Таг: Арбр Адеми
таг: Арбр Адеми
Навредливите книги за Албанците не можат да се коригираат, ќе потикнеле „етнички тензии“
Сé уште не е познато кога ќе се коригира делот со навреди кон Албанците во книгите по историја и географија, за втора година средно образование. Со користењето на овие книги, „Порталб.мк“ напиша, дека се прекршува Законот за основно и средно образование.
Но, според министерот за образование и наука, Арбер Адеми сега не е време да се направи корекција.
„Јас велам дека...
ДУИ оцени дека изборите биле демократски и граѓаните слободно ја изразиле волјата
Оценката на ДУИ е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја, изјави шефот на изборниот штаб на партијата, Арбер Адеми, по затворањето на гласачките места во 19 часот.
- Владата на Македонија покажа капацитет за организирање на демократски избори. Гласањето веќе е завршено и процесот на броење на гласовите е почнат - рече Адеми и додаде дека кога...
Алтхаузер: Кризата трае долго и е длабока, очекуваме формирање функционална влада
Меѓународната заедница очекува формирање функционална влада која ќе се посвети на спроведување на итните реформи за евроинтеграциите, истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“, која се одржа во Секретаријатот за европски прашања.
- Кризата во Македонија трае долго и е длабока. Поминаа четири месеци од изборите, па сите, и меѓународната заедница...
Адеми: Извесно е дека и оваа година ќе добиеме условена препорака поради политичката криза
„Целосно сме свесни за последиците што може да произлезат од евентуалните компликации околу изборите, но и околу работата на СЈО. До тоа никој не сака да дојде, а одговорноста ќе биде на политичките партии“, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Арбер Адеми, во интервју за „Радио Слободна Европа“.
- Најголемиот предизвик е пред нас, а тоа е да покажеме и да докажеме дека имаме...
Адеми и Дезир разговараа за политичката ситуација и за Договорот од Пржино
За време на неговата посета на Париз, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, на средбата со државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи, Арлем Дезир, разговарал за политичката ситуација во земјава и за обврските што произлегуваат од политичкиот договор.
Адеми, како што се наведува во соопштението, ја нагласил оценката на политичките лидери дека се исполнети условите...
Адеми и Даниелсон разговарале за изборите, реформските приоритети и за ИПА-фондовите
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување и за соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, со кој разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, претстојните парламентарни избори, реформските приоритети, како и за ИПА-фондовите.
„Двајцата соговорници констатираа дека оценката на политичките лидери дека се исполнети условите...
Адеми во Братислава: ЕУ не треба да ја заборави политиката на проширување
Вицепримерот задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, на покана на Словачкото претседателство со Европската Унија, учествувал на неформалниот состанок на министри за европски прашања, организиран во рамките на Советот за општи работи на Европската Унија, кој се одржал во Братислава на 24 и на 25 јули.
На состанокот, како што информираат од кабинетот на вицепермиерот Адеми, учествувал и евокомесарот за...
Адеми и Орав го поздравија постигнувањето на договорот меѓу партиите
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Арбeр Адеми, и евроамбасадорот во заминување Аиво Орав го поздравиле постигнувањето на политичкиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Двајцата соговорници, како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, изразиле согласност дека сега од круцијално значење е целосната имплементација на договореното и дека и понатаму останува важноста на спроведувањето на итните...
Арбер Адеми ја презеде должноста вицепремиер од Фатмир Бесими
Новоназначениот заменик претседател на Владата на Република Македонија, Арбер Адеми денеска и официјално ја презеде должноста од неговиот претходник Фатмир Бесими.
Бесими на примопредавањето го запознал Адеми со тековните проекти на Секретаријатот и му посакал успешно продолжување на патот кон европска интеграција на земјата.
Новиот вицепремиер Адеми е доктор на правни науки на Правниот факултет во Тирана.