вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Арбен Таравари | 109 резултати

Претседателски избори: Сите го бараат гласот на младите, но што нудат за возврат?

април 22, 2024

Среде жестоките политички кампањи на претседателските кандидати кои веќе неколку недели се борат за вниманието и гласовите на граѓаните, а меѓу нив и на младите, се наметнува прашањето: што навистина нудат за возврат кандидатите за прв човек/жена на нацијата? Седуммина кандидати влегоа во трката за македонски претседател, а млади лица можеа да се забележат во […]

ДИК ги потврди седуммината кандидати за претседател

март 21, 2024

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно ги усвои кандидатурите на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Ванковска-Цветковска и Бујар Османи за претстојните претседателски избори, во рамки на кои, првиот изборен круг ќе се одржи на 24 април, а вториот, на 8 мај. Таравари и Јакимовски во рок од 48 часа […]

Заврши собирањето потписи за претседател, останаа седум кандидати

март 9, 2024

На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидат за претседател, со што останаа седум кандидати од вкупно 15. Тие се Стево Пендаровски од СДСМ со обезбедени 22.412 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени 28.086 граѓански потписи, Бујар Османи од ДУИ со 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 11.605 потписи, Билјана Ванковска […]

Пендаровски, Силјановска-Давкова и Османи влегуваат во претседателската трка

февруари 22, 2024

Најголемите политички партии ги обзнанија кандидатите за претседателските избори на ден пред почетокот на рокот за собирање потписи. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на овие избори, јавија неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата. Ова е трет настап на Пендаровски на изборите за претседател на државата, […]

На конгресот на Алијанса на Села, го разрешиле Таравари

февруари 18, 2024

Борбата меѓу двата непријателски табора во Алијанса за Албанците продолжи денеска, кога се одржа и вториот конгрес за неколку дена на „Алијанса за Албанците“. Имено, во Опера и Балет во Скопје, денеска се собраа делегати свикани од поранешниот партиски лидер Зијадин Села. На конгресот е донесена одлука за смена на сегашниот партиски претседател Арбен Таравари […]

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

февруари 18, 2024

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура […]

Изборите распишани, партиите ќе најавуваат кандидати во следните две недели

февруари 15, 2024

По вчерашното распишување на претседателските и парламентарните избори, се очекува политичките партии да почнат со најавување на своите кандидати за двата изборни процеси. На 24 април ќе се одржи првиот круг на претседателските избори, а на 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, заедно со вториот круг на претседателските избори. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска […]

На 18 февруари на Конгрес ќе се одлучува дали ќе се разреши Таравари од лидер на Алијанса за Албанците

февруари 10, 2024

Дали лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари ќе остане претседател на партијата ќе се знае на 18 февруари кога партискиот Конгрес ќе одлучува по иницијативата за негово разрешување која денес ја поднесе Централното собрание на партијата чиј претседател е Зијадин Села. Централното претседателство денеска заседаваше со часови, а Села изјави дека за поведување на […]

Алијанса за Албанците предложи нови министри за здравство и за информатичко општество

февруари 7, 2024

Отворената „војна“ меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села од Алијанса за Албанците сè повеќе се разгорува. Откако приврзаниците на Села вчера предложија разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу, денеска дадени се предлози за двајца нови министри кои би ги замениле. „Управниот совет на Алијансата за Албанците со […]

Таравари и Мицкоски не се сретнале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 31 јануари

февруари 7, 2024

ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека Арбен Таравари и Христијан Мицкоски имале средба во партиското седиште. Телевизијата Клан испрати соопштение дека не е точна првично објавената информација од нивната телевизија, дека автомобилот на Таравари бил снимен во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на […]

Разрешени двајца директори од Алијанса, Меџити и Алиу обвинуваат: „ДУИ фрла масло на огнот“

февруари 6, 2024

На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците (АА). Ова се случува во период на големи турбуленции во партијата од албанскиот политички блок, каде во директен судир влегоа Арбен Таравари и Зијадин Села. […]

Алијанса бара разрешување на министрите Меџити и Алиу

февруари 6, 2024

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити. „Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта […]

Таравари: Куршумот потсетува на Италија кога мафијата го уби Фалконе

февруари 5, 2024

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. „Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот […]

Врие во Алијанса за Албанците, на конец виси тандемот Таравари-Села

февруари 5, 2024

Кулминира внатрепартиската битка во Алијанса за Албанците, меѓу лидерот на партијата Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села, која постоеше и претходно, но зовре при отворањето на прашањето за коалицирање на претстојните избори. Таравари неодамна беше кај косовскиот премиер Албин Курти заедно со опозиционерите, а вчера објави дека со потписи добил подршка […]

Условените оставки на министрите на ДУИ наидоа на различно толкување кај партиите

јули 31, 2023

Различни толкувања од политичките партии има по вчерашното поднесување на условени оставки од министрите и владините функционери на ДУИ. Од СДСМ велат дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација. Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека нивната позиција е јасна, односно дека уставни […]

Рамиз Мерко на црната листа на САД, во јавноста бројни реакции за потегот

јуни 21, 2023

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се најде на црната листа на САД поради негова вмешаност во значителна корупција, а откако Стејт департментот му забрани влез во САД на Мерко, со реакција се јави и амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер. Агелер потенцира дека САД ќе продолжи да се бори против секој оној кој го поткопува […]

Британскиот амбасадор Метју Лосон ја посети општина Гостивар

јануари 31, 2023

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска во неговиот кабинет го прими британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон. Тој му се заблагодарил за континуираната поддршка на Обединетото Кралство, како еден од нашите најважни сојузници во НАТО, за развојот и стабилноста на земјата. Ова е прва посета на амбасадорот Лосон на Гостивар. „Со амбасадорот Лосон се […]

Таравари: Мислам дека овде завршува нашата приказна со Данела Арсовска во Скопје

јули 7, 2022

Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 изјави дека можен е крај на соработката на Алијансата на Албанците со скопската градоначалничка Данела Арсовска, доколку е разрешен директорот на ЈП „Комунална хигиена“, којшто е нивен кадар. Таравари на гостувањето потврди дека лицето кое […]

Општеството потфрла во човечноста, бојкотот предизвикува болка кај децата со Даунов синдром

февруари 3, 2022

Од денес четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради тоа што директорот Зијадин Нуредини и наставниците попуштиле под притисокот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Ембла вчера, како што […]

Таравари победи во Гостивар, кандидатите на ДУИ станаа градоначалници во Кичево и Струга

октомври 31, 2021

Кандидатот на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Арбен Таравари победи во вториот круг од изборите во Гостивар, додека кандидатите на ДУИ во Кичево и Струга се пред победа за градоначалничките места во овие два места. Досегашниот градоначалник на Гостивар Таравари прогласи победа. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на пребројани 99,89 отсто од гласовите, […]

Страна 3 од 6