fbpx
Таг: автобуска несреќа

таг: автобуска несреќа

За несреќата кај Ласкарци поднесени обвиненија против седум лица

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството. За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот...

Притвор за возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

Судот прифати три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници. Притвор добија возачот кој возел со недозволена брзина, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и раководителот. „Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице,...

Кои се 11-те приватни компании чии автобуси беа исклучени од сообраќај на 21 февруари? (инфографик)

Во вонредната техничка проверкa на 21 февруари, сообраќајната полиција во Скопје исклучи од сообраќај 14 автобуси, сопственост на 11 приватни компании. Ниту една од компаниите не врши јавен градски превоз внатре во Скопје, известува „Порталб.мк“. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Порталб објаснуваат дека на 21 февруари биле контролирани сите автобуси што се движеле низ Скопје, независно вршат јавен...

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо Турс“

Приведени се возачот на автобусот кој на 13 февруари се преврте на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци, при што животите ги загубија 15 лица, а 31 беа повредени, како и сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, јави „Порталб“. Покрај нив се приведени уште четири лица. Несреќата се случи откако од засега неразјаснети причини, автобусот ја пробил заштитната ограда, излетал...

Осигурувањето ќе исплати над 800 илјади евра за несреќата кај Ласкарци

Осигурителната компанија „Еуросиг” ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за автобуската несреќа која што се случи кај Ласкарци на 13 февруари. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето, Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидена сума. – Во Законот за задолжително осигурување...

Автобусите возат сè побрзо кон смртта

Сообраќајната несреќа кај Ласкарци, кога превртувањето на автобусот на „Дурмо Турс“ однесе 15 животи, а триесетина лица беа повредени, е најголемата автобуска несреќа во Македонија од осамостојувањето, ако не и порано. Овој настан што ја потресе земјата во поглед на бројките на загинати и повредени значително отскокнува над бројките за инциденти со автобуси од претходните години собрани на куп. Но...

За цела плата повредените кај Ласкарци треба да се пријават во Инспекторатот за труд

Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) порача дека повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци кои се враќале дома од работа треба од нивните работодавачи да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд, за да може во текот на боледувањето да добиваат плата во износ од 100 отсто, а по враќањето на работното место треба да бидат упатени на...

До 9.000 евра за семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија „Еуросиг“ за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата, Кадри Моринај кој изрази сочувство до семејствата на настраданите. -Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата...

Инстутуциите се координираат за утврдување на причините за автобуската несреќа

Заради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдување на причините за автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во Основното јавно обвинителство Скопје денеска се одржа работен состанок на претставници од надлежното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска...

Известување при несреќи – факти, а не емоции

Лесно е да критикувате седнати дома пред телевизор како известуваме, но не прашувате ли како ни е нас, кои работевме на студ, во тешки услови, во ситуација кога има многу луѓе околу тебе, во моменти на жал, а притоа да не згрешиме. Имаше грешки, ама тие беа направени од брзање, од трема, од емоции, и од потребата да се...

Два дена жалост во Македонија, се чекаат причините за автобуската несреќа со 14 загинати

Два дена жалост во Република Северна Македонија по тешката сообраќајна несреќа која се случи во средата (13.02.19), на автопатот Е-65, кој ги поврзува Скопје и Гостивар. Загинаа 14 лица а 39 се повредени. Автобусот на компанијата „Дурмотурс“ со над 50 патници, околу 17 часот поминал преку 3 ленти, излетал од автопатот и се превртел во близина на стариот пат....

Возачот не бил под дејство на алкохол или лекови, ќе се испита дали зборувал на мобилен

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека денеска во 13.15 часот завршил увидот на местото каде вчера попладне излета автобусот на „Дурмо Турс“, при што животите ги загубија 14 лица, главно млади луѓе. Известувајќи за сите постапки што се преземени при увидот, од Обвининителството велат дека возачот на автобусот при разговорот со двајцата обвинители не дал релевантни информации за...

Возачот на автобусот кој се преврте кај Лесковац возел со околу 100 километри на час

Неприлагодена брзина за условите на патот, односно веројатно околу 100 километри на час е причината за тешката несреќа на македонскиот автобус кој ноќта во неделата се преврте близу Лесковац, Србија при што загинаа три лица, а 32 се повредени, јавуваат српски медиуми, повикувајќи се на извори во истрагата. Автобусот, според преживеаните патници, почнал неконтролирано да се движи, по што се...

Тројца загинати во Истанбул – автобус удрил во постојка

Три лица ги загубиле животите во несреќа во истанбулската населба Ускудар утрово, кога автобус од градскиот превоз удрил во луѓе што чекале на постојката. Автобусот претходно се судрил со друг автобус, па влетал во луѓето што чекале на постојката на улицата Д-р Ејуп Аксој, јави турскиот весник „Сабах“. Има голем број повредени кои се пренесени во блиските болници.

Најмалку 48 загинати во несреќа во Перу

Најмалку 48 лица загинале вчера во Перу кога во автобусот со кој патувале удрил камион, по што тој паднал од тесниот пат засечен во стрмнина. Несреќата се случила таканаречениот „Ѓаволски свијок“, кој се наоѓа на клиф над океанот, па патот е многу тесен, со стрмни свијоци и често покриен со магла. Автобусот, во кој имало 57 патници и двајца возачи,...

Нова автобуска несреќа во Москва

Неколку дена откако автобус слета во подземен премин, во Москва денеска се случи уште една незгода. Овој пат автобус влета во постојка. Како што наведува „Раша тудеј“, денешната несреќа се случила кога возачот на автобусот се обидел да избегне друго возило, чиј возач нагло свртел за да избегне трето возило. Новинската агенција „Тасс“ јавува дела две лица настрадале во несреќата...

Автобус се заби во подземен премин во Москва – четворица загинати

Четири лица загинаа откако градски автобус се заби во подземен премин во западниот дел на Москва, јавува „Раша тудеј“. Несреќата се случила во авенијата Кутузивски, во близина метро станицата Славјански булевар. Во несреќата, како што соопшти полицијата, има и 10 повредени. Според извори на агенцијата „РИА Новости“, полицијата истражува две причини за несреќата Според едното сценарио, можно е на автобусот да...

Во болница остануваат уште 12 патници повредени во автобуската несреќа

Се очекува денеска дома да бидат пуштени уште тројца пациенти од автобуската несреќа што се случи во неделата на автопатот Велес - Скопје, кои беа хоспитализирани во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, соопшти Министерството за здравство. Од Клиниката за oртопедија информираат дека петмина пациенти се веќе пуштени дома и во моментов кај нив се хоспитализирани уште осум повредени...

Обвинителството ја продолжува истрагата за автобуската несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес синоќа извршил увид на местото на несреќата, која се случи синоќа околу 19 часот, кога автобус со македонски регистерски таблички, кој превезувал патници кои се враќале од летување во Грција, излетал од коловозот. Истрагата била прекината, а продолжува денеска. Причините за несреќата се утврдуваат. По наредба на јавниот обвинител, од возачот...

Автобус падна во клисура во Индија, 25 лица загинаа

Најмалку 25 лица денеска загинаа, а девет се повредени откако автобус падна во клисура на северот на Индија, соопшти индиската полиција, додавајќи дека сè уште не се знае која е причината за несреќата. Повредените патници се однесени во болница во градот Рампур Бушахар, во индиската држава Химачал Прадеш, наведоа властите. Според податоците на полицијата, во сообраќајни несреќи во Индија годишно гинат...

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...