fbpx
Таг: антиваксери

таг: антиваксери

Вистиномер: Вакцините не се тивко зло, не одбивајте да ги заштитите децата од смртоносни болести

Не е точно дека вакцините се штетни, дека се тивко зло, како што тврди оваа објава на Фејсбук која повикува децата да не се вакцинираат. Напротив, вакцините спасувале и спасуваат милиони луѓе годишно. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни...

Вистиномер: Видео на Фејсбук манипулира со изјавите на Бил Гејтс

Не е вистина дека Бил Гејтс изјавил дека заедно со главниот американски виролог, Ентони Фаучи, убиваат милиони луѓе за да прават пари. Оваа реченица е дел од обраќањето на Гејтс на Минхенската безбедносна конференција во февруари годинава и не е кажана во контекст дека навистина го направиле тоа, туку тој, зборувајќи за дезинформациите поврзани со пандемијата на коронавирусот, ја...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала маратонци да колабираат, а еден да почине

Дејли Мејл објавува дека дента кога се одвивал полумаратонот во Бруклин каде што починал маратонецот, бил исклучително топол, со температура од над 30 степени. Медицинските прегледи, според Дејли Мејл, допрво треба да ја утврдат причината за смртта, меѓутоа температурите во Њујорк се искачиле под 60 фаренхајтови до 80 степени утрото, а 90 степени попладнето. Оваа трагедија наметнала и прашање...

Вистиномер: Не е точно дека целта на ковид кризата е да се формира глобална светска влада

Најголемиот доказ дека зад ковид кризата нема некаков имагинарен заговор за формирање светска влада е фактот што и по кризата секоја држава и понатаму функционира со единствена своја влада, исто како и пред и за време на кризата. Фактот што постоеше усогласеност меѓу дел од владите и координација во справувањето со пандемијата, во смисла на воведување на превентивни...

Вистиномер: Не е точно дека вакцините се штетни и дека било кој се обидува да скрие нешто за нив

ФДА деновиве (05.05.2022) ја ограничи употребата на вакцината „Џонсон & Џонсон“, но само за одредени поединци. По спроведување на ажурирана анализа, евалуација и истражување на пријавени случаи, ФДА утврди дека ризикот од тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (TTS), синдром на ретки и потенцијално опасни по живот згрутчување на крвта во комбинација со ниски нивоа на тромбоцити во крвта, со...

Вистиномер: Не е точно дека нуспојавите од ковид вакцината се пренесуваат од вакцинираните на невакцинираните

Текстот што се споделува во оваа објава на Фејсбук погрешно интерпретира студија изготвена од научници од универзитетот во Колорадо. Наспроти  тврдењето во написот дека „нуспојавите од вакцината против ковид-19, се пренесуваат на невакцинираните”, студијата на ниеден начин не го тврди ова. Фактички, станува збор за студија која не е прегледана од научната заедница, но во која се признава улогата...

Вистиномер: Фотографија од инјекции потребни за ин витро, злоупотребена да ги наведе родителите да одбиваат вакцини

Фотографијата не гo претставува бројот на вакцини и лекарства што ги примаат децата. Ниту кај нас, ниту било каде во светот бебиња и мали деца не примаат толку многу дози вакцини. Според бројот на инјекции и некои од видовите лекови кои можат да се препознаат на фотографијата, може да се заклучи дека станува збор за инјекциите кои мајката требало...

Вистиномер: Лага е дека со одбивање вакцини ,,си ги спасувате бебињата”

Имунизацијата претставува едно од најзначајните и најисплатливите достигнувања на јавното здравство во денешницата, бидејќи кога најголем број деца од една заедница се вакцинирани, поединечните случаи на заболувања ретко прераснуваат во епидемија. Меѓутоа, доколку некои од децата не ги добијат потребните вакцини, зголемен е ризикот од заболувања за сите. Благодарение на вакцините, некои болести, како што се големите сипаници, целосно...

