вторник, 10 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Алта банка | 23 резултати

Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

4 ноември 2026

Уапсени се и директорот на Одделот за трезор и управување со готовина на Алта банка и соработникот за трезорско работење на Алта банка, кои се осомничени дека му помагале на Мацура во извршувањето на кривичното дело

Повеќе од 5.000 корисници на социјална помош биле клиенти на Алта банка

3 ноември 2026

Министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски изјави за Телма дека ќе се отвореле нови шалтери за да можат над 5.000 корисници на социјална помош и други права од социјална заштита кои што имаат сметки во Алта банка Битола да си ги подигнат парите

Драшковиќ за Н1: Индикации за проблеми во Алта банка имало и пред една година

3 ноември 2026

Економистот ја обвинува Народната банка на Србија дека не реагирала навреме и бара одговори за контролата врз работењето на банката. Според него, блокираните средства ги погодуваат и државните претпријатија и малите добавувачи

НБРМ привремено ги забрани одливите кон странство од Алта банка Битола, приливите се дозволени

3 ноември 2026

Ограничувањето важи и за граѓаните и за фирмите. Правните лица можат да вршат само плаќања во рамките на банката, додека за физичките лица останува неделниот лимит од 10.000 денари за подигнување готовина и плаќање со картички

Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, се сомничи дека од банката изнел 380 милиони евра

2 ноември 2026

Според српското обвинителство, двајца вработени кои се исто така осомничени му овозможиле на сопственикот Давор Мацура незаконски да изнесе околу 45 милијарди денари или 380 милиони евра од трезорот на банката

ФТ: Алта банка беше важен канал за руските пари во Србија

2 ноември 2026

Угледниот „Фајненшл тајмс“ објавува дека постојат сомнежи дека преку Алта банка од Србија се извлечени големи суми на пари по изборите на 25 октомври кога власта ја загуби Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ

Филипче: Како 11.000 пензионери ќе ги добијат пензиите преку Алта банка ако експозитурите се затворени?

2 ноември 2026

Гувернерот повика граѓаните редовно да ги исполнуваат своите кредитни обврски. Неприфатливо од нив да се бара да ги отплаќаат кредитите ако немаат пристап до сопствените средства. Со кои пари луѓето да враќаат кредити? Што ако чекаат пари од банката за да ја уплатат ратата за кредитот?, прашува Филипче

Приведен е сопственикот на Алта Банка, Давор Мацура во Србија

2 ноември 2026

Полицијата повеќе од 30 часа вршеше претрес во просториите на „Алта банка“ а.д. Белград почнувајќи уште од саботата откако Извршниот одбор на Народната банка на Србија, во саботата наутро, ѝ ја одзеде дозволата за работа на банката и прогласи стечај

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, а администрацијата е привремена мерка

2 ноември 2026

Народна банка информира дека средствата на клиентите остануваат на нивните сметки, а привремено е ограничена само динамиката на одливот, со цел да се спречи нагло и масовно повлекување на ликвидноста, што би можело да влијае врз интересите на сите штедачи

НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач

1 ноември 2026

Граѓаните ќе можат да користат до 10.000 денари неделно, а според гувернерот Трајко Славески, ограничувањето ги опфаќа и плаќањата на сметките. На белградскиот акционер му се одзема правото на глас, а четири-пет домашни и странски субјекти веќе пројавиле интерес за купување на акциите

Српското обвинителство за организиран криминал ги истражува трансферите на пари од Алта банка

31 октомври 2026

Народната банка на Србија поднесе кривична пријава против Алта банка и повеќе одговорни лица во неа. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека уште на 27 октомври побарало податоци за трансферите на банката кон странство

Филипче побара оставка од Славески и истрага за преземањето на Стопанска банка Битола

31 октомври 2026

Претседателот на СДСМ побара одговори за проценката на ризиците при влезот на Алта банка во Македонија и за безбедноста на депозитите на граѓаните и јавните претпријатија. Народната банка нагласува дека одлуката во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на битолската банка, која денеска соопшти дека е ликвидна и работи непречено

НБРМ смирува по стечајот на Алта банка во Србија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен

31 октомври 2026

„Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола“, велат од НБРМ во соопштение кое е многу слично на соопштението што самата Алта банка А.Д. Битол

Алта банка Битола: Ликвидни сме, клиентите имаат непречен пристап до своите средства

31 октомври 2026

Од банката велат дека продолжуваат со редовно работење по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија. Нагласуваат дека се самостојно правно лице под супервизија на македонската Народна банка

СДСМ побара кривични постапки против премиерот Мицкоски и гувернерот Славески за Алта банка

31 октомври 2026

Опозициската партија ги обвини институциите дека ги игнорирале предупредувањата за банката и побара итно постапување од Обвинителството. Реакцијата следува откако српскиот регулатор ѝ ја одзеде дозволата на белградската банка, која лани ја презеде Стопанска банка Битола

Србија ѝ ја одзеде дозволата на Алта банка, која лани ја презеде Стопанска банка Битола

31 октомври 2026

Српската Народна банка утврдила значително влошување на финансиската состојба на белградската банка. Таа во 2025 година стана мнозински акционер во Стопанска банка Битола, во чија претходна сопственичка структура учествуваше и бизнисменот Орце Камчев

Народна банка: Алта банка ќе продолжи да работи, а администрацијата е привремена мерка

2 октомври 2026

Од Народна банка велат дека средствата на клиентите остануваат на нивните сметки, а привремено е ограничена само динамиката на одливот, со цел да се спречи нагло и масовно повлекување на ликвидноста, што би можело да влијае врз интересите на сите штедачи

Страна 1 од 1