недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: амбасадори | 105 резултати

Што напишаа, а што, всушност, сакаа да кажат амбасадорите?

28 октомври 2015

До политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, и до Владата, а пред сè до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и до нејзниот лидер и премиер, Никола Груевски, амбасадорите вчера ја испратија досега најјасната порака, која и покрај својата експлицитност, сепак, беше пренесена на дипломатски јазик. Доколку амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и на Европската […]

Груевски на странците им твитна стар говор како одговор

28 октомври 2015

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владата, премиерот и партиски лидер, Никола Груевски, не излегоа со официјална реакција на изјавата на амбасадорите, туку својот став посредно им го соопштија на странците преку твитер-профилот на Груевски. Неколку часа по изјавата на амбасадорите, во која тие ги повикаа политичките партии да се држат до обврските од Договорот во Пржино, давајќи му […]

Котевски: Изјавата на амбасадорите не ја коментираме, нашите ставови се јасни

27 октомври 2015

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови и нема да ја кометира денешната изјава на амбасадорите, кои ги повикаа двете најголеми политички партии да се држат до своите обврски од Договорот во Пржино, изјави за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. – Не би ја коментирале изјавата на амбасадорите. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ […]

Амбасадорите порачаа: ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Пржино, СДСМ да не објавува „бомби“

27 октомври 2015

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и на Европската унија денеска пред Влада прочитаа заедничка изјава за политичката криза и за Договорот од Пржино со која ги повикаа од ВМРО-ДПМНЕ да ги почитуваат обврските што ги прифатиле во Пржино, а од СДСМ да продолжат да ги исполнуваат нивните обврски од договорот, вклучувајќи ја и […]

Македонија прославува 20 години од првите дипломатски односи

15 октомври 2015

Денеска во Куршумли ан, Министерството за надворешни работи ќе приреди свеченост во соработка со амбасадите на 19 држави со кои пред 20 години се воспоставени дипломатски односи. Две децении дипломатски односи Република Македонија одбележува со Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Антигва и Барбуда, Иран, Либија, Украина, Сингапур, Казахстан, Монголија, Азребејџан, Литванија, Соединетите Американски Држави, […]

ДС, ДОМ, АПМ и ПДП бараат да бидат вклучени во работните групи

31 јули 2015

Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Алијансата за позитивна Македонија и Партијата за деморатски просперитет испратиле официјално писмо до амбасадорите на Европска унија, САД, ОБСЕ и до белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, во кое бараат помалите партии, заедно со граѓанскиот сектор, да бидат вклучени во преговорите за промена на изборното законодавство. „Сведоци сме дека Република Македонија […]

Тачи се сретна со абасадорите од земјите-членки на ЕУ

30 јуни 2015

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска во Тетово се сретна со амбасадорите на 17-те земји на Европската унија, со кои разговараше за политичката ситуација во државата и за процесите за излез од актуелната криза, соопштија од ДПА. „На средбата, се разговараше за деблокирањето на интеграциските процеси и за решавањето на спорот за името, кој ќе го […]

Ахмети се сретна со 15 амбасадори од земјите од ЕУ

30 јуни 2015

Работни средби во седиштата на албанските политички партии, ДУИ и ДПА, денеска одржаа амбасадорите од 15 земји-членки на Европската унија, предводени од Аиво Орав, амбасадор на Европската комисија. – Тоа беше работна средба на која се расправаше за многу прашања, особено за можноста да продолжат преговорите и да се најде решение на политичката криза. ДУИ секогаш, па и […]

Заев на средба со амбасадорите на Белгија, Германија и на Франција

28 мај 2015

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска се сретнал со амбасадорките на Кралството Белгија, Аник Ван Кастлер, на Република Германија, Кристине Алтхаузер, и на Република Франција, Лоренс Оер. На средбата, како што се наведува во соопштението од партијата, било разговарано за очекувањата за можно придвижување […]

Со какви барања стартуваат лидерите на денешната средба?

