Таг: антиваксери

таг: антиваксери

Дезинформaциски бран во јануари: Руското влијание во спорот меѓу Софија и Скопје

Последното затегнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и (не)видливата руска рака во процесот на ескалација на односите, се покажа дека е доминантен тренд на дезинформациите што кружеа во македонскиот (но и во бугарскиот) информативен простор во јануари 2023 година. Освен ова продолжува трендот на дезинформации преку руски наративи околу агресијата на Украина, иако со нешто помал обем...

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план. Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат...

Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека ќе им се помага на животните да преживеат или со вакцинација или со подобрување на...

Џил Бајден не се вакцинирала 18 пати против ковид, вакцините немаат никаква врска со ракот

Постот што го рецензираме пласира неточни информации. Прво, не е точно дека првата дама на Америка е вакцинирана 18 пати против ковид, и второ, вакцината против ковид нема никаква врска со појавата на рак на кожа кај неа. Вакцините против ковид не предизвикуваат рак и тие се препорачуваат за луѓето со малигни заболувања, како би се заштитиле од тешки...

Истражување за временските услови правено пред пандемијата, злоупотребено да се нападнат вакцините

Во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот без да се посочи и линкот до него, воопшто не се разгледуваат ненадејни смртни случаи кои настануваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години, заклучно со 2017 година, се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои...

Манипулација: Четири видеа погрешно интерпретирани дека прикажуваат последици од ковид вакцина

Овој пост намерно погрешно се контекстуелизира при што се споделува видеоматеријал на којшто се прикажани четири различни настани на кои личности се онесвестуваат. Ниту еден од овие настани не е поврзан со вакцината против ковид-19, како што се манипулира во постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Старо видео манипулира дека жена се онесвестила поради ковид вакцината

Жената што се онесвестува на видеото е Тања Ериксен, шеф во данската агенција за лекови, која на 14 април 2021 година заедно со Сорен Бростром, генералниот директор на данската здравствена управа, држи прес-конференција за да објават дека Данска го запира користењето на вакцината против ковид-19, АстраЗенека.  Иако во постот како виновник за оваа непријатна случка индиректно се посочува вакцината...

Смртта на доктор Фулер не е поврзана со нејзиниот позитивен став кон ковид вакцините

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и се наведува јавноста да поверува дека вакцината против ковид-19 или наклонетиот став кој доктор Фулер го имала кон вакцината, на некој начин е поврзан со нејзината смрт. Тоа не е точно. Според Медицинскиот факултет на Универзитетот Мичиген, каде што работела, таа починала на 18 ноември 2022 година на возраст од...

Нема пандемија на вакцинирани, не е точно дека тие се изложени на поголем ризик

Во постот  е злоупотребен написот на Вашингтон пост којшто наменски и селективно се прикажува. Наспроти тврдењето во објавата, статистиките кои покажуваат дека голем дел од смртните случаи од ковид-19 се меѓу вакцинираните луѓе го одразуваат фактот дека повеќето луѓе се вакцинирани, а не дека вакцините се неефикасни. Во написот на Вашингтон пост јасно стои дека токму невакцинираните се изложени...

Смртта на пејачот Масимо Савиќ не е поврзана со вакцината, ниту со срцев или мозочен удар

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, при што се прави чуден линк меѓу смртта на пејачот Масимо Савиќ со неговите ставови за вакцинацијата. Тоа што пејачот бил поборник за вакцинацијата, не го прави припадник на „сатанисти и глобалисти“. Неговата смрт не е поврзана ни со срцев удар, ни со мозочен удар, туку е поради канцер на белите...

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија...

Старо видео манипулира дека невакцинираните во Аргентина не можат да извадат пари од банкомат 

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од банкомати, во конкретниот случај...

Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, исто така, официјално објави дека...

Вакцините не се најголемото убиство во историјата на медицината

Во постот неточно се тврди дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината. Во САД, на пример, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина. Постот, исто така, инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Повеќе...

Нема јавна набавка за опрема за препознавање лица во училиштата и државните институции

Од Владата демантираат дека ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Министерството за образование и наука во своите буџети не планирале набавка за опрема за препознавање лица во школи. Исто така, дојавите за бомби на ниеден начин не се во корелација со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со законските измени предложено е додавање...

Не е точно дека вакцината против ковид за бебиња подразбира нивно жртвување

Во текстот на Дејли Мејл, за којшто во постот нема линк за да се пристапи, се вели дека Обединетото Кралство ги одобрило вакцините против ковид за бебиња и дека медицински професионалци утврдиле дека помала доза од вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна за деца постари од 6 месеци. Оттаму, не е вистина дека вакцините против ковид-19 за...

Вакцините против ковид не убиле, туку спасиле 20 милиони животи

Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиле 20 милиони луѓе, студијата за математичко моделирање објавена во „Лансет заразни болести“ во јуни 2022 година, покажува дека вакцините против ковид-19 спасиле речиси 20 милиони животи ширум светот во текот на првата година кога беа пуштени во употреба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук тврди дека...

Наплив на дезинформации од „верификувани“ анти-ваксерски профили на Твитер

Откако социјалната мрежа Твитер, среде многуте контроверзи и проблеми воведе систем за верификување на профилите со плаќање и отпушти илјадници модератори на содржини, профилите што објавуваа здравствени дезинформации и полувистини почнаа да ги „испорачуваат“ своите статуси на публика побројна отколку досега, пишува британскиот весник „Гардијан“. Со новите политики воведени од новиот сопственик Илон Маск, дузина профили на антиваксери (противници на...

Не е точно дека ковид вакцините се забранети ширум светот

Точно е дека ширум светот се шират дезинформации дека вакцината е забранета во повеќе држави, во склоп на антивакциналната кампања која е дебанкирана. Њујорк Тајмс редовно објавува податоци за досега администрираните дози ширум светот, по држави и евидентно е дека вакцината против ковид-19 се дава насекаде, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен...

Нема докази дека прекумерната смртност е резултат на вакцинацијата

Како што за Ројтерс потврдуваат независни експерти, со доведувањето во корелација меѓу целосниот број дози вакцини администрирани во Европа и стапките на смртност за само еден месец, се пропушта да се детектираат и другите потенцијални причини за смртноста и не се даваат никакви докази дека прекумерната смртност настанала токму поради вакцините против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...