недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Ангела Меркел | 263 резултати

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

јануари 8, 2019

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол […]

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

јануари 4, 2019

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. […]

Меркел се повлекува од партиското претседателство

октомври 29, 2018

Германската канцеларка, Ангела Меркел им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи в декември, јавија светските агенции, повикувајќи се на некои германски емдиуми. „Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад […]

Меркел со писмо до Заев: Да се преземат важни чекори за имплементација на Договорот со Грција

октомври 9, 2018

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев. „На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на […]

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот, цензусот бил премногу висок

октомври 2, 2018

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала, пренесува „БТА“. Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија […]

Во пресрет на референдумот, покрај Меркел неделава доаѓаат Курц и Столтенберг

септември 4, 2018

Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека оваа недела ќе дојдат канцеларите на Германија, Ангела Меркел и на Австрија, Себастијан Курц како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На трибината во Берово, тој истакна дека „тоа што тројца светски државници неделава ќе го посетат Скопје е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за Македонија“. […]

Меркел в сабота ќе ја посети Македонија за да се информира за референдумот

септември 3, 2018

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада. – Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија – рече Заев одговорајќи на […]

Заев телефонски ја информирал Меркел за подготовките за референдумот

август 23, 2018

Во телефонски разговор вчера попладнето, премиерот Зоран Заев зборувал со канцеларката на Германија, Ангела Меркел за напорите за европски и атлантски перспективи на Македонија и за подготовките за референдумот, соопшти македонската влада. Притоа, како што се вели во соопштението, Меркел ја истакнала поддршкта од Германија за Договорот на Македонија и Грција. „Германската канцеларка, Меркел, даде […]

Меркел: Нема промена на границите на Западниот Балкан

август 14, 2018

Германската канцеларка го повтори ставот дека нејзината земја нема да дозволи промена на границите на Балканот. Во последните неколку месеци од српска и косовска страна стасуваат сè повеќе повици за размена на територии меѓу Косово и Србија. – Територијалниот интегритет на Западниот Балкан е дефиниран и не е тема за преговори – порача германската канцеларка […]

„Ројтерс“: Трамп напаѓа на самитот, состанокот продолжи без Авганистан и Грузија

јули 12, 2018

На главниот настан од самитот во седиштето на НАТО денеска, претседателот на САД, Доналд Трамп, одново ги нападна членките на НАТО поради тоа што не ги зголемиле трошењата за одбрана, по што самитот на претседателите на земји и на премиерите продолжи зад затворени врати, а покрај комплетните делегации на Авганистан и Грузија биле замолени да […]

Заврши самитот во Лондон, Британија ја удвојува финансиската поддршка за Македонија

јули 11, 2018

Премиерот Зоран Заев и владината делегација го завршија учеството на Самитот ЕУ – Западен Балкан (Берлински процес), што се одржа во Лондон, на кој учествуваа лидерите на земјите од регионот, премиерката на земјата-домаќин Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Заев на […]

Австрија ќе ги штити границите, по договорот за мигрантите во германската влада

јули 3, 2018

Австриската влада соопшти дека е подготвена да преземе мерки за заштита на границите, по договорот во германската влада со кој се предвидува рестрикција за влез на мигранти во Германија. „Доколку германската влада го потврди договорот, ќе бидеме приморани да преземеме мерки за да ги спречиме непријатностите на граѓаните во Австрија“, се наведува во соопштението. Во него […]

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

јуни 22, 2018

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада. „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република […]

Ангела Меркел телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

мај 22, 2018

Германската канцеларка вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, потврдиле за „Дојче Веле“ од прес-службата на германската канцеларка. Од Берлин доаѓа само потврда дека канцеларката Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер. Темите и други детали не се соопштуваат, но разговорите се реализираат само […]

Набиена агенда на Заев во Софија, ќе се сретне со Ципрас, Макрон, Меркел, Курц, Руте

мај 15, 2018

Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет. За време на Самитот, предвидена е и средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас. „Премиерот ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Connectivity), а за време на работниот […]

Германија и Франција ќе го зајакнуваат еврото

април 20, 2018

Германија и Франција се договорија за заедничка позиција за реформи на еврото најдоцна до јуни, и покрај германската колебливост во врска со поголема монетарна унија. Ваквиот став е договорен при вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин. Макрон претходно ги прифати идеите на Европската Комисија (ЕК) за создавање заеднички систем за гарантирање на […]

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет

март 1, 2018

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет, според коалицискиот договор на конзервативците на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вели Хелге Браун, кој е именуван за шеф на кабинетот на германската канцеларка. Во интервју за весникот „Билд“, Браун објаснува дека новата голема владина коалиција ќе создаде правна рамка со која […]

Меркел: Преголем притисок во преговорите за името нема да биде многу корисен

февруари 21, 2018

Ние сме насочени кон исполнувањето на условите, и за мене не се важни годините како бројки, туку кога е постигната зрелоста за пристапување кон ЕУ, рече германската канцеларка Ангела Меркел на денешната прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев што се одржа во Владата на Сојузна Република Германија во Берлин. Берлинскиот процес, инициран од Германија, но […]

Бошњаковски: Германија не се вклучува активно во преговорите за името

февруари 21, 2018

Германија не се вклучува активно во преговорите за името кои се водат помеѓу Македонија и Грција под закрила на Обединетите нации и медијаторот Метју Нимиц, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. – Денешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев е билатерална на која ќе […]

Заев и владина делегација денеска во Берлин на средби со Меркел, Штајнмаер и Габриел

февруари 21, 2018

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваат во официјална посета на Сојузна Република Германија. Владината делегација во Берлин ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, по што двајцата лидери ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе […]

Страна 2 од 13