недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: апел | 97 резултати

РСБСП апелира до возачите да возат одморени за време на долгите патувања и почесто да прават паузи

јули 23, 2021

Летото е период кога температурите секојдневно се издигнуваат над 30°C. Во вакви услови возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност. Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот. Со цел безбедно патување, Републичкиот совет […]

ЈП „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата

јули 14, 2021

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување. „Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови […]

Филипче апелираше на почитување на мерките за Велигден и да нема причест во храмовите

април 29, 2021

Ако има најава за причестување од иста лажичка тоа го осудувам и апелирам да не се прави, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешниот настан на примопредавање на донација од Словачка на четири респиратори за Клиниката за детски болести. Тој уште еднаш повтори дека верските лидери се обврзале да апелираат до […]

МВР со апел до родителите: Обрнете внимание на активностите на децата на социјалните мрежи

март 4, 2021

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира до јавноста, особено до родителите, да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи откако од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. „Спорeд досегашните сознанија, вакви повици […]

Одбележана годишнина од немањето матичен гинеколог во општина Шуто Оризари

јануари 22, 2021

Иницијативата на жени од Шуто Оризари денеска ја одбележа годишнината од немање на матичен гинеколог во нивната општина. „Од 8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19, откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација“, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари. […]

Дијабетичарите бараат да им се спасат очите – од почетокот на корона кризата „не виделе“ aflibercept

ноември 19, 2020

Од март оваа година, кога се распламти корона-кризата во земјава, дијабетичарите со дијабетна ретинопатија не добиле терапија со aflibercept, која е воведена уште минатата година, алармираше Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија преку писмо до министерот за здравство Венко Филипче и Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија (ФЗОМ), споделено и со јавноста. […]

Филипче: Славите и празниците кои се пред нас да ги прославиме само со најблиските

ноември 8, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче, по повод претстојните слави и празници, апелираше да се прослават во кругот на најблиските. „Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но […]

Крушевските средношколци со иницијатива утре да не се користат автомобили

септември 21, 2020

Крушевските средношколци од училиштето „Наум Наумовски Борче“ испраќаат апел до сите граѓани и туристи во Крушево, утре да се приклучат кон одбележување на Светскиот ден без автомобили, така што нема да ги користат своите возила. „Како ученичка заедница на средношколци повикуваме да се приклучите и да дадете свој придонес, со тоа што не би ги […]

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

јули 5, 2020

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да […]

МБА: Корисниците на платежна картичка да чекаат информации од банките и да не прават метеж пред филијалите

јуни 17, 2020

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека сите членки вклучени во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до крајните корисници над 330.000 платежни картички, се посветени на неговата реализација, преземајќи ги сите мерки соодветни за заштита на јавното здравје. „Секоја од банките има свој протокол за издавање на […]

Спасовски: Ќе се казнуваат оние кои ќе допатуваат од странство, а нема да се самоизолираат

март 16, 2020

Техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати апел до сите граѓани, особено до оние кои патуваат кон Македонија, сериозно да ги следат упатствата и препораките на надлежните, да бидат на висината на својата лична одговорност. „Апелирам до граѓаните, кога ќе пристигнат на граница да кажат точно од каде патуваат и потоа да одат во самоизолација 14 дена. […]

МНР: Нашите државјани кои се во земји со висок и среден ризик, да го одложат враќањето

март 13, 2020

Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, упатува апел до сите државјани на Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Македонија во овој период. Целосната листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука. „Министерството за надворешни […]

Граѓаните што допатувале од регионите со корона вирусот, да се јават во центрите за јавно здравје

февруари 27, 2020

Владата апелира сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со корона вирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје. „Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните […]

Филипче повика да не се шират лажни вести за заболени од корона вирус во државава

февруари 25, 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот твитер-профил повика да не се шират лажни вести за присуство на корона вирус во државата. „На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од корона вирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од корона вирус. […]

Властите апелираат граѓаните да не палат огнови на отворено

октомври 30, 2019

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелираат до граѓаните одговорно да се однесуваат на отворено, со цел да се даде максимален национален придонес кон намалување на заканите од пожари кои во периодот беснееат на целата територија на државата. „Посебно апелираме земјоделците да не ги палат стрништата и […]

Сугарески: Општините да подготват проекти за водоводи и канализации

септември 10, 2019

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески очекува до крајот на годинава општините да ги завршат проектите со кои доцнат за изградба на водоводна и канализациска инфраструктура. Одговарајќи на новинарски прашања, тој изјави дека е жално што во 21 век се уште се зборува за изградба на водоводи и канализации за кои, како што вели, […]

МВР апелира за достоинствен пречек на ракометарите на „Вардар“ без инциденти

јуни 3, 2019

МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на нашите европски шампиони и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на инцидент, како што тоа беше направено на синоќешната прослава, информираат од таму. „Апелираме до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на […]

Неколку сообраќајници низ градот, утре ќе бидат затворени за сообраќај

април 16, 2019

Министерство за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени неколку сообраќајници. „На улицата 1732 (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06 до […]

Џафери апелира за фер и регуларни избори, а граѓаните да го искористат правото на глас

март 28, 2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати апел за фер и регуларни избори до граѓаните, политичките партии, но и до кандидатите за претседател пред почетокот на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално стартува на 1 април. Тој додаде дека тоа е во интерес на државата и е еден од условите за почеток на  датумот за […]

Од „Комунална хигиена“ апелираат градежниот отпад да не се одлага во контејнерите

март 22, 2019

Во текот на изминатите неколку дена, во Општина Чаир, eко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Благоја Паровиќ, информираат од претпријатието. „Екипите на Претпријатието беа приморани рачно да го извадат градежниот отпад од садовите, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни […]

Страна 2 од 5