fbpx
Таг: АВМУ

таг: АВМУ

Новите членови на Советите на АВМУ и МРТВ останаа во сенка на изборните случувања

Изборот на нови членови во советите на Македонската радио телевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) остана во сенка на политичките и изборните случувања во земјата. Овие позиции не можеа да се пополнат неколку години, па парламентот повремено го продолжуваше мандатот на сегашните членови. Со отворањето на конкурсот во втората половина од годинава, на кој...

Можно е повторно ААВМУ и МРТ да немаат функционални раководни тела

Фактот што Законот за ААВМУ повторно остава можност кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ и кандидатите за членови на Советот на ААВМУ да бидат изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието, остава простор да се мисли дека владата не сака функционално раководство или дека Владата и опозицијата се договориле за такво нешто, пишува Порталб.мк. Ова е оценка на Виолета...

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле најгледани телевизии на почетокот на годинава

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле трите телевизиски канали што биле најгледани од граѓаните во земјава, покажува истражувањето за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за првиот квартал од 2021 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Бројот на граѓани што гледаат телевизија во земјава останал висок и во првите три месеци...

Во завршна фаза е новата формулација на членот 102 од Законот за ААВМУ, со кој ќе се овозможат јавни пари во медиумите

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири информираше дека новата формулација на членот 102 од Законот за ААВМУ е во завршна фаза и следниот период истиот ќе биде претставен пред јавноста. Имено, со укинувањето или промената на членот 102 од Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), би се овозможило влегување на јавни пари во медиумите. Шаќири информираше дека за...

ААВМУ: На телевизиите за изборите лани, биле претставени 128 мажи наспроти шест жени кандидати за пратеници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска одржа јавен состанок, кој поради состојбата со корона вирусот, се реализираше преку видео-конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. На состанокот беа презентирани и наодите од анализата на родовите прашања и начинот на прикажување и претставување...

ААВМУ нема да ги одзема дозволите на радиодифузерите кои не платиле годишен надоместок

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000 денари (околу 813.000 евра), на вчерашната седница одлучи да ги запре сите покренати постапки за одземање на дозволи по основ на неплатен годишен надоместок за радио...

Асоцијацијата на приватни електронски медиуми е против промената на членот 102 од Законот за ААВМУ

Членките на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕММ) сметаат дека директна помош на медиумите, без натпревар и без контрола и правила за дистрибуција на финансии, ќе значат дисторзија на пазарот, па според тоа тие не ја одобруваат промената на членот 102 од Законот за АВМУ. „Единствената можна отстапка од пропишаното со законот во чл.102, е само доколку се дефинираат строги...

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ лани биле најгледани телевизии во Македонија, „Антена 5“ најслушано радио

Националните телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледани од македонските граѓани во текот на 2020 година, покажува Годишниот извештај за 2020 година за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Добиените податоци за 2020 година се засноваат на анкетните испитувања направени на национално...

Одржан последниот јавен состанок на АВМУ за 2020 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа последниот јавен состанок за 2020 година, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. „Учесниците имаа можност да слушнат за активностите поврзани со...

ААВМУ: Прекршочна пријава против ТВ Ирис, заради неизбалансирано известување на предвремените избори во Штип

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатирала дека телевизија Ирис го прекршила членот 75, став 1 од Изборниот законик и оттука предлага да се покрене прекршочна постапка против овој медиум. „Радиодифузерот при известување за време на изборната кампања за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и на Општина Штип 2020 година, не обезбеди избалансирано покривање на изборниот...

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на содржините од...

Платите и на новинарките и на новинарите се ниски, но на раководните места во медиумите доминираат мажите

Во рамките на Деновите на медиумска писменост 2020, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја организираше дебатата „Род, плати и радиодифузија“, во чии рамки беше промовирана нивната анализа „Родова структура на платите во радиодифузијата“, како и клучните наоди од начинот на известување за родовите прашања во вестите на националните телевизии за периодот од 2012 до 2017...

ЕУ бара конкретни чекори за подобрување на слободата на медиумите

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на слободата на изразувањето и оствари ограничен напредок во текот на извештајниот период. Вака Европската комисија ја оценува состојбата со слободата на изразувањето во земјава во последниот извештај, кој беше објавен минатата недела. Иако Комисијата смета дека општата клима за работата на медиумите е погодна и овозможува критичко известување, сепак, потсетува на тензијата...

ААВМУ ги осуди заканите со тужба од Лидија Димова кон А1он, поради текстови поврзани со работата на Агенцијата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осудува заканите со тужба од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова упатени кон онлајн медиумот „А1он.мк“ поради објавување текстови поврзани со ЕУ проекти спроведувани од Агенцијата. „Заканите за тужби, наместо со поставување аргументи или користење на правото на исправка или одговор претставуваат директен...

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година. Медиумската писменост, според СДСМ,...

Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите. „Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот. Извршниот директор на Здружението...

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на вработени во МРТ, се...

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра (1.200 евра за правното...

Строгите ограничувања на медиумска концентрација спречуваат развој на медиумите

Промена на сите сегашни ограничувања за концентрација на медиумската сопственост, како и процена кои од ограничувањата треба да останат во актуелното медиумско опкружување со цел да се заштити медиумскиот плурализам во земјава. Ова е клучна препорака на двајца медиумски експерти, кои изминатиот период направија студија во врска со плурализмот на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување. Студијата е изработена за потребите...

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените - кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, а кое годинава ќе...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...