fbpx
Таг: Авганистан

таг: Авганистан

Момчиња од Лојане нападнале и ограбиле мигрант од Авганистан

Тројца жители на кумановското село Лојане се осомничени дека нападнале и ограбиле 20-годишен мигрант од Авганистан во дворот од џамијата во селото, соопшти полицијата. Против Ј.З. (17), М.И. (22) и Ф.Ј. (23) била поднесена пријава за кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на осомничените им одредил триесетдневен притвор. Според полицијата, осомничените од авганистанскиот државјанин одзеле мобилен телефон и 400...

Авганистан: 28 загинати во лавина

Најмалку 28 лица загинаа во Авганистан во лавина предизвикана од обилни снежни врнежи, а се очекува бројот на жртвите дополнително да се зголеми, соопштија локалните власти. Поголем дел од жртвите го загубиле животот во провинцијата Пањсир, северно од главниот град Кабул, каде поради непрестајните снежни врнежи во последните два дена, блокирани се главните сообраќајници, па спасувачките екипи тешко се пробиваат...

Авганистан: За 24 часа се убиени 33 милитанти

Авганистанската полиција, поддржана од војската, уби 33 милитанти во текот на низата операции во земјата изведени во изминатите 24 часа, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. - Вкупно 33 вооружени талибански милитанти се убиени во последните 24 часа, за време на операциите изведени во покраините Такхар Кундуз, Бадакшан, Сар-е-Пал Кандахар Забулм Урузган, Маидан Пардак, Газни, Пакрија Харет и Фарахм - се...

Авганистан: 20 полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад

Најмалку 20 полицајци денеска загинаа, а осум се повредени при самоубиствениот напад на полициска станица во Пул-и-алам, главниот град на авганистанската провинција Лагор. Нападот на полициската станица во Пул-и-алам, 80 километри источно од Кабул, го извеле четворица бомбаши-самоубијци, така што првиот ја детонирал експлозивната направа на влезната капија во седиштето на полицијата, додека другиот се разнел во полицискиот комплекс. Двајца бомбаши-самоубици...

Убиен вториот човек на ИД во Авганистан

Вториот човек на Исламска држава во Авганистан е убиен при дронски напад на неговото возило, јавуваат светските медиуми. Мулата Абдул Рауф, авганистански милитантен командант, за кој се претпоставува дека се приклучил кон Исламска држава откако ги прекина врските со талбинаците, наводно е убиен во северната провинција Хелманд, јавува „Би-Би-Си“. Неговото возило, кое превезувало шест лица, за време на нападот пренесувало експлозиви...

Македонски војници заминаа за Авганистан

Дваесет припадници на АРМ кои треба да бидат дел од мисијата „Одлучна поддршка“ денеска заминаа во Авганистан. Во мисијата „Одлучна поддршка“ македонските мировници ќе ја обезбедуваат командата на мисијата, задача која и досега ја извршуваа припадници на АРМ во рамките на мисијата ИСАФ. На испраќањето присуствувааа и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на Армијата, Горанчо Котевски.

20 војници утре заминуваат во мисија во Авганистан

Утре во мисијата „Одлучна поддршка“ во Аганистан свечено ќе бидат испратени 20 припадници на Армијата на Република Македонија. Од Министерството за одбрана соопштија дека на свеченото испраќање ќе приуствуваат и ќе се обратат министерот Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

НАТО доби поддршка од ОН за обука на силите во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го поддржа новиот договор според кој НАТО ќе ги обучува и ќе им помага на меѓународните сили за безбедност во Авганистан, пренесуваат медиумите. Резолуцијата за ова прашање е едногласно усвоена и во неа се нагласува дека новата мисија е од значење за стабизизација на состојбите во Авганистан. Судирите во Авганистан се засилија последните неколку...

Самоубиствен напад во Францускиот културен центар во Кабул

Неколку лица се убиени, а околу 15 се ранети во самоубиствен бомбашки напад на Францускиот културен центар во Кабул, кога за време на театарска претстава едно лице во публиката се разнело со бомба, пренесуваат медиумите. Франција жестоко го осуди нападот, нарекувајќи го „варварски чин“ и повика на изведување на одговорните за нападот пред лицето на правдата. Според француските власти, во Кабул...

Кабул: Шест загинати и 10 повредени во самоубиствен бомбашки напад

Најмалку шест авганистански војници загинаа, а 10 се повредени при самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Како што соопшти началникот на полициската служба во Кабул, во нападот кој е извршен врз автобусот на војниците, има повредени и цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои тврдат дека убиени се 12, а повредени 13 лица.

