fbpx
Таг: Апелација

таг: Апелација

Се одложи јавната расправа во Апелација за затворската казна за Груевски

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска на самиот почеток беше одложена јавната седница на која се разгледува жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра, со која тој доби двегодишна затворска казна. Одложувањето беше поради отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на...

Апелација на 30 и 31 август ќе одлучува за затворската казна на Груевски во „Тенк“

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе расправа за жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за казната затвор од две години за случајот „Тенк“, за набавка на блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра, објави „СДК“. Груевски на 23 мај годинава е неправосилно осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади...

Апелација ги замени условните казни со затворски за тепачите од Собранието

Скопскиот Апелациски суд ги преиначил во затворски првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април 2017 година, јави Алсат М. Девет обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите истиот месец им пресуди условни казни. По жалбите на Обвинителството, Апелација условните ги преиначи во ефективни затворски казни и сите...

Една година затвор за поседување оружје за дедото на малата Тамара

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година. На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид...

Апелација му ја укина затворската казна на бегалецот Грујевски за „Тврдина 2“

Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата за поранешниот  началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, во предметот на СЈО „Тврдина 2“. Со пресудата, Грујевски кој сега е бегалец во Солун, беше осуден на година и пол затвор за уништување списи и документи за незаконското прислушување. Тоа значи дека за овој предмет, судењето за Грујевски треба да почне од...

„Диво Насеље“: Пресудата се преведува, жалбите се процесуирани, предметот оди во Апелација

На 2 ноември минатата година, две години и пет месеци по настаните 9 и 10 мај 2015 година во кумановската населба, и година и осум месеци по почетокот на судењето на 8 февруари 2016 година, Основен суд Скопје 1 ги изрече првостепените пресуди против обвинетите. Осуммина обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните во кумановско Диво Насеље од 9...

ЗНМ: Неодговорното однесување на некои судии е заобиколен обид за лиценцирање на медиуми и новинари

Здружението на новинари на Македонија е незадоволно од начинот како Граѓанскиот суд во Скопје и Апелацискиот суд во Скопје го применуваат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, рече денеска на прес-конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој додаде дека „и покрај јасната одредба во законот, кој ја регулира одговорноста на електронските публикации, овие судови продолжуваат да ги одбиваат тужбите...

Апелација го потврди притворот на Митко Чавков

Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи и екс директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков останува во притвор. Од Апелација велат дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во притвор на...

Пешевска останува во куќен притвор, пресече Апелација

Апелацискиот суд ја потврдил одлуката на Кривичен суд, за продолжување на куќниот притвор на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година. На денешната јавна седница таа кажа дека не сторила тероризам и не ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Пешевска се произнесе дека не е виновна и бараше да и се укине куќниот притвор. - Не...

Не сум сторила тероризам, со моето апсење е прекршен Уставот, рече Пешевска во Апелација

Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Повреден е законот и Уставот со моето апсење. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје за продолжувањето на куќниот притвор кој и беше изречен,...

Пепиќ вели дека во Собранието бил службено, а по негова идеја ја евакуирале Шекеринска

Мунир Пепиќ, полицискиот службеник осомничен поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, до Советот кој во Апелациски суд – Скопје денеска ја разгледува неговата жалба за новиот притвор, рече дека во Собранието бил на задача оти следел едно лице, а потоа помогнал во евакуацијата на Радмила Шекеринска. Неговиот адвокат Еленко Миланов од Советот на скопска Апелација, кој решава...

Обвинителството бара да се укине притворот на актерот Владо Јовановски

Претставникот на Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски до Советот кој во Апелациски суд - Скопје денеска ја разгледуваше жалбата за притворот за актерот Владо Јовановски поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, побара актерот да биде пуштен од притвор и да му се изрече поблага мерка за обезбедување присуство. Според Цветановски, Советот на Основен суд Скопје 1...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во „Тортура“

Апелацискиот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како докази. „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки. Обвинетите се товарат...

Апелација денеска ќе ја соопшти одлуката дали „бомбите“ за „Титаник 2“ ќе станат докази

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ја соопшти одлуката дали „бомбите“ ќе се користат како докази во предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изборни нерегуларности „Титаник 2“. На јавна седница во скопскиот Апелациски суд, СЈО ги изнесуваше своите аргументи зошто снимките од прислушуваните разговори треба да бидат вклучени како докази во „Титаник 2“. Станува збор за две снимки од разговори, од...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази и за „Тенк“

„Бомбите“, осносно прислушуваните разговори за купувањето на луксузниот мерцедес од над половина милон евра, ќе бидат дел од доказниот материјал во судењето за случајот „Тенк“, одлучи Апелацискиот суд. Во Апелација вчера имаше јавна седница на која претседателката на судот Љиљана Ивановска Шопова и судиите Африм Фидани и Јани Нича, одлучуваа по жалбата на СЈО, Основниот суд Скопје да ги отфрли...

Апелациja го прекрши законот и донесе скандалозна одлука, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопскиот Апелациски суд го укина решението на Основниот суд во Скопје, со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните разговори да не бидат доказ во кривична постапка, а со тоа направи класично прекршување на законот и донесе скандалозна одлука спротивно на правото и спротивно на која било логика и рационално размислување. Ова денеска на прес-конференција го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. -...

Врховен суд денеска ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Иако требаше да почне вчера, седницата на Врховен суд на која треба да се решава за жалбите на одлуките на Апелациски суд Скопје за притвор за обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ќе биде одржана денеска. Одбраната на обвинетите се жалеше до Врховниот суд на одлуките на Апелцискиот суд со кои беше прифатено барањето за притвори што го...

Апелација ги разгледува жалбите на СЈО и на Канческа-Милевска

Во Апелациски суд - Скопје денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Жалби до Апелацискиот суд имаат поднесено и Специјалното јавно обвинителство, кое бара да се поништи одлуката на првостепениот суд и на Канчевска-Милевска да ѝ се одреди притвор, но и обвинетата, која исто...

Апелација се прогласи за ненадлежна за прислушуваните материјали

Апелацискиот суд Скопје се прогласи за ненадлежен по жалбите на Обвинителството за користење на прислушуваните материјали и ги врати списите од предметот до првостепениот суд. Во дописот со кој жалбите се враќаат на надлежно постапување на овој суд се наведува: „Согласно чл. 93 од ЗКП, кој се однесува на издвојување доказ, е предвидено дека кога врз некој доказ не може да се...

Апелација утре ќе расправа за „Монструм“

Скопскиот Апелациски суд утре ќе расправа за случајот „Монструм“, односно по пресудите за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Одбраната ќе ги образложи своите аргументи и ќе побара укинување на првостепената пресуда. Ќе се расправа и за едната ослободителна пресуда, која обвинителството претходно ја обжали.  

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...