fbpx
Таг: Анкара

таг: Анкара

Турција: Ќелија на ИД го извршила нападот во Анкара

Канцеларијата на обвинителството во Анкара, во писмено соопштение, истакна дека „дигиталните докази“ укажуваат дека нападот во Анкара е изведен за да се поткопа политичката стабилност и за да се одложат парламентарните избори закажани за 1 ноември. Акциите на ќелиите на Исламска држава кулминираа со неодамнешниот напад на двајцата бомбаши-самоубијци во Анкара, при што загинаа повеќе од 100 лица.

Давутоглу: Имаме докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци од Анкара со ИД или ПКК

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција, денеска изјави дека некои од осомничените за нападот во Анкара, во кој во саботата загинаа 97 луѓе, поминале неколку месеци на боишта во Сирија. – Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци со ИД или со ПКК. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија - изјави Давутоглу. Давутоглу рече дека истрага се води и за...

Турција: Сменети тројца полициски функционери поради нападите во Анакара

Тројца високи функционери на полицијата во Турција се сменети по бомбашките напади во Анкара во текот на викендов, во кои загинаа 97 лица. Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за шефот на полицијата за поширокото подрачје на Анкара, како и за шефовите на полициските служби за разузнавање и за јавна безбедност. Мерките следат по изнесувањето на обвиненијата дека...

ИД и екстремно левичарските милитанти се осомничени за нападот во Анкара

Турските разузнавачи досега не успеаја да ги идентификуваат извршителите на терористичкиот напад на прокурдскиот мировен протест во Анкара, кој усмрти речиси 100 лица, а повреди двојно повеќе. Цел на двете експлозии, кои биле предизвикани од бомбаши-самоубијци, бил мировниот протест во близина на железничката станица во Анкара. Според последниот биланс, ова е најсмртоносниот напад во поновата историја на Турција. Нападот доаѓа три недели...

Сè поголем бројот на жртвите во Анкара – 95 загинати и 245 повредени

Двете експлозии на мирниот протест во главниот турски град Анкара усмртија 95 лица, а повредија 245, соопштија турските власти. Експлозиите се случија во близина на железничката станица додека луѓето се собирале за маршот организиран од левицата. Ова е најголемиот напад откако Турција пред 92 години стана република. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу прогласи тридневна жалост поради терористичкиот напад и соопшти дека постојат докази...

Турција: 30 загинати и 126 повредени во нападот во Анкара

Триесет загинати и 126 повредени е последниот биланс од денешните експлозии во Анкара, соопшти турското министерство за внатрешни работи. Според истражителите, експлозиите се дело на бомбаш-самоубиец. Турската влада го оцени нападот како терористички акт. Премиерот Ахмет Давутоглу свикал вонреден состанок со претставници од министерствата за правда и за внатрешни работи, шефот на турската полиција, шефот на разузнавачката служба и гувернерот...

Нападнато седиштето на прокурдската партија во Анкара

Седиштето на прокурдската опозициска Народна демократска партија (ХДП) синоќа е нападнато во турската провинција Анкара, соопштија од партијата. Неименуван претставник на ХДП рече дека толпата ги скршила прозорците на зградата во која се наоѓа седиштето на партијата. Полицијата во Анкара не го коментираше овој случај. Гневот на националистите кон Курдите порасна по серијата напади на припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) врз...

Парламентарни избори во Турција

Во Турција утринава се отворени избирачки места на кои граѓаните на земјата ќе гласаат за новиот состав на парламентот. Овие избори се важен тест за партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, чија желба да го измени уставот и да добие поголеми претседателски овластувања би можела да биде спречена од прокурдската Демократска народна партија (ХДП). Гласачките места, на кои ќе можат...

Шефот на Хамас: Турција е извор на моќ за сите муслимани

Турција е извор на моќ за сите муслимани, изјави шефот на Хамас, Калид Мешал, при посетата на Турција. Неговото кратко обраќање беше прекинато од постојаното навивање на толпата, во која се вееја турски и палестински знамиња и се извикуваше „Алах е голем„ (Allahu Akbar) и „Долу Израел“.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...