fbpx
Таг: Алијанса за Албанците

таг: Алијанса за Албанците

Села нема да биде дел од Владата на Заев без избори

Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да претходи парламентарен изборен процес, едногласно одлучила партијата на првото Централно собрание во Кичево по партискиот конгрес кој се одржа на 10 март. Од партијата велат дека нивната одлука се заснова на индикациите дека владејачката гарнитура не е доволно убедлива во...

Села: Алијансата за Албанците и понатаму е отворена за преговори за влез во Владата

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, синоќа во Дебар изјави дека АА и понатаму е отворена за преговори за нејзино враќање во Владата на премиерот Зоран Заев, но само ако се исполнат веќе познатите барања. Тој бара одговорност за корупцијата на сите партиски функционери без разлика од нивната етничка припадност. - Имаме чести средби со меѓународните фактори во кои,...

Замениците-министри од Алијансата за Албанците ги депонираа оставките во Владата

Функционерите на Алијансата за Албанците денеска и официјално ги депонираа оставките во Владата. – Тројца заменици-министри и државниот секретар во Министерството за правда денеска поднесоа оставките во владината архива, а се очекува од своите функции да се повлечат и уште осум директори, што значи вкупно 12 или 13 функционери кои ќе поднесат оставка од водечки позиции - рече Елми Азири...

Анѓушев: Мора да се промени начинот на греење – гасификацијата е најдобро решение

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на пратенички прашања денеска во Собранието рече дека според истражувањата најголем загадувач е затоплувањето на домаќинствата, а потоа следуваат автомобилите па индустријата. - Проблемот со загадувањето треба да се реши со дејствување врз изворите, а не врз последиците. Мораме да го измениме начинот на греење. Не може на дрва, сецкан ќумур или гуми...

Несериозно е да се помисли на нови избори во 2018 година, смета Џафери

Несериозно е да се помисли да има нови избори во 2018 година, затоа што Македонија ја чекаат процеси за евроатлантската интеграција и реформи кои треба да се спроведат, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој изрази надеж дека на седницата на 9 јануари, која ќе биде прва во следната година, ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека...

Заев му посака среќа на Мицкоски и му порача заедно да мислат за Македонија

Можам само да му посакам среќа на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и заедно сите да му ја мислиме за Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев прашан како го оценува изборот на Христијан Мицкоски за претседател на најголемата опозициска партија. Тој истакна дека стабилни политички партии како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ значат стабилност за Македонија. - Завршувањето на конгресот на нашиот политички опонент...

Алијансата за Албанците нема да ја напушти владината коалиција

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание на партијата што се одржа во Гостивар, изјави дека нема да ја напуштат владината коалиција. Тој изрази верување дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата. -Ние одлучивме дека ќе бидеме дел од владата за реализација на програмата која...

Таравари: Без Алијансата за Албанците немаше да има влада, жал ми е за Заев

Заев вели дека Министерство за здравство е дадено на Алијансата поради мене како личност. Кога го слушнав ова првпат, ми дојде многу жал за него. Поради недостаток на реално оправдување за насилното одземање на Министерство за здравство тој прати една незрела вест, вели градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на својата „Фејсбук“ страница. „На ова оправдување на Заев не верува...

Алијансата за Албанците утре ќе одлучува дали ќе остане во владината коалиција

Централното Собрание на Алијансата за Албанците утре во 11 часот, во просториите на ресторанот „Арена“ во Гостивар ќе одржи состанок на кој треба да одлучи дали ќе остане во владината коалиција. Вчера премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Ноќно студио“ рече дека владата ги доставила предлозите за новите министри до Собранието и дека предлог за министер за здравство е...

Села не се откажува од здравство, не сака да добие „заменик-премиер за носење бурек“

Остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се местат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците и бараме да го водиме министерството за здравство, рече , Зијадин Села по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев. - Јас му дадов предлог на премиерот да стокми уште една друга позиција, што би била заменик премиер за...

