fbpx
Таг: антиваксери

таг: антиваксери

Вистиномер: Дезинформација е дека 90 проценти од починатите се вакцинирани

Фејсбук објава без докази и извори од релевантни институции, шири невистини дека 90 проценти од починатите овој месец се вакцинирани, додека анализите на Министерството за здравство покажуваат дека 79 отсто од починатите и 69 отсто  од новозаразените во изминатите  4 месеци се токму невакцинирани лица, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се  изнесуваат...

Вистиномер: Инспекторите не се Гeстапо, ниту, пак, медиумите форсираат присилна вакцинација

Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19....

Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули. „Ние имаме Закон за заштита на...

Вистиномер: Вакцините не убиваат, ПЦР тестовите нема да ве заразат со корона

Една дезинформациите коишто беа јавно искажани на протестот пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“.  Светската здравствена организација внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се...

Вистиномер: Дезинформациите ги празнат вакциналните пунктови во Тетово и Гостивар

Драстично е намален интересот за вакцинација во Тетово, а со тоа и потребата од медицински кадар и пунктови за имунизација. Вo јули и август на дневна основа се вакцинираа над 1.500 граѓани, претежно со прва доза. Сега дневно се вакцинираат од 200 до 300 лица, а половина од нив со бустер, односно трета доза. Дезинформациите се една од главните...

Вистиномер: Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

Постојат дијагностички потврдени случаи на ковид-19 во целиот свет вклучително и во Република Северна Македонија.Ппостојат сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид. Има глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, бидејќи ковид е...

Вистиномер: Вакцините против ковид не се експериментални

Вакцината на „Фајзер“ од август оваа година има трајно одобрение за употреба, кое што важи засекогаш. Европска агенција за лекови ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, што може да се види на официјалната страница на ЕМА. Светската здравствена организација ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 и досега таа се дава во 65...

Вистиномер: Фејсбук објава шири дезинформација дека од вакцините се умира

Во нашата држава се аплицирани 1.662.152 дози на вакцини заклучно со 18.11.2021 година. Податоците од Министерството за здравство говорат дека 39 отсто од целата популација во нашата земја има примено вакцина против ковид-19, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Па, според конспирациската теорија којашто тврди дека вакцините предизвикуваат смрт на населението, ова би значело...

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација ги поддржува новите мерки за вакцинацијата

Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата нити дискриминација, порачува Мрежата за спречување и заштита од дискриминација, по јавните реакции за предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширењето на ковид-19. Мрежата порачува дека мерките што се предлагаат се заради подобра заштита на граѓаните. „Како организации кои се посветени на заштитата на човековите...

Вистиномер: Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

Во постот се изнесени повеќе неточни тврдења. Децата најчесто полесно го поминуваат ковид-19, но новата делта варијанта на коронавирусот покажа дека нема правила. Во земјава од ковид починаа и млади лица, на возраст од 15, 16 и 17 години. Во однос на тврдењето дека ризикот од сезонски грип е повисок од ризикот за ковид, според официјалните информации на ИЈЗ...

Вистиномер: Не е точно дека 70 проценти од вакцинираните заболеле од коронавирусот во Израел

Во Израел вакцинирани со една доза се 6.243.281 лица, со две дози 5.738.253 и со три дози 3.973.121 лице. Досега во Израел има регистрирано 1.331.519 случаи, што не е 70 проценти од ниту една од бројките погоре, било да се мисли на оние вакцинирани со 1 доза, со две дози или со три дози. Тоа може да се провери...

Вебинар за ковид-19: Вакцините не разболуваат, ама дезинформациите може да убијат!

Фондацијата Метаморфозис oрганизираше вебинар за новинари за клучните факти за ковид-19 и вакцинацијата, во обид да им помогне полесно да ги препознаат и да се справат со различните дилеми, но и дезинформации, што се појавуваат на темата корона вирусот и вакцинацијата. Посебно внимание беше посветено на дезинформациите дека вакцините се опасни - дека предизвикуваат ковид-19 и дека ја менуваат...

Вистиномер: Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така,...

Вистиномер: Задолжителната вакцинација во пракса може да се оддолжи, но не и да не се прими

Мал процент на родители, кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, законски подлежат на постојани казни, т.е. ги плаќаат глобите за секоја одделна вакцина која нивното дете нема да ја прими, а е задолжителна. Овие родители се соочуваат и со уште едед друг дел од законот, кој пропишува дека за прием во градинка или училиште децата треба да...

Вистиномер: Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на еден сатиричен пост на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост. Тоа е една од...

Вистиномер: Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како единствен...

Вистиномер: Вакцинацијата е имунизација и штити од тешка форма на болеста

Секојдневно има нови докази дека вакцинираните лица стекнуваат силен имунитет и дека далеку помалку вакцинирани лица се заразуваат. А, што е најважно, доколку се заразат лицата со претходно примени две дози на вакцина, тие имаат далеку полесни симптоми. Впрочем и последните епидемиолошки анализи на Министерството за здравство објавени на 3-ти септември покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид...

Вистиномер: Интервју полно со дезинформации шири невистини за коронавирусот и вакцините

Интервјуто со Гордана Гоџо е полно со невистини поврзани со пандемијата на коронавирусот и вакцините против него. Студиите на кои се повикува Гоџо немаат никаква научна основа и се базираат на изјави дадени од самите автори. Импликациите дека маските не штитат од ковид-19 како и дека вакцините против ковид се штетни, можат во голема мера да наштетат на процесот...

Српскиот претседател Вучиќ вели дека не ги разбира антиваксерите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за австрискиот весник „Клајне Цајтунг“ зборувајќи за причините поради која во земјата доаѓа до успорување на процесот на вакцинација, вели дека не разбира зошто е толку голем отпорот кон вакцинирањето, не само во Србија, туку и на светски план, и вели дека станува збор за „неразумни ставови“, пренесува српската новинска агенција Танјуг. Вучиќ...

Вистиномер: Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата

Во продолжение ја пренесуваме во целост новата анализа на „Вистиномер“, во која се раскринкува дезинформација пласирана на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...