fbpx
Таг: Анкетни листови

таг: Анкетни листови

Студенти и административци ќе им помагаат на здравствените власти во справувањето со ковид-19

Студенти по општа медицина и административни службеници ќе бидат прераспределени за изработка на решенијата за изолација и за анкетните листови во државните институции што се борат против ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посети студентите од шеста година по општа медицина, кои помагаат во изработката на анкетните листови во Институтот за јавно здравје. Од Министерството за здравство информираат...

Лага е дека министерот Поповски не го доставил анкетниот лист, велат од Владата

Лажна е информацијата изнесена на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со анкетниот лист на министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и за транспарентност, реагираше Владата. „Ја информираме јавноста дека министерот Поповски достави анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција и до Управата за јавни приходи на 28 јуни 2017 година, а за тоа приложуваме писмен доказ од...

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите Поповски и Ибраимовски сè уште не го пријавиле имотот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министрите на СДСМ во Владата го кријат своето богатство, посочувајќи дека министрите Роберт Поповски и Самка Ибраимовски сè уште немаат поднесено пријава за својот имот до Државната комисија за спречување на корупција. - Тоа, согласно законот, преставува казниво дело. Тие демонстрираат беззаконие, но она што повеќе ја интересира јавноста е зошто го кријат својот имот...

СДСМ со кривични пријави за функционери на ВМРО-ДПМНЕ за анкетните листови

СДСМ ќе поднесе кривични пријави против министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници и кои поднеле по два анкетни листа за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), еден како министер и еден како пратеник. - Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на...

#Одговорност е јавен увид во анкетните листови на функционерите

Минатата година на адреса на Комисијата за спречување на корупоција стасале 552 анкетни листови по избор и по именување на функција, а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба. Експертите велат дека достапноста до анкетниот лист на поранешните функционери е непоходна бидејќи само така јавноста може да направи споредба дали и колку се променила имотната...

Груевски: СДСМ лаже, едиствениот приход ми е од платата

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено во име...

Шилегов: Груевски со плата од 1.400 евра за една година „заштедил“ 120.000 евра

Аболицираниот Никола Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра или за една година официјално станал побогат за 118.629 евра, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој ги покажа анкетните листови на Груевски за 2014 и 2015 година, кои доскорешниот директор на Државната комисија за спречување на корупција не сакаше да им ги покаже на новинарите,...

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе...