понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Атина | 169 резултати

Делегација на Стопанска комора утре на бизнис-форум во Атина

ноември 29, 2018

Делегација на Стопанската комора на Македонија, утре ќе учествува на еднодневен бизнис-форум во Атина и на билатерални средби помеѓу македонски и грчки стопанственици, информираат од таму. Настанот, Комората го организира во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка помеѓу двете држави. Во делегацијата ќе учествуваат компании-членки на Комората од […]

Новата амбасадорка на САД, Кејт Брнс, за разочараноста од Иванов и за 27 април

ноември 8, 2018

Новата амбасадорка на САД Кејт Мери Брнс (Kate Marie Byrnes) која е предлог на претседателот Доналд Трамп и која треба да ја потврди Сенатот, доаѓа од Атина каде што ја врши функцијата заменик амбасадор, а на претходната функција како претставник на САД во ОБСЕ во Виена веќе ги коментираше состојбите и настаните во земјава. Во мај […]

Османи во Атина на средба со Катругалос

ноември 1, 2018

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска е во работна посета на Атина каде ќе се сретне со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по која двајцата функционери ќе имаат изјава за медиуми. Од Секретаријатот за европски прашања велат дека ќе стане збор за билатералните односи меѓу двете земји, Договорот од Преспа […]

Бујар Османи утре од Атина во Скопје се враќа со првиот лет по повеќе од една деценија

октомври 31, 2018

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре ќе отпатува во работна посета на Атина, од каде ќе се врати со авион, со првиот лет меѓу Скопје и Атина по повеќе од една деценија, соопштија од кабинетот на Османи. Тој во Атина ќе се сретне со заменикот министер за надворешни и европски работи на Грција, Јоргос […]

Сценарија околу ратификацијата на Договорот за името во грчкиот парламент

септември 27, 2018

Додека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја завршува посетата на САД, се развиваат различни сценарија дали и колкав број пратеници во ќе гласаат кога Договорот од Преспа ќе дојде на ратификација во грчкиот парламент, јавува допосничката на „Мета“ од Атина. Потпретседателот на партијата Независни Грци, коалицискиот партнер на владата, Панајотис Сигуридис денеска изјави дека пратениците треба […]

Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван

септември 25, 2018

Панос Каменос, лидерот Независни Грци, помалиот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, сè уште стои на ставот дека неговтата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа кога тој ќе дојде во грчкиот парламент. – Договорот нема да биде ратификуван. Ние, владините партнери ќе сториме се што е во наша моќ тој […]

Обвинителство почна истрага за говорот на омраза во врска со пожарите кај Атина

јули 25, 2018

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас оформила предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Станува збор за постови за пожарот во близина на Атина. „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено […]

Црвен крст со повик за помош на настраданите во пожарите во Грција

јули 25, 2018

Пожарите кои го зафатија подрачјето на градот Атина во Грција во кој загинаа 76 лица предизвикаа големи материјални штети кои го погодија населението. Од Црвениот крст на Република Македонија велат дека континуирано ја следат состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно ќе дејствуваат. Од таму […]

МНР препорачува да не се патува во регионите на Атина зафатени од пожар

јули 24, 2018

Заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, од Министерството за надворешни работи препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во тие региони. „Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето дипломатско конзуларно претставништво во Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. […]

На 8 јули и во Атина протест за одбрана на „Македонија“

јуни 6, 2018

По денешните протести низ северна Грција, протест за одбрана на името „Македонија“ ќе има и во Атина, на централниот плоштад Синтагма, на 8 јули, само неколку дена пред Самитот на НАТО. Протестот во Атина, како што пишува весникот „Прото тема“ го организира Здружението за заштита на правата на Власите кои зборуваат грчки (Влахофоните) во Македонија […]

Ѕанакопулос: Нам не ни се брза, чекаме Заев да ни се јави ако ги прифаќа условите

јуни 4, 2018

Во 13 часот денеска, грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина има средба со Вартоломеј. Во светлина на последните настани со писмата на македонскиот премиер Зоран Заев и на Светиот синод до Вселенската патријаршија, оваа, инаку протоколарна средба добива ново значење. Во врска со преговорите околу името од Атина велат дека „тие чекаат Заев да се […]

Во Скопје и Атина се пребројуваат раните и се лечат повредите од „Илинденска“

мај 21, 2018

За помалку од 48 часа од промоцијата на „новото“ име, и во Скопје и во Атина се бара излез и од оваа нова ситуација. Премиерот Зоран Заев, на лидерската средба доби поддршка (значајна) само од коалицискиот партнер ДУИ, но изостанаа другите чинители. Неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, помина уште полошо – доби цврсти четири „не“ […]

Грчката влада демантира: Само сложено име за сите употреби ги отвора вратите на ЕУ и НАТО

мај 14, 2018

Промената на уставното име на Македонија е услов за поддршката на Грција за интеграцијата на соседот во ЕУ и НАТО, нагласуваат владини извори, кои ги пренесува грчката државна телевизија ЕРТ, како реакција на информациите кои ги пласираше десничарскиот весник „Естиа“. Според грчката влада, тврдењата на весникот дека “НАТО како ПЈРМ и со цврст меѓународен договор“ не […]

Шилегов и Каминис потпишаа договор за соработка на Скопје и Атина

април 27, 2018

Договор за соработка помеѓу градовите Скопје и Атина потпишаа денеска во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис. – Со потпишувањето на овој договор, со Атина ќе разменуваме информации, искуства и добри практики и ќе негуваме соработка во разни области на работа и надлежности, како што […]

Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски на 18 мај

април 27, 2018

Во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое се одвиваше зад затворени врати. Одлукaтa на судот ќе биде соопштена нa 18 мaј. За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа […]

Атинскиот градоначалник во прва посета на Скопје

април 26, 2018

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Скопје, во текот на која со градоначалникот Петре Шилегов ќе потпише спогодба за соработка меѓу двата града. Тоа ќе биде втора средба на градоначалниците на Атина и Скопје. Тие прв пат се состанаа во главниот град на Грција во почетокот на февруари […]

Затворена сатиричната „Фејсбук“ страница на која беа грчките „крволочни“ постери

март 23, 2018

Грчката сатирична страница на „Фејсбук“ „Елинико Христианико Етностедон (Грчко-христијански етноседатив) од која произлегоа постерите што на 1 и 2 февруари годинава беа објавени од многу македонски медиуми со толкување дека станува збор за националистички постери со кои се повикува на учество на големиот протест против Македонија во Атина, е згасната повеќе од десетина дена. Страницата […]

„То вима“: Грчките лидери го немаат луксузот на времето, итно ни треба единство

март 12, 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во 16.30 часот по локално време ќе се сретне Ставрос Теодоракис, лидерот на партијата „Потами“ и ќе разговара со формирањето на Совет на национална безбедност и „за други национални праашања“, јави грчката новинска агенција АНА-МПА. Истовремено, провладината „То вима“ објави коментар под наслов „Итно да се обезбедни национално единство“ во […]

Атинскиот градоначалник за солунскиот колега: Бутарис е вистински патриот

февруари 15, 2018

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис откако се најде под жесток притисок за предлогот за евентуална промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, доби поддршка од својот атински колега Јоргос Каминис, кој на „Твитер“ го опиша како „вистински патриот“. „Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, напиша Каминис […]

Атина била „вознемирена“ од тајмингот на посетата на Заев на Анкара

февруари 14, 2018

Грчката влада не крие дека е вознемирена оти премиерот Зоран Заев „побрзал“ да ја посети Анкара и „да побара јавна поддршка од Турција“. Во Атина сметаат дека овој потег ја отвора вратата за поголема улога на Турција на Балканот, особено во овој период кога грчко-турските односи пак се во криза, овој пат околу островите Имиа, […]

Страна 2 од 9