Новиот министер за здравство може ќе биде од кај Села, а може и не

Разговорите за изборот на новиот министер за здравство се во тек со коалициските партнери од владејачката коалиција, а реконструкција на Влада ќе има доколку биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој се надева дека до крајот на неделата ќе биде донесена одлука и посочи дека многу важно е персоналното решение, односно...

Села: За новиот министер за здравство ќе одлучуваат партиските органи

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, а за новиот министер за здравство ќе одлучуваат органите на партијата, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“. - Ќе поставиме човек кој ќе ни го обели образот како што беше Арбен Таравари - рече Села. Тој истакна дека ја застапува идејата министерот за...

Се чека Управен суд да каже што решил за приговорите на партиите

Според соопштението објавено на веб-страницата на Управен суд вчера доцна вечерта, денеска судот би требало да соопшти какви пресуди донел за вчера разгледаните 10 тужби од политичките партии против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК), што ги разгледуваше. Од вкупно 16 примени тужби, судот вчера разгледуваше 10, а за денеска остануваат шест. Партиите незадоволни од неприфаќањето на нивните приговори во ДИК поднесоа...

Управен суд утре ќе ги соопшти одлуките за тужбите за приговорите што не ги прифати ДИК

Управниот суд денеска разгледал десет од 16 тужби поднесени од политичките партии Алијанса на Албанците, Беса и Народно движење за Македонија, но одлуките ќе ги соопшти утре. Незадоволни од неприфаќањето на нивните приговори поднесени до ДИК, партиите поднесоа тужби, и тоа Алијанса за Албанците - 11, Беса поднесе четири тужби, а НДМ - една тужба, односно вкупно 16 тужби се поднесени до 10 часот...

Управен суд почна да решава за 16 тужби за вториот круг од изборите

Вкупно 16 тужби од политички партии за вториот круг на локалните избори се поднесени до Управниот суд заклучно до денеска до 10 часот.  Во соопштението од Управниот суд, потпишано од претседателот на судот, се наведува дека 11 тужби се поднесени од Алијанса на Албанците, четири од Движењето Беса и една од Народно движење за Македонија. ДИК на седница ги отфрли...

ДИК ги отфрли приговорите на Беса, Алијанса за Албанците и на НДМ

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, која заврши вечерва, ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени од партиите Беса, Алијанса за Албанците и НДМ за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, што се одржа на 29 октомври. Од вкупно 89 приговори поднесени од Беса, ДИК отфрли 88, а еден приговор бил...

Заев: За коалицијата ќе разговараме следните денови, прво да ги оладиме главите

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека досега не разговарал со коалиционите партнери и со другите политички партии за евентуално велгување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменик-министерски и директорски места по локалните избори. Тој очекува за овие прашања да се дискутира во наредните денови, откако, како што рече, ќе слегне прашината и сите ќе бидат...

Партиите поднесоа 103 приговори до ДИК за вториот круг од локалните избори

Политичките партии до Државната изборна комисија поднеле 103 приговори за вториот круг од локалните избори, информираше за „Мета“ портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска. Најмногу приговори има поднесено Беса – дури 89. Алијанса за Албанците има поднесено 13 приговори и еден приговор има поднесено НДМ. ДИК има рок од 48 часа да одговори на приговорите. - Приговорите треба да се обработат, па потоа...

СДСМ ќе раководи во 56 општини и во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во 5, ДУИ во 10, Алијансата во 3

Според резултатите од двата круга на локалните избори, СДСМ ќе раководи со 56 општини и со Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ во 10, Алијанса за Албанците во три, Беса, ДПА и ДПТ во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини. СДСМ, во првиот круг од изборите, кој се одржа на 15 октомври, покрај во Град...

Села не ги признава резултатите од изборите, го обвини Заев за поразот во Струга

Лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села, изјави дека не ги признава резултатите од денешното гласање за локалните избори бидејќи, според него, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата. Тој од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев побара одговор за резултатите во Струга, кои се во...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...