fbpx
Таг: анализа

таг: анализа

Анализа: Како општинските татковци ги полнеле и трошеле буџетите во 2019

Ниту успеале да ги соберат планираните приходи, ниту успеале во целост да ги реализираат планираните трошења. 2019-та година за општините во земјава беше уште една фискална година во која не се остварија во целост планираните буџети. Лани, според најновите податоци од Министерството за финансии, реализацијата на вкупните приходи на сите општински буџети била во износ од 603,2 милиони евра...

Анализа: Економски успеси и промашувања во 2019 година

Некои вложуваа во нови капацитети, други ги прошируваа постоечките, но дел од компаниите се бореа за опстанок во економската 2019 година. Дел од бизнисмените и економистите што ги анкетираше „Порталб.мк“ ги рангираат успесите и неуспесите во годината што измина на економски план, заедно со проблемите и препораките за нивно решавање. Позитивна оценка - економскиот раст, државната поддршка за домашните фирми... Дел...

Саморегулацијата на порталите тема на најновиот број на публикацијата „Новинарството како јавно добро“

Темата „Регулација наспроти саморегулација“ е обработена во декемвриското издание на публикацијата „Новинарството како јавно добро“, која што ја издава Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во анализата на авторката Антоанела Димитриевска се вкрстуваат мислењата на новинарската фела во врска со саморегулација на македонскиот интернет простор. Преку анализа на ставовите на медиумски експерти, новинари и уредници се укажува дека...

Приходите на МРТ во континуиран пад – лани помали за 26 отсто во споредба со 2015 (инфографик)

Македонската радиотелевизија (МРТ) бележи континуиран пад на вкупните приходи од работењето во изминативе четири години. Финансиската анализа за националниот радиодифузен сервис покажува дека вкупните приходи во 2018 година изнесувале 15,4 милиони евра, што е за 26 отсто помалку во споредба со 2015 година. Како што покажува анализата „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ на Центарот за граѓански комуникации, кај...

Вкупните приходи на 30 најголеми државни претпријатија се намалиле за 35 проценти

Вкупните приходи на 30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2018 година се намалиле за дури 35 проценти. Просечната стапка на профитабилност за анализираните четири години изнесува скромни 5,9 проценти. Ова го покажува „Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија“ која денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации денеска. Анализата ја детектира состојбата...

Анализа: Предизборни ветувања – „надуван балон“ или остварлива агенда?

Неделава според најавите владејачката СДСМ треба да ги започне консултациите за кадровските решенија во новата техничка Влада – која е „предвесник“ на априлските предвремени парламентарни избори. Владејачката коалиција на опозицијата ќе и ги отстапи челните позиции во двете стратешки министерства – за внатрешни работи и за труд и социјална политика. И на владејачкиот и на опозицискиот фронт веќе се активираше...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

Анализа: Ревизија во општина Струга – сметката блокирана од 2010 та година!

Блокирана сметка, зголемување на финансиски обврски, судски процеси – серија на пропусти, недоследности и постапувања спротивно на позитивната законска регулатива открива државната ревизија во работењето на општина Струга во 2018 година. Наодите од ревизорските извештаи за Струга се однесуваат на период во кој на чело на општината е градоначалникот Рамиз Мерко, пишува во анализата на „Порталб.мк“. “Финансиските извештаи не...

Секое трето јавно претпријатие најмува некого да му ја заврши работата

Секое трето јавно претпријатие најмува надворешни приватни фирми да ја завршат нивната работа, односно дејноста за која се формирани, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС). Кај една третина од нив, пак, нема анализа за оправданоста на таквите „набавки“, односно за оправданоста услугата да ја пружа надворешно, приватно претпријатие, наместо јавното, кое е основано за таа...

Анализа: Како ќе се дели буџетскиот колач 2020 година?

Повеќе пари за претседателот на државата, за министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надворешни работи, за правда, за труд и социјална политика, за образвание, за здравство, за економија, дури двојно повеќе пари за Министерството за финансии - функции на држава, предвидува Буџетот за 2020 година. Покрај министерствата, и дел од институциите, агенциите, инспекторатите ќе добијат повеќе пари во...

Сите ревизии нашле прекршувања на законите и неисправно финансиско работење на јавните претпријатија (инфографик)

Секој ревизорски извештај за работа на јавно претпријатие во минатите пет години укажал на прекршувања на законите и регулативите, а ниеден не дал позитивно мислење за финансиското работење, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје. ИДСЦС ги анализирал сите извештаи на Државниот завод за ревизија за јавни претпријатија во последните пет години, кои се вкупно 16,...

