Таг: Анита Ангеловска Бежоска

таг: Анита Ангеловска Бежоска

Тевдовски со Гутереш и Гурија панелисти на годишните средби на ММФ и Светска банка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ќе има обраќање на настан од високо ниво во рамки на Годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. На панелот, на кој ќе се обрати Тевдовски, ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој...

Ангеловска-Бежоска: Очекувам заживување на економијата и на кредитната активност

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска оцени дека по забавените банкарски активности во претходните две години, оваа година се гледа забрзување на активноста на банкарскиот систем, што може да се согледа преку порастот на депозитната база, но и преку кредитната активност. -  Во минатите две години бевме сведоци на прилично забавена кредитна активност која не беше одраз на економски фундаменти, туку...

Гувернерката на НБРМ учествува на финансискиот форум на „Еурофи“ во Виена

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација „Еурофи“ во Виена. „Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите кои што произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, и прашања поврзани со...

Гувернерката Ангеловска – Бежоска учествува на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска - Бежоска, денеска и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми кои што го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво, информираат од НБРМ. „Денеска,...

Гувернерката Ангеловска-Бежоска учествува на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), кој што традиционално се одржува во Синтра, Португалија. „Годинешново издание на Форумот започна вчера и тематски е посветено на одредувањето на цените и платите во напредните економии – тема која што во изминатиов период зазема централно место во дебатите за монетарна политика на...

Ангеловска-Бежоска: Поскапиот бензин нема да предизвика позначајна инфлација

Поскапиот бензин нема да предизвика позначајни инфлаторни притисоци и стапката на инфлација во земјава годинава нема да биде повисока од два проценти, одговори на новинарско прашање гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска, на конференцијата која се одржува во Охрид. Народна банка го очекувала растот на цените на нафтата на светските берзи, а се прогнозира дека тој тренд ќе продолжи и оваа година. -...

Дигиталното плаќање ги намалува трошоците, а ја зголемува ефикасноста на услугите

Денеска во Охрид започна 11. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“ во организација на Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија. „Пробивот на дигиталните плаќања се врзува со многуте можности што тие ги нудат. Прифаќањето на дигитализацијата на плаќањата има потенцијал за значително намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и овозможување поширок пристап до...

Тевдовски се сретна се новоименуваната гувернерка Ангеловска Бежоска

Министерот за финансии, Драган Тевдовски оствари средба со новоизбраната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Тевдовски и ја честиташе функцијата на Ангеловска Бежоска и рече дека и во наредниот период очекува добрата соработка помеѓу Министерството за финансии и Народната банка да продолжи. „На средбата беа констатирани солидната макроекономска позиција и стабилноста на финансискиот систем. Исто така, беше заклучено дека добрата...

Ангеловска Бежоска: Останува предизвикот за градење на независна монетарна политика

Анита Ангеловска - Бежоска денеска ја презеде должноста гувенерка на Народната банка од досегашниот гувернер Димитар Богов, на кој мандатот му истече вчера. Во изјавата за медиумите таа се заблагодари на претседателот Ѓорге Иванов за нејзината номинација и на политичките партии кои што со широк консензус ја избраа за гувернерка. Како што рече, оваа поддршка за неа е многу значајна, но...

Ангеловска Бежоска ќе положи заклетва пред Џафери, па ќе ја прими должноста од Богов

Новата гувернерка на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска денеска во 9.30 часот ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Охридска сала. Потоа, во Народна банка, по прес-конференцијата во 11 часот, ќе има примопредавање на должноста со досегашниот гувернер Димитар Богов. Анита Ангеловска-Бежоска вчера беше едногласно изгласана за гувернерка во Собранието од страна на 81 пратеник со...

Анита Ангеловска – Бежоска едногласно избрана за гувернерка на НБРМ

Од 81 пратеник што гласаа, сите беа за назначување на д-р Анита Ангеловска - Бежоска за нова гувернерка на Народна банка на Република Македонија. Таа веќе осум години беше вицегувернерка на НБРМ. На денешната 46-та собраниска седница, координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Тунтев и Драган Данев, со многу пофални зборови за Ангеловска-Бежоска, во расправата за...

Предлогот за именување на гувернер ставен на денешната 46. седница

Предлог за именување гувернер на Народната банка е ставен како претпоследна, 39 точка на дневниот ред на 46. собраниска седница. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор. Ангеловска Бежоска осум години е на функцијата вицегувернер во Народната...

Мандатот на Богов истекува денеска, на седницата нема точка за избор на гувернер

Мандатот на гувернерот Димитар Богов истекува денеска, на Собрание е закажана 46. седница од 11 часот, но на дневен ред ја нема точката за избор на гувернер. Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор. Пратеничката група...

СДСМ и коалицијата ќе ја поддржат Ангеловска Бежовска за гувернерка на Народна банка

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата в понеделник на координација ќе го разгледаат предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска да биде новата гувернерка на Народната банка. Координаторот Томислав Тунтев рече дека пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, позитивно гледаат на новиот предлог на Иванов. „Лично сметам дека Ангеловска Бежоска, која што е докажан експерт и професионалец во својата...

Иванов ја предложил Анита Ангеловска – Бежоска за нов гувернер на Народна банка

Откако Димитар Богов ја повлече кандидатурата за гувернер, претседателот Ѓорге Иванов ја предложил вицегувернерката Анита Ангеловска - Бежоска за нов гувернер на Народната банка и предлогот го доставил до Собранието, потврдија од кабинетот на Иванов за МИА. Претседателот Иванов смета дека актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка е решение за...

Пораст на побарувачката и на понудата на станови

Понудата и побарувачката на станови и на деловни објекти е голема, а банкарските услови за земање станбени кредити се релаксирани. Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија. „Континуираниот пораст на расположивиот доход на населението, паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период, води кон заклучок дека моќта за...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...