четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ангел димитров | 21 резултати

ОРМ: Корона кризата доведе во ризик 40.000 работни места

јуни 4, 2020

Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата има големо влијание врз 82 отсто од домашните компании. Девет сектори во кои се ангажирани 62 отсто од вкупниот број на вработени во стопанството, најмногу се погодени од кризата, а дури 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик. Без адекватни мерки и поддршка за овие компании и вработени, сегашната […]

ОРМ: Третиот пакет мерки ќе влијае позитивно, владата да се консултира со бизнис заедницата

мај 20, 2020

Третиот пакет економски мерки на Владата за ублажување на штетите од корона кризата се очекува да има позитивно влијание врз стопанството. Тоа е првичната оценка на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). „Конечниот став ќе можеме да го кажеме откако мерките ќе бидат преточени во Уредби со законска сила, затоа што понекогаш се предвидуваат некои […]

ОРМ: Сите компании ќе претрпат одредена штета од кризата предизвикана од Ковид-19

април 16, 2020

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената економска активност во земјата предизвикана од кризата со пандемијата од Ковид-19. Истражувањето се спроведува по електронски пат, преку анкетен прашалник кој е доставен до членките на ОРМ, а истиот е достапен и за останатите […]

На пауза или стоп: Димитров и Ѓорѓиев не се согласуваат ниту за моменталниот статус на Заедничката комисија

јануари 13, 2020

Д-р Ангел Димитров, еден од двајцата со-претседавачи на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците (вториот со-претседавач, од македонска страна, е д-р Драги Ѓорѓиев, директорот на македонскиот Институт за национална историја) во саботата повторно ги изнесе своите обвинувања до македонските членови на заедничката комисија (искажани првпат во декември) дека не ја паузирале, туку […]

Ангел Димитров: Заедничката бугарско-македонска комисија може и да не проработи повторно

декември 17, 2019

Заедничката комисија на Бугарија и Македонија за историските прашања, може и да не проработи повторно, предупреди нејзиниот копретседавач од бугарска страна, д-р Ангел Димитров, пренесува „mediapool.bg“. – Од македонска страна работата на комисијата беше еднострано прекината со аргумент дека треба да се усогласат со предвремените избори во април. Тие одбиваат повторно да се среќаваме и […]

Бугарскa „Дума“ со многу неточни и лути „думи“ за Македонија

декември 4, 2019

Бугарскиот дневен весник со лева ориентација „Дума“ во коментар објавен на 2 декември на официјалната веб-страница, посветен на најновата сесија на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања, тврди неколку очигледно непоткрепени работи за односите меѓу Бугарија и Македонија. Во текстот се вели дека има предавство на бугарските власти – односно откажување од идентитетот, отстапување од […]

Димитров: Зголемување на бројот на вработени да не е услов за државна помош на текстилците

април 20, 2018

Претседателот на Огранизацијата на работодавачи, Ангел Димитров рече дека не постои текстилна компанија во Македонија што може да го зголеми бројот на вработени, што е еден од двата услова за добивање поддршка за инвестиции согласно законските измени кои се во собраниска процедура. Текстилните компании денеска предупредија дека имаат голем недостиг на работна сила, а можат да опстанат само […]

Бизнисмените со предлог-мерки за унапредување на бизнис-климата

март 3, 2017

Владеење на правото и елиминирање на митото и на корупцијата, квалитетна регулатива во чие подготвување активно ќе учествува и бизнис-заедницата, елиминирање на нелојалната конкуренција и изедначување на условите за работење на компаниите, зголемување на можностите за пристап до финансиски услуги и еднаков третман на домашните претприемачи и странските инвеститори, се дел од клучните препораки и предлог-мерки […]

ОРМ подготвува предлог за измени на законите за извршување и за нотаријат

февруари 15, 2017

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) формираше работна група која треба да состави предлог-измени и дополнувања на Законот за нотаријат и на Законот за извршување. „Со некоку спорни одредби во законите кои ја регулираат нотарската и извршителската дејност, кои стапија во сила од почетокот на оваа година, неправедно им е оневозможено на правниците кои работат во […]

Бизнисмените очекуваат институциите да функционираат и да се реши кризата

декември 15, 2016

Домашниот бизнис во текот на 2016 година, поради политичката криза и нефункционирањето на институциите, изгуби драгоцено време и можност да оствари позначителен пораст. Ова, меѓу другото, беше кажано на дискусијата на седницата на управниот одбор на Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), на која се оценуваше годината што изминува и воедно се даваа предлози што ќе […]

Недостиг од квалификувани работници за текстилните компании

ноември 17, 2016

Состојбата во текстилната индустрија станува алармантна поради недостигот од квалификувана работна сила. Итно се неопходни ефективни мерки за да се надмине овој проблем, кој прераснува во реална закана за опстанокот на многу домашни компании од овој сектор. Ова го констатирале учесниците на најновиот состанок од серијата консултации со претставници на бизнисот, коишто во рамки на […]

Компаниите во ТИРЗ, нелојална конкуренција за текстилните фабрики

октомври 10, 2016

Компаниите во технолошко-индустриските зони (ТИРЗ) се нелојална конкуренција на текстилните фабрики, бидејќи квалификувани работници заминуваат да работат кај странските инвеститори кои се ослободени од плаќање давачки за нив. Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекција при Стопанска комора на Македонија, Ангел Димитров. – Се случува обучени работници, во чија едукација сме […]

Намалување на сивата економија и на несреќите на работно место бара ОРМ

јули 14, 2016

Нови ефикасни решенија за намалување на повредите и на несреќите на работните места, воведување на системот на бонови при пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување и измени во Законот за трговски друштва, бара Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ). Во областа на безбедноста и здравјето при работа, ОРМ смета дека досегашната примена на законската регулатива […]

Извозот во текстилната индустрија се зголемува, а бројот на работници се намалува

март 21, 2016

Состојбата во текстилната индустрија се подобрува и извозот се враќа на ниво како пред економската криза во 2008 година, што се должи на зголемена побарувачка на традиционалните партнери и пораст на економијата во Западна Европа. Идните перспективи зависат од економската состојба на Западна Европа и од случувањата во нашата држава. Во текстилната индустрија преовладува лон-работењето, […]

Организацијата на работодавци одбележа една деценија постоење

декември 10, 2015

Водечката организација што ги застапува интересите на работодавците и се грижи за нивните права и слободи во економската и во социјалната сфера во земјата, одбележа една деценија од своето основање. – Како најголема и единствена репрезентативна организација на работодавци во земјава, Организацијата на работодавци на Македонија, како и во изминатите 10 години, така и во иднина, ќе […]

Производството на облека е зголемено за 11,5 проценти

мај 4, 2015

Производството на ткаенини во 2014 година е зголемено за 6,5 проценти во однос на 2013 година, а кај производството на облека зголемувањето изнесува 4,6 проценти. Во првите два месеца од 2015 година, кај производството на ткаенини има зголемување на производството за 0,9 проценти, а кај производството на облека зголемувањето е од 11,5 проценти во однос на […]

Работодавците сакаат тие да одлучуваат дали ќе исплаќаат К15?

април 30, 2015

Работодавците бараат исплатата на К15 да им биде оставена на нивен избор и да не биде задолжителна, бидејќи, како што велат, не секогаш секоја фирма е во можност да исплати К15. Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавци, постигната е начелна согласност со Сојузот на синдикати, преговорите за измените на општиот колективен договор за приватниот […]

Страна 1 од 1