петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Арбен Таравари | 109 резултати

УНИЦЕФ го поздрави отворањето на училиштата, Таравари вели да се размисли за одложување на стартот на учебната година

август 19, 2021

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на прес-конференција денеска истакна дека се согласува оти наставата треба да започне со физичко присуство, но и дека треба да се размисли за одложување на почетокот на учебната година. „Мислам дека треба учениците да одат во училиште, меѓутоа бројките се загрижувачки. Факт е дека бројките се покачуваат и во Германија, […]

Медиа Плус: Таравари дезинформира со тврдењето дека македонската влада не нарачала 800.000 вакцини преку Ковакс

февруари 19, 2021

Тврдењето на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари во текот на гостувањето на ТВ Алсат М (18.02.2021), дека за Македонија се резервирани само 103.200 дози на вакцини е неточно и со тоа тој ја дезинформира јавноста, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа, што ја пренесуваме во целост. „Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс […]

Амбасадорката Галовеј во посета на Гостивар, се сретна со градоначалникот Таравари и општински советници

ноември 12, 2020

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска оствари посета на Општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот Арбен Таравари и со општинските советници, информираат општинските власти. Проблемите со кои се соочува општина Гостивар, досегашните инвестиции, проектите што се очекува да се реализираат во иднина, справувањето со пандемијата Ковид-19 беа теми на денешната средба. Градоначалникот Таравари ѝ […]

За месец и пол, 109 вработени во градинки и 33 деца биле позитивни на ковид-19

октомври 30, 2020

Согласно последните податоци на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), од првиот ден кога градинките почнаа да примаат деца на 9 септември досега, регистрирани се вкупно 109 вработени лица во градинка кои биле позитивни на ковид-19 и 33 деца кои посетувале градинки, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. – Дел од […]

Таравари во Брисел на средба со Хан и тројцата европратеници

јануари 9, 2019

Генералниот секретар на Алијансата за Албанци и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, денеска отпатува на официјална посета во Брисел. Како што соопштија од партијата, во текот на дводневниот престој, Таравари ќе има средби со високи претставници на институции на ЕУ, како и со поддржувачи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, како што […]

Таравари негира дека во Гостивар се гради без документација

август 10, 2018

По денешните обвинувања од огранокот на ДУИ во Гостивар дека градоначалникот Арбен Таравари гради без документација куќа на простор предвиден за спортски терен во Осмата зона во Гостивар, Таравари рече дека во општината се работи по прописите, а тоа што фирма на негов роднина ја гради куќата не значи дека станува збор за кршење на […]

ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на простор предвиден за спортски терен

август 10, 2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој од една страна симулира акции за рушење на дивоизградени објекти, додека во реалноста го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти, и тој и негов роднина на место предвидено за спортски терен градат куќа кршејќи ги прописите, обвини ДУИ. Како што рече Башким Хасани, потпретседател на огранокот на […]

Таравари: Без Алијансата за Албанците немаше да има влада, жал ми е за Заев

декември 24, 2017

Заев вели дека Министерство за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Министерство за здравство тој прати една незрела вест, вели градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на својата „Фејсбук“ страница. „На ова оправдување […]

Таравари стана градоначалник на Гостивар, Бејта му ја честиташе победата

октомври 29, 2017

Кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, според првичните резултати од ДИК, го победи неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, и стана нов градоначалник на општина Гостивар. Тој ги критикуваше премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се мешале во изборите и изјави дека очекува во Владата на неговото место во […]

Ахмети прогласи победа на ДУИ во Кичево и во Пласница, Таравари води во Гостивар

октомври 15, 2017

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прес-конференција во седиштето на партијата прогласи победа на нивните кандидати во Кичево и во Пласница – Фатмир Дехари и Исмаил Јахоски. – Кандидатите на ДУИ се во водство и во другите општини каде што имаме поднесено кандидатури за градоначалници – рече Ахмети. Според првичните неофицијални информации од партискиот штаб на […]

Петте кандидати за Гостивар ветија транспарентност и решенија за проблемите

октомври 6, 2017

На дебатата од карванот „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“, „Вистиномер“ и телевизијата „Арт“, во Гостивар петте кандидати за градоначалник на општината, секој посебно, ветија решавање на сите проблеми на граѓаните. Во дебатата водена од новинарката Јета Џара, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Асаф Адеми од Беса, Невзат Бејта од ДУИ, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да каже кои експерти одлучуваат за изградбата на клинички центар

септември 23, 2017

По загубени четири месеци, Владата и министерот за здравство, Арбен Таравари, сфатија дека не можат да градат нов клинички центар на друга локација освен во рамките на веќе постојниот каде што владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за градба и се обезбедија пари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за здравство, Арбен Таравари. […]

Таравари: Советот за јавни набавки е виновен за доцнење на испораката на лекови

септември 23, 2017

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вината за доцнење на испораката на некои лекови ја лоцира во Советот за јавни набавки, а не во Министерството за здравство. Тој појасни дека кога пред шест месеци една фирма конкурирала за испорака на лекови, немало проблем, а сега, кога истата фирма конкурира со истите стандарди, има проблем пред Советот за јавни […]

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

септември 10, 2017

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. – Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат […]

Таравари ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар

септември 3, 2017

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар, објави порталот „Сакам да кажам“. Според извори од партијата на Зијадин Села, по неуспешните преговори со Беса за заеднички да настапат на претстојните локални избори, тие одлучиле во Гостивар да настапат самостојно, а нивен кандидат да биде Таравари. – […]

Ако е здравството во хаос, тоа не е од времето на Таравари

август 31, 2017

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во врска со состојбите во здравството, земајќи ја како повод смртта на три новороденчиња од пред неколку дена во Клиниката за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје, која ја оценуваме како недоследна, пишува „Вистиномер“. „Претставничка на ВМРО-ДПМНЕ, по повод смртта на три новороденчиња од пред неколку дена во […]

Таравари: Смртноста на новороденчињата ме погодува, но упорен сум да го решам проблемот

август 30, 2017

„Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но имам волја“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. „Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. […]

Таравари: Сите јавни здравствени установи се во долгови

август 29, 2017

Сите јавни здравствени установи, без исклучок, се во долгови и треба да се направи анализа и да се види чија е одговорноста, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. – Одговорноста не е само на еден директор, туку на сите директори. Се надевам дека новите директори нема да направат такви грешки и редовно ќе ги […]

Таравари: Ако има неправилности во третманот на починатите бебиња, ќе има законски мерки

август 24, 2017

Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово се сретнал со директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), Викторија Јовановска која го информирала за протоколот за лекување на трите бебиња кои починаа вчера. Од ГАК исто така информирале дека, претходно пациентката трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово, поради гинеколошко крварење. Од Клиниката „одговорно тврдат […]

Крај за сините картони – се бара решение за електронските здравствени картички

август 18, 2017

Сини картони од денеска нема да се користат при одење на лекар, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција. Тој истакна дека електронската здравствена картичка (ЕЗК) која се користи од 2012 година и има важност од пет години, ретко се применува. За решавањето на овој проблем, Таравари рече имал средби со двајцата директори на […]

Страна 4 од 6