за азил на пребегнатите турски војници

Официјална Атина го одби барањето за азил на седум од осумте турски војници што по неуспешниот воен удар во Турција со хеликоптер пребегнаа во Грција. Како што јавуваат грчките медиуми, сè уште не се знае каква ќе биде одлуката за осмиот турски војник, кој заедно со своите седум колеги ја напуштија Турција на 16 јули, еден ден по пучот, и слета во...

Унгарците гласаат на референдум за или против бегалците

Унгарските избирачи денеска на референдум гласаат за задолжителните квоти на ЕУ за населување на мигранти во Унгарија. Прашањето на анкетата гласи: „Сакате Европската Унија да има право да наредува задолжително населување на неунгарски граѓани во Унгарија без согласност на парламентот?“. Под „неунгарски граѓани“ се имаат предвид мигранти кои побарале азил во ЕУ. Референдумот беше организиран како одговор на планот усвоен од Брисел за прераспределба...

Бегалци сечат вени поради одбиени барања за азил

Негативните одговори на бегалските барања за азил во Грција создаваат нови проблеми и тензии во бегалските кампови на островите. Младо момче од Авганистан вчера предизвика вознемиреност во бегалскиот центар на Хиос откако ги пресече вените гневен на одлуката да му биде одбиено барањето за азил во Грција. Локалниот информативен портал „Политикиос“ (Politischios.gr) пренесува дека вработените во службата за азил на островот коментираат...

Ципрас до Ердоган: Пучистите не се добредојдени во Грција

Јасна порака дека турските пучисти не се добредојдени во Грција, испрати грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк. Екстрадицијата на турските војници од Грција и справувањето со бегалската криза беше во фокусот на двајцата политичари, кои се сретнаа доцна вечерта на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Првата тема што ја отворил турскиот претседател пред...

Одбиени барањата за азил на тројца турски војници во Грција

Грција го одби барањето за азил на тројца од осумте турски војници што пристигнаа во Александруполи само ден по обидот за пуч во Турција. Грчките весници „Етнос“ и „Прото тема“ јавуваат дека три од осумте барања се одбиени, а другите петмина ќе имаат нови интервјуа за азил со грчките служби следната недела. Засега неизвесно е што ќе се случи со тројцата...

Во Грција има повеќе од 60.000 бегалци

Бројката на бегалци во Грција и официјално надмина 60.000 лица. Според денешниот извештај од грчката влада, во државата има регистрирано 60.042 бегалци. Најголем дел од нив се на островите, каде капацитетите во бегалските центри одамна се надминати. Освен во центрите, бегалците на грчно тло престојуваат и во изнајмени станови во Северна Грција. Во последните 24 часа во државата стигнале 183 нови бегалци....

Турски судија пребегал во Грција и бара азил

Сè поголем е бројот на турски граѓани кои бараат азил во Грција. Грчката полиција уапси 50-годишен турски судија на островот Хиос, кој нелегално влегол во државата со група бегалци и барал азил за да биде заштитен од режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот судија пристигнал на Хиос заедно со чамец со шест бегалци од Сирија, кои патувале од Турција...

Одложена процедурата за азил за турските војници во Грција

Грчката служба за азил ги одложи за неколку недели интервјуата за азил за осумте турски војници што избегаа од Турција и слетаа во Александруполи по воениот удар против турскиот претседател. Денеска, пред службата се појавија првите двајца војници што требаше да имаат интервју и во придружба на адвокат побараа одложување за подобро да ги подготват своите искази за интервјуто за азил....

Турските војници што пребегаа во Грција осудени на условни казни

Виновни за нелегално влегување во Грција и условна казна затвор од два месеци е конечната пресуда на грчкиот суд за осумте турски војници кои бараа азил во Грција, по обидот за државен удар во Турција. Судот оцени дека војниците се виновни оти нелегално влегле во државата, меѓутоа казната им е олеснета бидејќи се смета дека животот им бил под закана...

