Таг: Антикорупциска
таг: Антикорупциска
Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК
Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...
Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата
Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ.
Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата.
Исто така согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата...
Вистиномер: Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба
Жилава или килава борба против корупцијата. Владата неколку години ветува набавка на софтвер во ДКСК, но, тој до денес не е набавен. Недостасува и вмрежувањето со базите на 23 институции од каде може да се користат податоци и документи. Покрај тоа, Комисијата функционира со половина од предвидените кадри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Зголемени надлежности,...
Вистиномер: Партиите го бојкотираат носењето на законот за висока државна служба
Центарот за управување со промени заедно со Министерството за информатичко општество уште пред 3 години поднесоа Закон за висока државна служба. Со овој закон требаше на транспарентен начин да се избираат директори на јавни претпријатија и членови на одбори, комисии и други органи со што би се избегнала партизацијата и корупцијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу може да...
Антикорупциска ја потсети власта што е забрането во предизборието
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска испрати соопштение со кое ги потсетува министерствата, фондовите, агенциите, јавните претпријатија и другите државни институции дека по распишувањето на локалните избори не смеат да започнуваат нови изградби со средства од буџетот на нови објекти во инфраструктурата, да вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати кои не се редовни, а...
МОСТ: Нападот на вебсајтот на ДИК е однапред испланиран обид за нарушување на изборниот процес?
Од граѓанската асоцијација МОСТ која редовно ги набљудува изборните процеси во земјава, посочуваат дека иако изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, хакерскиот напад на веб-страната со изборните резултати може да е однапред испланиран обид за нарушување на довербата во изборниот процес.
Оттаму велат дека поради нападот јавноста нема целосен увид во првичните резултати од изборите, а веб-страницата сè уште...
Антикорупциска го чека списокот со податоци од Судскиот совет за да ги провери судиите
Судиите коишто се осомничени за прекршување на законите, ќе бидат мета на Државната комисија за спречување на корупција, известува „Порталб.мк“.
Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановскa, вели дека чекаат одговор од Судскиот совет, од каде бараат да им се достават податоци за судиите чијашто имотна состојба ќе биде проверувана.
- Сега веќе одредивме неколку критериуми за начинот на кој ќе биде спроведена...
Антикорупциска предупреди што не смее власта да прави во текот на изборната кампања
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги извести министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата, како и јавноста, дека во периодот од распишувањето на предвремените избори до нивното одржување нема законски можности да дава мислења по барања за постапување на институциите. Истовремено Антикорупциска ги предупреди...
Обвинителство ја отфрли иницијативата од Антикорупциска против ректорот Никола Јанкуловски
Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Обвинителот што ја водел предистражната постапка констатирал дека нема основано основано сомнение дека пријавениот сторил злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и несовесно работење.
Во иницијативата од...
Случај „Ештрефи“: Семејството бара Антикорупциска да го испита Владимир Панчевски
Семејството на Насер Ештрефи до Комисијата за спречување на корупцијата поднесе барање за проверка на работата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски кој, според нив, случајот му го распределил на судијата Илија Трпков рачно, не согласно законска постапка, односно случајот не е распределен преку системот АКМИС, известува „Порталб.мк“.
„Бараме од Вас да, во рамките на вашите надлежности,...
Заев се повлече, нема да биде министер, ама ќе раководи со Министерството за финасии
Образлагајќи го предлогот за разрешување на министри, како втора точка на денешната седница на Собранието, премиерот Зоран Заев истовремено ја повлече својата кандидатура за министер за финансии, но рече дека ќе раководи со министерството сè до избор на новиот министер.
Претходно Антикорупциската комисија го предупреди Заев дека функциите премиер и министер се неспоиви и дека ако тоа се случи, таа...
Антикорупциска предупредува дека Заев не може да биде и премиер и министер за финансии
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку соопштение реагираше дека е неправилно Зоран Заев во исто време да биде и премиер и министер за финансии. Комисијата соопшти дека ако нејзиното укажување не се земе предвид, ќе биде приморана „да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности“.
Реакцијата доаѓа денеска, кога во Собранието треба да се разгледува предлогот за реконструкција...
Антикорупциска ќе ги проверува времените вработувања во УЈП и в.д. директорите во здравството
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе преиспитува 36 вработувања во Управата за јавни приходи (УЈП) преку агенции за времени вработувања од 2017 година досега, поради сомнеж дека станува збор за партиски вработувања. Меѓу вработените се и сопругата на директорот во оставка на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, и сестра на пратеничката од СДСМ, Тања Ковачев.
Истовремено, антикорупционерите ќе...
Антикорупциска ги проверува хидроцентралите на Анѓушев и автомобилите на Вангеловски и на Меркo
Антикорупциската комисија на денешната седница отвори три постапки за еден вицепремиер, еден градоначалник и за претседателот на Врховниот суд.
Антикорупционерите отворија постапка за хидроцентралата на фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Ќе се истражува како земјиштето во Дреново завршило во нивните раце.
Отворени се и...
Добриот старт на Антикорупциска ја става на тест извршната власт и целото оштество
Иако до пред неколку денови се чинеше дека главна тема пред вториот круг од изборите ќе биде проблематичниот цензус за вториот круг од претседателските избори, на два дена пред гласањето тоа се чини дека е депласирано прашање и останува да се види кој ќе биде победникот. Но, затоа со своите постапки заслужува да биде издвоена Државната комисија за спречување...
Антикорупциска: Со субвенциите за велосипеди и клима уреди не е прекршен Изборниот законик
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница одби 8 од 9 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција.
За приговорот во однос на злоупотреба на имот во сопственост на Општина Шуто Оризари за одржување прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа за...
Антикорупциска објави список на службени возила што не смеат да се користат во кампањата
Државната комисија за спречување на корупцијата (Антикорупциска), на својата веб страница објави електронска пријава која ќе можат да ја пополнат сите граѓани кои ќе сакаат да пријават злоупотреби во текот на изборната кампања, но и список на службени возила што не смеат да се користат во изборна кампања.
Целта е да се спречи злоупотреба на државни средства за партиските кампањи.
-...
Во Антикорупциска засукаа ракави, но не знаат од каде попрво да почнат
Новиот состав на Антикорупциска (Државна комисија за спречување на корупција - ДКСК) денеска почна со работа, но сè уште без дефиниран приоритет, туку ќе се разгледаат сите случаи, па тогаш новите антикорупционери ќе решат по кој редослед ќе ги решаваат.
Како што објасни претседателката Билјана Ивановска, за новата комисија сите случаи се подеднакво важни, пренесува „Порталб“.
- Ќе ги разгледаме сите...
„Транспаренси“ го честиташе транспарентниот избор на новите антикорупционери
Транспаренси Интернешенел Македонија (ТИМ) му честита на Собранието „за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“ и на претседателката Билјана Ивановска и на другите членови им посака успешна работа во справувањето со корупцијата „како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество“.
- Ја добивте довербата во една транспарентна...
Изборот на новите антикорупционери денеска на комисија, па на собраниска пленарка
Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе се утврди предлог-листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, односно за новите антикорупционери.
Потоа таа листа ќе оди на гласање во Собранието.
Во Законодавно-правната комисија ќе се дискутира и за предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации, по...