САД го затвори својот притворски центар во Авганистан

САД денеска ја затворија притворската единица во Баграм, соопшти американското Министерство за одбрана, додавајќи дека веќе нема ниту еден затвореник. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска соопшти дека САД повеќе нема да имаат право да држат притвореници во Авганистан. Гани, кој истакна дека е шокиран од извештајот на американскиот Сенат, вети дека ќе истражи колку Авганистанци биле жртви на тортурата на...

(ВИДЕО) Авганистан: Застрелана птица-бомба

Авганистански полициски снајперист застрелал необична птица која летала над автопатот во провинцијата Фариаб, а која на својот грб имала антена, експлозив и електронска направа. - Птицата експлодирала откако полицијата ја застрелала, распрскувајќи „сомнителни метални објекти“ - соопшти шефот на полицијата Абдул Наби Илхам. Полицијата сè уште ги истражува остатоците од птицата, но веќе успеале да ја идентификуваат ГПС-направата и малата камера, која била...

Авганистан: Девет убиени при бомбашки напад на погреб

Најмалку девет лица загинаа, а 18 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад што денеска е извршен за време на погреб во северниот дел на Авганистан, соопштија официјалните претставници. Бомбашот-самоубиец ја детонирал бомбата додека се наоѓал меѓу луѓето од поворката, која утринава присуствувала на погребот во дистриктот Бурка, соопшти Баглан Аминулах Амаркил, шеф на полицијата на провинцијата. Според првите извештаи, загинале девет лица, меѓу...

(ВИДЕО) Кабул: Тројца убиени и 33 повредени при напад на британскиот конвој

Три лица загинаа, а 33 е повредени откако бомбаш-самоубиец нападна возило на битанската амбасада во авганистанскиот главен град Кабул. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Седик Седики, изјави дека во нападот се повредени 33 лица, а уништени се три возила. Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците, чиј портпарол соопшти дека бомбашот-самоубиец ги „нападнал странските окупаторски сили“. Портпаролот на британската амбасада во Кабул,...

Vrasje e trefishtë: U gjet trupi i vrasësit të dyshuar

  Ushtari profesionist D.M. (40), i dyshuar për vrasje të trefishtë  që sot në mëngjes ndodhi në rrethinën e Probishtipit në Zletovë, është personi trupi i të cilit u gjet i varur në afërsi të fshatit, bën të ditur nga policia, informon korrespodenti i “Metës” nga Shtipi. Siç informon polica, pasi ka vrarë viktimat, ka shkuar në shtëpi, ku ka takuar...

Авганистан: Расте бројот на загинатите во нападот на одбојкарскиот натпревар

Бројот на жртвите во вчерашниот самоубиствен напад на одбојкарски натпревар на истокот во Авганистан се зголеми на 57, откако 15 ранети во текот на ноќта им подлегнаа на раните, јавија авганистанските власти, додавајќи дека мета на нападот била локалната полиција. Портпаролот на Националната дирекција за безбедност, Хасеб Седики, соопшти дека зад нападот стои екстремистичката исламска милитантна мрежа Хакани. - Имаме докази...

САД и НАТО остануваат во Авганистан и по крајот на годинава

Авганистанскиот парламент денеска го усвои договорот со САД и со НАТО со кој на меѓународните сили ќе им биде овозможено да останат во Авганистан и по крајот на оваа година, пренесуваат амерканските медиуми. Меѓународната воена мисија во Авганистан почна во 2001 година и требаше да заврши на крајот на оваа година. Со новиот договор, кој беше ратификуван од авганистанскиот парламент, САД...

Четири талибанци убиени при напад во Кабул

Четири талибанци синоќа се убиени за време на напад на станбен објект за странски работници во главниот авганистански град Кабул. Еден напаѓач загина при активирање на експлозив во возило во близина на капијата на „Грин вилиџ“ во источниот дел на градот, додека останатите тројца екстремисти се убиени во размена на оган со полиција, соопшти полицискиот претставник Мохамед Захир. Како што пренесува...

(ВИДЕО) Десет полицајци убиени во серија напади во Авганистан

Најмалку 10 полицајци денеска загинаа во серија бомбашки напади на истокот на Авганистан, соопштија властите во Кабул. Седум полицајци утринава загинаа во провинцијата Логар, каде бомбаш-самоубиец влезе во седиштето на полицијата и ја активира експлозивната направа што му била врзана околу појасот. Тројца полицајци се убиени во провинцијата Нангархар, при екслозија на автомобил-бомба. Главното седиште на полицијата во Кабул вчера беше мета...

Котески: АРМ ќе учествува во новата мировна мисија на НАТО во Авганистан

Армијата на Република Македонија (АРМ) својата соработка и лојалноста кон НАТО ја искажува, меѓу другото, и со извршувањето на мировните операции кои се предводени од алијансата, изјави денеска началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, по средбата со претседавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, пренесува „Утрински весник“. - Во однос на понатамошната поддршка на нивните операции,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...