Вистиномер: Не е вистина дека различни серии од вакцината на „Фајзер“имаат различен состав

Во видеото паушално се тврди дека различни серии од вакцината на „Фајзер“ имаат различен состав и дека од одредени серии има процентуално повеќе починати пациенти. Вакцината на „Фајзер“ е иста во сите држави, се произведува во контролирани процеси и од националните влади и од интернационалните регулатори и од самиот производител.  Дополнително, ВАЕРС не смее да се користи како индикатор...

Вистиномер: мРНК вакцините немаат влијание врз бојата на млекото на мајките доилки

На објавата ѝ недостига контекст, односно важната информација од Упатството на ВАЕРС како да се толкуваат подтоците коишто се објавуваат во системот. Извештаите до ВАЕРС можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на здравствени услуги, пациентите или членовите на семејствата. Извештајот за несакан настан до ВАЕРС не е доказ дека вакцината е причина за тоа. Тестирањето на...

Вистиномер: Не е точно дека Владата го разгледувала предлогот вакцината против ковид-19 да стане задолжителна

Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата, Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а  во него не е предвидено вакцината против ковид-19 да се воведе како задолжителна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук пласира вест...

Сојузниот суд на Австралија објави 106 причини за депортацијата на Ѓоковиќ

Сојузниот суд на Австралија објави документ во кој се наведени 106 точки за конечната пресуда по што Новак Ѓоковиќ беше депортиран од земјата. Во документот се нагласени сите контроверзни постапки на тенисерот од моментот кога го добил позитивниот тест на 16 декември, неговото соочување со царинската полиција, првата позитивна пресуда и практично целата приказна, а наведени се и членови...

Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија и нема да игра на Австралија опен

Федералниот суд ја одби жалбата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за да остане во земјата и да игра на Австралија опен. Тој ќе мора да биде депортиран од Австралија, а пресудата на главниот судија Џејмс Алсоп дојде по едногласна одлука на тројцата судии кои расправаа за случајот во Мелбурн на 16 јануари, јавува Би-би-си. Ѓоковиќ се соочува и со можноста...

Вистиномер: Пет најбизарни дезинформации за вакцините во 2021 година

Здравствените власти нарачаа големи количини вакцини против ковид-19, без притоа да знаат колку од граѓаните во земјава се заинтересирани да ги примат. На почетокот од вакциналната кампања се вакцинираа оние граѓани кои сакаа да го сторат тоа, а потоа почна трката меѓу антивакциналните дезинформации од една страна и обидите тие да се сузбијат со официјални и точни информации од...

Вистиномер: Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

Вакцините кои се користат во Северна Македонија  не се експериментални. вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација...

Вистиномер: Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните

Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за...

Вистиномер: Не е точно дека омикрон е производ на вакцинацијата

Научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате од коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од овој вирус. Научната јавност е децидна дека најважниот фактор што го зголемува ризикот од мутации е ширењето на вирусот. Колку вирусот повеќе се шири на одредено место, толку е поголема веројатноста за уникатна мутација. Имено, варијантите на...

Вистиномер: Не е вистина дека смртта кај пилотите се покачила за 1.700 отсто поради вакцинирањето

Во објавата се прави манипулација со бројките, односно се презентирани во погрешен контекст и второ неточно се тврди дека причината за смртта на пилотите е вакцинација. Во соопштението од списанието „Air Line Pilot“ велат дека бројките на починати лица кои се наведени дека се случиле во 2019 и 2020 година не се единствените што се случиле тие години, туку...

Вистиномер: Омикрон не е лага, туку потврдена варијанта на коронавирусот во 63 земји во светот

Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО,  досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно се вакцинирани околу 101...

Вистиномер: Најголемите лаги поврзани со квалитетот и ефективноста на вакцините против ковид-19

Со појавата на пандемијата на коронавирусот во јавноста испливаа голем број лаги и теории на заговор кои и ден денес се пласираат. Дезинформации почнаа да се шират и со појавата на вакцините против ковид-19, а во врска со нивниот квалитет и реакции. Ваквите дезинформации ги шират пред сè антиваксерите, но има и лекари кои пласираат секакви невистини и сомнежи...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...