fbpx
Таг: АВМУ

таг: АВМУ

ААВМУ ја опомена ТВ „Нова“ да емитува нова програма, а не репризи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера презела две мерки против телевизијата „Нова“, како и против телевизијата „Шења“ и магазинот „Леона“. На телевизиите „Нова“ и „Шења“ им е изречена опомена поради необјавување импресум, а на магазинот „Леона“ опомена поради не објавени податоци за адресата на издавачот на медиумот, податоци за печатницата и датумот на печатење или препечатување. Дополнително, телевизијата...

На собраниски комисии извештајот на СЈО и предлог-законот за АВМУ

Во Собранието денеска седници ќе имаат комисиите за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија. Извештај за сработеното во периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Предлог-законот за АВМУ повторно на мета на експертите и фелата

На денешната јавна расправа за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која беше организирана од Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието, експертите, новинарските здруженија и луѓе од медиумските дејности критикуваа решенија од текстот, за кои велат дека ќе ги влошат состојбите. Според претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, тоа што за МРТ како јавен...

Правата за реемитување програма судрија дел од кабелските оператори и телевизиите

Правата за емитување и реемитување програма во земјата се уште се толкуваат на различни начини од различни центри, во зависност од тоа на која интересна група им припаѓаат. Најголеми се разликите меѓу националните телевизии на една и операторот „Телекабел“ на друга страна. Едните бараат затемнети телевизиски екрани и казни во случај кога операторот нема регулирано права за реемитување, другите...

АЕК и ААВМУ за јавноста сè уште се главно „политички“ тела

Мал е процентот граѓани кои знаат што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и кои се нивните надлежности. Ова е заклучокот на презентацијата на завршниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК. Во изминатите 18 месеци, „Евротинк“ во соработка со „НВО Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја следеше работата на двете...

Со серија забелешки, законот за АВМУ следната недела оди на пленарка во Собранието

Потребни се повеќе пари за Македонската радио телевизија (МРТ) како јавен радиодифузен сервис, но и давање поголеми ингеренции за регулација и улога на предлагач на решенија на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за да се овозможат суштински медиумски реформи. За да не се предизвика големо нарушување на рекламниот пазар, пак, неопходно е да се...

Јавна расправа утре за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија утре ќе одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На дебатата ќе учествуваат членови на Владата на Република Македонија, медиуми, портали, новинарски здруженија, како и претставници на разни институции и невладини организации. Во јавната расправа, ќе учествуваат и пратениците, кои се  членови...

Солза Грчева на „Канал 5“ изнела стереотипи и предрасуди за жените, утврдила ААВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност, извршила вонреден програмски надзор врз емисијата „Само вистина“, емитувана на 28 февруари 2018 година на ТВ „Канал 5“, при што утврдила дека во емисијата се изнесени „стереотипи и предрасуди врз основа на пол“, поврзани со жените и нивниот брачен статус. Во емисијата учествувала Солза Грчева, претседателка на партијата „Глас за...

ААВМУ не може да избегне одговорност за медиумскиот хаос, велат од Владата

Владата и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера и денеска разменија остри забелешки за проблемите во медиумската сфера во изминатиот период, по обвинувањето од министерот Роберт Поповски во петокот дека Агенцијата со години не функционирала и не си ги вршела надлежностите, во контекст на реемитување странски програмски сервиси без авторски права. ААВМУ вчера реагираше дека станува збор...

ААВМУ промовираше спотови против сексизмот во медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска промовираше ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017 година. Истражувањето за застапеноста на родот во телевизиските програми се состои од две анализи - едната за родовите прашања во програмските концепти и содржини на дневно-информативните емисии на телевизиите на национално ниво, а...

ААВМУ лани заштедила, годинава очекува помали приходи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во текот на минатата година работела домаќински и заштедила многу, односно не потрошила толку колку што било предвидено, со што е практично авансирана цела една година, односно да се покријат трошоците и за оваа година, рече Зоран Фидановски, член на Советот на ААВМУ на денешната седница на која се усвои завршната...

Како образовниот систем да се справи со предизвикот на медиумската писменост

На полето на медиумска писменост во образованието се работи, но недоволно и несистематски, беше заклучокот од конференцијата со наслов „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“, која се одржа денес во Скопје во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Едукацијата за медиумската писменост е неопходна во основното и средното образование во земјава, но прашањето е...

ААВМУ мора да се трансформира во вистински независен регулатор

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) мора да стане вистинско независно регулаторно тело за медиумите, со право да носи политики, и без какво било мешање на Собранието на Република Македонија и Владата, порача Дејан Георгиевски, извршен директор на Центарот за развој на медиуми на денешната презентација на петтиот мониторинг извештај за работата на ААВМУ и Агенцијата за...

„Сител 3“ ја загуби дозволата поради неплаќање на надоместокот

Телевизијата „Сител 3“ ја загуби дозволата за пренесување на нејзината програма преку кабелските оператори во Република Македонија поради неплаќање на годишниот надомест, според одлуката што вчера ја донесе Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). - Сателитските телевизии што се пренесуваат преку кабелските оператори во Македонија надоместокот за дозволата треба да го платат на почетокот на годината...

Владата го усвои Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Владата на Република Македонија на својата 55-та седница попладнево го усвоила Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), извести на Твитер-профилот портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Од #седница на @vladamk: усвоен e Законот за аудио и аудио визуелни услуги. Следува процедура во @sobraniemk. — Миле Бошњаковски (@portparolVRM) February 20, 2018 Сега Предлог-законот ќе биде испратен...

ААВМУ им даде опомена на „Шутел“ и „Едо“ пред одземање на лиценците

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница едногласно ја прекина постапката за одземање дозвола за емитување на една телевизија и три радија, кои по последната опомена со која им беа дадени 15 дена да си ги исполнат обврските, ги уплатиле парите. Тоа се телевизијата „Канал 21“ од Велес, потоа Универзитетско радио на универзитет Гоце...

Бошњаковски: Новото раководство на МРТ ќе трае до новиот закон

Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија „добро знаат кој членува во тој стар состав, на кој начин работеше и под чии влијанија и како е направен овој избор“, истакна...

ААВМУ: 15 локални медиуми добија рок од 15 дена да ги платат лиценците или да стават клуч

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска почна постапка за одземање на лиценците на 15 радија и телевизии што не го платиле надоместокот за емитување. Претходно, бидејќи си го подмирила долгот во дополнителниот рок, беше запрена постапката за одземање на дозволата на телевизијата „Тера“ од Битола. Според претседателот на Советот на ААВМУ, Лазо Петрушевски, очигледно е...

„Алфа“, „Сител 3“, „Сонце“, „Скопје“ и „Слободна Македонија“ имаат две седмици да ја платат лиценцата

Советот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната, 5-та седница годинава, едногласно донесе одлука да почне постапка за одземање на дозволите за емитување на радиото „Слободна Македонија“ и на телевизиите „Алфа“, „Сител 3“, „Сонце“ и ТВ „Скопје“, но им остави уште две седмици да го платат надоместокот. Претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, побара ААВМУ да...

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...