14 мај 2015

Лидерска средба за денеска е најавена во Клубот на пратеници. На средбата ќе учествуваат лидерите на четирите најголеми партии: Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА. Лидерите ќе седнат на маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД, и со Аиво Орав, шеф на Мисијата на […]

Денеска лидерска средба со Бејли и со Орав

14 мај 2015

Денеска во Клубот на пратеници ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми партии: Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА. Лидерите ќе седнат на маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД, и со Аиво Орав, шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија. Иницијатори на оваа […]

Амбасадорите ја охрабрија опозицијата да се врати во Собранието за да се излезе од ќор-сокакот

12 мај 2015

Опозицијата да се врати во Собранието затоа што тоа е местото за надминување на политичката криза во земјата, побараа амбасадорите на Германија, Италија, Франција, САД, Велика Британија и на ЕУ на денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. – Го поздравуваме учеството на Заев на состанокот на Националнот совет за безбедност. Јасно му дадовме на […]

Амбасадорите сметаат дека ДУИ треба да го искористи влијанието за доброто на граѓаните

12 мај 2015

Лидерот на ДУИ не сакал да им даде изјава на новинарите по двочасовната средба со амбасадорите на САД, ЕУ, Франција, Велика Британија и на Италија, објави „Нова ТВ“. Новинарите го прашувале Ахмети дали ќе понесе одговорност за настанот во Куманово, но неговиот портпарол рекол дека изјава ќе дадат амбасадорите. Во заедничката изјава, амбасадорите посочија дека […]

Дипломатите изразија загриженост и ја искараа Владата

11 мај 2015

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и на Европската унија им изразија сочувство на македонските граѓаните за трагичната смрт на полицајците што беа убиени во Куманово и жалење за страдањата на жителите на Куманово. По средбата со премиерот Никола Груевски, во заедничка изјава рекоа дека ја нудат нивната помош на секој можен начин. – […]

Амбасадорите на САД, ЕУ, Британија, Германија и на Франција на средба со Груевски

11 мај 2015

Денеска во 16 часот, амабасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Германија и на Франција ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски. По средбата, амбасадорите ќе дадат изјава пред објектот на Владата.

Талибанци го урнале хеликоптерот со дипломати во Пакистан

8 мај 2015

Талибанците ја презедоа одговорноста за уривањето на хеликоптерот во Пакистан, при што шест лица загинаа, а 13 се повредени, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на талибанците, Мухамед Корошани, во електронската порака соопштил дека хеликоптерот е урнат со рачен минофрлач. Се претпоставува дека талибанците сакале да го урнат хеликоптерот на пакистанскиот премиер Навиз Шараф, но тој се […]

Загинаа амбасадорите на Норвешка и на Филипини во Пакистан

8 мај 2015

Амбасадорите на Норвешка и на Филипини во Исламабад загинаа во хеликоптерска несреќа во североисточниот дел од Пакистан. Како што јавуваат пакистанските медиуми, меѓу шесте загинати се и сопругите на амбасадорите на Малезија и на Индонезија.

Груевски со ОБСЕ: Реформите, ЕУ и НАТО – темелни заложби на Владата

17 април 2015

Реформскиот процес, европската и евроатлантската интеграција на земјата се темелна заложба на македонската влада, истакнал премиерот Никола Груевски на денешната средба со делегацијата на постојните претставници на земји на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти владината прес-служба. На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба во земјата, за која соговорниците истакнале дека […]

СДСМ се сретна со амбасадори на ОБСЕ

17 април 2015

Раководството на СДСМ денеска се сретна со висока делегација амбасадори на ОБСЕ. „Сето она што мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го наведе во последниот извештај за изборите во Република Македонија, за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудниот систем на државата, партизираноста на институциите и за загрозената слобода на медиумите, се потврди со доказите и […]

Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и со претставник на НАТО

19 март 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија, Мариан Берц, претставник на Мисијата на ОБСЕ, и капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО. На средбата биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за […]

Страна 5 од 6