fbpx
Таг: АВМУ

таг: АВМУ

ААВМУ утре и задутре ќе расправа за одземање 22 лиценци на телевизии и радија

На својата петта седница годинава, Советот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) утре ќе расправа и за одземање на лиценци на четири телевизии кои емитуваат на национално или регионално ниво и едно радио кое емитува на национално ниво. Причината се неплатени обврски за лиценца, а рокот истекол вчера, дознава „Мета“ од извори во ААВМУ. Имињата не се објавуваат...

АВМУ бара на новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да си ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес како реакција на вчерашната ситуација кога новинар на „ТВ 21“ бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи. „Улогата на медиумите и отвореноста на институциите кон...

ААВМУ мора да биде вистински носител на политики за медиумите, не само регулатор

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) мора да биде вистински носител на политики за медиумската сфера, покрај својата редовна работа како регулатор, што барем во периодот април - септември минатата година, ја работеше квалитетно. Програмскиот совет, пак, на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТ), мора да биде поотворен за јавноста и повеќе да ја игра својата...

Промовирано ДВД за медиумска писменост наменето за основните училишта

Во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни и медиумски услуги (АВМУ) денеска се промовираше ДВД кое вклучува нагледни и едукативни материјали на тема медиумска писменост, а е наменето за основните училишта во Македонија. Во ДВД-то има содржини изработени од невладини организации како Високата школа за новинарство и односи со јавноста, Македонскиот институт за медиуми, Фондацијата „Метаморфозис“ и други, но и содржини...

МРД на расчекор меѓу амбисот и сериозен играч во емитување дигитални канали

Македонската радиодифузија (МРД), во изминатите години фукционирала со помалку од предвидените средства, поради ненаплатена радиодифузна такса, што довело до криза кога се во прашање поголемите инвестиции. Од друга, страна познавачите на оваа област се убедени дека МРД, за која сега ќе се одвојуваат средства директно од Буџетот, има доволни капацитети да емитува повеќе од трите канали на Македонската радио-телевизија....

Законот за АВМУ ќе оди на разгледување во Европската Комисија, па потоа во Влада

Последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ), која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вчера ја објави, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на разгледување во Европската Kомисија (ЕК) пред да се најде на дневен ред на владина седница, соопшти денеска портпаролот на Владата, Миле...

Објавена последната верзија на предлог-законот за АВМУ, на потег е Владата

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја заврши последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ). Следниот чекор е текстот да влезе во процедура во Владата, која треба да усвои и потоа да го достави конечниот предлог-закон до Собранието. Според Министерството, целта на предлог-законот е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис,...

АЕК и ААВМУ да работат медиумите да не бидат инструментализирани од политиката

Недоволно или несоодветно информирање на граѓаните за нивната работа или за алатките преку кои граѓаните може да реагираат на работењето на медиумите или телекомуникациските оператори е главната забелешка што беше изнесена за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). На денешната презентација на четвртиот мониторинг извештај за работата на двете...

Манчевски: Најголем дел од буџетот – 19,3 милиони евра – ќе одат за МРТ, МРД и за ААВМУ

Најголемиот дел од буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во 2018 година ќе се потроши за „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), Македонска радиодифузија (МРД) и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), посочи денеска министерот Дамјан Манчевски. Тој појасни дека вкупниот буџет на Министерството за следната година изнесува 1,486 милијарда денари, односно 24,088 милиони евра, и е...

Советот на ААВМУ едногласно го отфрли барањето да се одземе лиценцата на ТВ „24 Вести“

Едногласно, иако претходно имаше одредени дилеми кај некои членови, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница го одби барањето од „Канал 77“ да се одземе лиценцата на телевизијата „24 Вести“. Прифаќајќи ја информацијата од стручните служби, Советот го отфрли барањето на предлагачот, чиј идентитет се криеше до самиот крај на решавањето за оваа точка...

Советот на ААВМУ денеска расправа за барањето за одземање лиценца на ТВ „24 Вести“

На денешната седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ) на дневниот ред, меѓу другите точки, е информацијата во врска со доставено барање за одземање лиценца на Телевизија „24 Вести“, стои во најавата објавена на веб-страницата на ААВМУ. Точката на дневниот ред е веднаш по предлог-одлука за промена на сопственичката структура на Телевизија „24 Вести“ од Штип. Како што дознава...

Останувањето на Трајчевски на чело на ААВМУ е сензитивна тема, вели Османи

Европската комисија и Владата се многу сензитивни во поглед на каков било реваншизам врз партиска и политичка основа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, прашан дали има препорака од Европската Унија, за директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, и понатаму да остане на челната функција на агенцијата. - Целта на реформата на јавната администрација е таа да се задснова на системот...

Владата е изненадена од Насер Селмани, тој чека конкретни чекори, а не само ветувања

Владата на Република Македонија во соопштение изрази изненадување што претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, денеска ја критикуваше, велејќи дека кај актуелната влада има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади. Имено, одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на министерот Дамјан Манчевски на конференцијата „Е-општество“ на „Метаморфозис“, кој рече дека Владата не смее да биде моторот на реформите во...

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира и нема да се брза,...

СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа. „Поставувањето какви...

Манчевски: МРТ нема да одговара пред Владата, само пред Собранието

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон разговараа за реформите во медиумската сфера, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и за јавниот радиодифузен сервис. Манчевски се осврна на промените во начинот на финансирање на МРТ и на воведувањето на четврти канал за малцинските заедници. - МРТ нема повеќе...

Поповски: Создаваме услови за целосна независност и професионализација на МРТВ

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, придружуван од делегација на ОБСЕ. Дезир ја поздравил отвореноста на Владата за носење на новиот закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги низ широка отворена експертска дебата со почитување на мислењата и препораките на ОБСЕ и на ЕК...

АВМУ ги обжалила казните за изборни прекршоци на радиодифузерите како „недоволни“

Во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР од 29 октомври 2017 година се вели дека Основниот суд донел одлуки во два случаи од првиот изборен круг, пресудувајќи казни пониски од пропишаните во Изборниот законик (ИЗ) за прекршување на изборениот молк и неизбалансирано известување. Во првичните наоди и заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР се вели дека иако ИЗ пропишува парична казна од 8.000...

ААВМУ бара ТВ „Алфа“ да им се извини на Pомите за направена дискриминација

Телевизијата „Алфа“ ќе мора да им се извини на граѓаните од ромска националност поради констатирана дискриминаторска содржина во прилог емитуван во информативните изданија, соопшти ААВМУ. Комисијата за заштита од дискриминација утврди елементи со навредлива содржина на основа на етничка припадност и припадност на маргинализирана група, во јавното информирање на телевизијата. Според Агенцијата, телевизијата со прилогот „Сè побројни и понасилни се Циганите на...

Собранието го усвои извештајот за МРТ, промените таму треба да дојдат од браншата

И по долгата пауза што претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја даде поради премалиот број присутни пратеници, Собранието продолжи во истиот дух како и претходно - без ниту еден пријавен за збор или само по двајца пријавени, па или експресно се вршеше гласање или поради недоволен број пратеници во салата, гласањето за точките беше преместувано за утре. Кога се...