Во новиот буџет има 53 милиони евра за поголеми плати во администрацијата

Владата во буџетот за 2020 година одвои 30,6 милијарди денари или околу 497 милиони евра за исплата на плати и надоместоци во администрацијата, што е зголемување за 325 милиони денари или 53 милиони евра во однос на буџетот за 2019 година каде за оваа намена се предвидени 27,3 милијарди денари или околу 444 милиони евра, покажува анализата на „Мета.мк“...

Собранието е најмалку транспарентно во финансиите

Финансиската транспарентност е најслаб сегмент во спектарот информации што македонското Собрание ги објавува на својата веб-страница, заклучува анализата на отвореноста на Собранието на „Метаморфозис“ спроведена во рамки на проектот „ActionSEE“. Индикаторите за отвореност во поглед на државниот буџет се зголемиле за 11 отсто, но изнесуваат само 38 отсто. „Собранието има пракса да го објавува предлог буџетот на државата, но не...

Физибилити студијата за Попова Шапка ќе се презентира во понеделник

Физибилити студијата за Попова Шапка ќе биде претставена в понеделник во хотел „Славија“ на Попова Шапка во 13.15 часот. Таа е изработена од компанијата „PWC“, а нарачана од „ЕЛЕМ Турс“. Барањето за реализација на ваква студија дојде од Владата, со цел да се донесе одлука и за судбината на Попова Шапка, пишува „Порталб.мк“. Физибилити студијата е студија за остварливост на...

Анализа: Изборите ќе дојдат и ќе поминат – потребен е нов економски концепт

Француското вето за пристапни преговори кое донесе предвремени парламентрани избори, според аналитичарите ќе се „прекрши“ врз грбот на економијата. Во предизборен период не се очекуваат значајни реформски промени ниту пак крупни инвестициски одлуки, домашниот бизнис, навикнат на чести изборни циклуси, ќе апстинира од развојни проекти, па дури и од нови вработувања во очекување на политичкиот исход од изборите –...

Анализите за Попова Шапка заглавиле во преносот од една до друга институција

Од ЕЛЕМ известуваат дека тие, во четвртокот ја доставиле длабинската (due diligence) анализа и физибилити студијата за Попова Шапка во Влада. Владата од друга страна потврди дека анализите сè уште не стигнале во архива. Тие известуваат дека првично според нормалната постапка, анализите треба да бидат примени во архива, потоа одат во соодветната комисија, за конечно да пристигнат на седница,...

Предвремени избори: Решение за политичката криза или влез во нова, можеби економска криза

lugje klupi Zhena Park
Длабински реформи во судството, републички просек на плата од 500 евра, подобар стандард, посилна економија, враќање на средната класа, одржливи и применливи закони, реформи во медиумите – долга е листата на приоритети што Владата предводена од премерот Зоран Заев ги постави и пред себе и пред граѓаните, пишува неделната анализа на „Порталб“. По бриселското “не“ за датум за пристапни преговори,...

Анализите за Попова Шапка се готови, се чека да се достават во Влада

„Елем турс“ ја примиле физибилити студијата за зимско - рекреативниот центар Попова Шапка. Тие потврдуваат дека двете анализи, “due diligence“ и физибилити студијата се испратени до Управниот Одбор на АД ЕСМ, кои пак треба да ги достават до влада. Од АД ЕСМ велат дека анализите ќе се испратат на разгледување во влада што е можно поскоро, без да определат...

Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја

Речиси една петина од институциите на јавниот сектор имаат помалку од 20 вработени, со што е невозможно да функционираат, и постојат за доделување функции на партиски луѓе, заклучува функционалната анализа на УНДП на јавната администрација, објавена во мај лани. Според последниот извештај од регистарот на вработени во јавната администрација, за 2018 година, македонскиот јавен сектор има 1.314 институции, од кои 23 немаат вработени,...

Бугарија „по балкански“ извади црвен картон за евроинтеграциите на Северна Македонија

Изминативе седум дена во поглед на надворешната политика, беа меѓу „најжешките“ седмици што Македонија ги имала од осамостојувањето досега. Во исчекување на тоа што ЕУ ќе го реши следната седмица за доделување датум за почеток на преговорите за приклучување кон европското семејство, во балканското ЕУ соседство помина вистинско торнадо, на само една недела пред Европскиот совет да донесе конечна...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...