Одложено судењето на турските војници кои бараат азил во Грција

Судењето на турските војници кои бараат азил во Грција е одложено за четврток. На барање на адвокатот на осумте војници, судот дозволи тридневно одложување на судењето. Турските војници се обвинети за нелегален влез во земјата и за нелегален лет во грчкиот воздушен простор. Војниците ќе останат притворени во Александруполи сè до судењето в четврток напладне. Осумтемина војници слетаа во саботата напладне во...

Турските војници се товарат за нелегален лет во Грција

Утре почнува судењето на турските војници во Александруполи. Грчкиот обвинител го смени обвинителниот акт и осумте војници кои со турскиот воен хеликоптер вчера слетаа во Грција и побараа азил, сега се товарат за нелегален лет во Грција. Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, исклучено е обвинувањето со кое војниците се товареа и за нарушување на односите меѓу Грција и...

Турските војници изведени пред обвинител во Александруполи, утре одат на судење

Осумте турски војници што побараа азил во Грција, во моментов се изведени пред обвинител во Александруполи. Во зависност од изјавите и од одлуката на обвинителството, војниците утре најверојатно ќе бидат изведени пред суд со обвинение дека нелегално влегле во државата и направиле обид за нарушување на меѓународните односи меѓу Грција и Турција. Хеликоптерот со кој слетаа во Грција вчера доцна вечерта...

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници – пучисти од Турција

Грција ќе ги разгледа барањата за азил на пучистите од Турција во согласност со меѓународните процедури за азил. Ова го изјави потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, за случајот на осумте турски војници кои денеска напладне слетаа во Александруполи со турски воен хеликоптер и побараа грчки азил. Војниците беа уапсени од грчката полиција за нелегален влез во државата и се...

Турски воен хеликоптер слета во Александруполи

Седум турски војници и еден цивил побараа политички азил во Грција. Осумтемина беа во турски воен хеликоптер, кој побара дозвола од грчките власти за вонредно слетување во Александруполи. Според информациите на грчката агенција АПЕ, веднаш штом слетале, турските државјани побарале политички азил во Грција. Сите се приведени и однесени во полицијата во Александруполи. Хеликоптерот емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност...

Парламентарна делегација на конференција за миграција во Брисел

Делегација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во Брисел учествува на дводневна интерпарламентарната конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето“. Делегација ја предводи претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Владимир Ѓорчев, а дел од неа се и пратениците Нада Ципушева,...

Барателите на азил во Австрија за една година ја чинеле државата 421 милион евра

Барателите на азил Австрија за една година ја чинеле 421 милон евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја. Лани на азилантите кои се нашле под државна заштита биле потрошени повеќе од 246 милиони евра, а годинава 175 милиони евра. До 30 декември 2015 година за помош од австриската држава се пријавиле 57.610 баратели на азил, а заклучно со...

Франција ќе прима по 400 мигранти месечно

Франција ќе прима по 400 мигранти од Грција месечно, според одлуката на Европска Унија за квотите, односно за поделба на мигрантите по земјите членки на ЕУ, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев. Земјите членки на ЕУ требало да прифатат 160.000 бегалци, од кои 30.000 требало да прифати Франција. Најголем дел од државите прифатиле многу помалку од договорениот број мигранти. Франција се обидува да...

Унгарија ги заостри прописите за азил

Унгарскиот парламент одобри поостри прописи за азиланти, вклучувајќи и скратување на дозволениот престој во прифатните центри од 60 на 30 дена и постепено намалување на социјалните бенефиции и субвенции. Организациите за човекови права соопштија дека целта на мерките е да се обесхрабрат бегалците да бараат азил во Унгарија. Јулија Иван, адвокат при унгарскиот Хелсиншки комитет, соопшти дека „Унгарија ги доведува бегалците...

Европски парламент: Западен Балкан на листата безбедни земји

Европскиот парламент почна процедура за создавање заедничка европска листа на безбедни земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави, односно целиот регион на Западен Балкан и Турција. Ако се усвои листата, тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите членки на Европска Унија. ЕП со тоа се надева дека...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...