fbpx
Таг: амбасадорка

таг: амбасадорка

Ахмети – Алтхаузер: Една од опциите е повторување на изборите

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, со која разговарал за политичката ситуација во земјата и за очекувањата од создавањето на новата влада по изборите. „Ахмети ги објасни опциите за кои во ДУИ се развива отворена и конструктивна дебата, тие вклучуваат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка владина коалиција, да останат...

Алтхаузер: Пратениците да го поддржат СЈО и да овозможат еднаква правда за сите

Претставниците на граѓаните во парламентот да ги поддржат напорите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да овозможат еднаква правда за сите, порача денеска германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на Државна комисија за спречување на корупција. Алтхаузер истана дека „во оваа насока е важно...

Ахмети: Првo да се исполнат условите, а потоа да се разговара за избори

Пред да се разговара за избори, партиите првo треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката Нина Суомалаинен. На средбата, како што информираат од партијата, Ахмети и Суомалаинен разговарале за новите политички случувања во Македонија...

Манчевски со Оер: Исполнувањето на условите за избори е решение за кризата

Исполнувањето на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумите, истакнал потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната средба со амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, претставникот на дирекцијата за стратешки прашања при француското министерство за одбрана, Рено Дорлиак, и со потполковник Александер Ноел,...

Германската амбасадорка Алтхаузер побара целосно укинување на аболицијата

Укинувањето на аболицијата да биде сеопфатно, односно одлуката за аболицијата треба целосно да се повлече, рече германската амбасадорка Кристине Алтхаузер при промовирање на проектот „Фудбал без граници“ заедно со француската амбасадорка Лоренс Оер. - Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, велам дека уште од почетокот, без недоречености, апелиравме за целосно, комплетно повлекување...

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. - Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту...

Бесими сe сретна со Пласнер, амбасадорката на Данска

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Данска, Лисалоте Пласнер, на која ѝ искажал благодарност за континуираната поддршка од Данска во процесот на евро-атлантска интеграција на Република Македонија и на нашиот регион. „На средбата, се дискутираше за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за нејзиното влијание на целокупниот...

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на Хрватска

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Хрватска, Данијела Баришиќ. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, Договорот од Пржино, преговорите на работните групи, како и за меѓуетничките односи. Ахмети оценил дека спроведувањето на договорот значи пристап на земјата кон евроатлантските стандарди и враќање на политичката и на институционалната стабилност, а поради...

Симоне Филипини: Време е за промени во Македонија

Симоне Филипини, поранешната амбасадорка на Холандија во Македонија, на својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ излезе со порака дека е време за промени во Македонија. „Време е за промени во Македонија. Со позитивно управување и со одговорно раководство, земјата може да се развива. Колку што можам да видам и да слушнам за тоа, на македонските граѓани им е доста од...

Германската амбасадорка во Македонија очекува оставки и целосна истрага

Кристине Алтхаузер, германската амбасадорка во Македонија, смета дека според западноевропските стандарди, мора да има оставки пред да се спроведе транспарентна и целосна истрага за да се реши политичката криза, а интересите на земјата треба да надвладеат над партиските политики. - Владата уште соодветно ги нема разгледано сериозните обвинувања што произлегоа од неодамнешниот развој на настаните и од објавените снимки, што еднакво...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...