понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Алепо | 81 резултати

Кери и Лавров во Хамбург разговараа за Алепо

8 декември 2016

Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, синоќа во Хамбург разговараа за ситуацијата во сирискиот град Алепо. Средбата се одржа пред почетокпот на дводневниот министерски состанок на земјите-членки на ОБСЕ, на кој присуствуваат министри од 57 земји. – Ја разгледавме особено тешката ситуација во Алепо и разменивме некои идеи за […]

Убиен руски полковник во Алепо

7 декември 2016

Рускиот полковник Руслан Галицки е убиен во Алепо откако сириските бунтовници гранатираа дел од градот во кој се наоѓал, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Убиството на Галицки може да предизвика уште посилен притисок од Русија врз бунтовничките сили, кои се борат против сириската војска, пренесува Сириската опсерваторија за човекови права. – Бунтовниците направија голема […]

Сириската војска го зазеде стариот дел на Алепо

7 декември 2016

Сириската војска денеска ја презела целосната контрола над стариот дел на Алепо, кој беше држен од бунтовничките сили, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Сириската војска во стариот дел на градот, кој е втор по големина во Сирија, влегла вчера. Како што јавуваат агенциите, бунтовничките сили во последните […]

Алепо е срам за меѓународната заедница, оцени Меркел

6 декември 2016

Срамно е што меѓународната заедница не е во состојба да го олесни страдањето во сирискиот град Алепо, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. – Алепо е срам. Срамота е што не успеавме да воспоставиме хуманитарен коридор, но мораме да продолжиме да се бориме за тоа – истакна Меркел. Изјавата на германската канцеларка доаѓа откако Русија и […]

Можен е договор меѓу САД и Русија за повлекување на бунтовниците од Алепо, смета Лавров

5 декември 2016

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е уверен оти Москва и Вашингтон можат да постигнат договор на неделните разговори за повлекување на сите бунтовници од источниот дел на Алепо во Сирија. Кога ќе се постигне договор, сите бунтовници кои одбиваат да го напуштат опколениот град ќе бидат третирани како терористи, нагласи Лавров […]

Сириската војска тврди дека контролира повеќе од половина од источниот дел на Алепо

4 декември 2016

Сириската војска ја презела контролата на повеќе од 50 осто од источното подрачје на Алепо, кое го држеа бунтовничките сили, изјавил денеска потрпаролот на сириската војска, генералот Самир Сулејман. Сулејман за „Би-би-си“ вели оти се надева дека за неколку недели целиот град ќе биде во рацете на државните сили. Сириската војска во изминатите три недели од […]

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо

3 декември 2016

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо, во рамките на големата офанзива за преземање целосна контрола над градот од бунтовничките сили, соопштила денеска сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазела квартот Тарик ал Баб и сега […]

Лавров истакна дека Русија ќе го спаси Алепо од терористи

1 декември 2016

Русија ќе ги продолжи операциите во источниот дел на Алепо и ќе го спаси градот од терористи, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на неговата посета во Турција. На заедничката конференција за новинари, по состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу во Анталија, Лавров рече дека Русија ќе продолжи да вложува напори […]

ОН предупредуваат дека Алепо може да стане голема гробница

1 декември 2016

Источниот дел на Алепо се заканува да стане „голема гробница“ доколку не заврши конфликтот и не се достави хуманитарна помош, оцени шефот на хуманитарните операции на Обединети нации, Стивен О’Брајан. О’Брајан побара помош од Советот за безбедност на ОН, кој итно заседаваше на барање на Франција, но состанокот е завршен без конкретни резултати. Според проценките на […]

Путин нареди итно да се испратат мобилни болници во Алепо

29 ноември 2016

Рускиот претседател Владимир Путин му наредил на министерството за одбрана и за вонредни ситуации да испрата мобилни болници во Алепо што е можно побргу. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин наредил војската да им пружи „медицинска помош на жителите на Алепо и на околните места“. Русија воено ги помага силите на сирискиот претседател […]

Франција бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Алепо

29 ноември 2016

Шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро, денеска побара да се свика итен состанок на Советот за безбедност на Обединетоте нации поради ситуацијата во сирискиот град Алепо, кој е уништен во борбите. Еро во соопштението апелира дека е неопходно да се дозволи доставување хуманитарна помош за загрозените. Сириската војска и нејзините сојузници од вчера се […]

Сириската војска ги презеде од опозициските сили клучните делови на Алепо

28 ноември 2016

Сиријските владини сили го зазеле клучниот дел на Алепо, Ал-Сакхур, и со тоа ја вратиле контролата над сите северни области од источниот дел на градот што ги држеа бунтовниците, јавуваат светските агенции. Освојувањето на областа Ал-Сакхур го потврдиле сириската државна телевизија, како и сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Сириската армија, лојална на […]

Кери и Лавров разговараа за Украина и за Алепо

18 ноември 2016

Американскиот државен секретар, Џон Кери, синоќа соопшти дека со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, разговарале за Украина и за „сите аспекти“ на ситуацијата во Алепо, вклучувајќи ги и обновените воздушни удари во овој сириски град. Во изјава за новинарите по разговорите, кои на само ги имал со американскиот колега за време на самитот АПЕК […]

Бомбардирана детска болница во Алепо, меѓу загинатите и пет деца

17 ноември 2016

Дваесет и едно лице се убиени, од кои пет деца, откако сириската војска изврши воздушен и артилериски напад на источниот дел на градот Алепо, при што погодени се детската болница „Бајан“, банката за крв и возила на итната помош, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. „Би-би-си“ пренесува дека директорот на болницата се крие во подрумот […]

Повторно воздушни напади на Алепо

15 ноември 2016

Сириските опозициски активисти јавуваат дека во источниот дел на Алепо денеска се изведени воздушни напади, првпат по три недели. Тоа, како што велат, би можело да означува почеток на нова владина офанзива на овој северносириски град. Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека се бомбардирани три населби, но оти засега нема податоци за евентуални жртви. […]

Москва: Бунтовниците во Алепо употребиле хемиско оружје, повредени 30 сириски војници

14 ноември 2016

Триесеттина сириски војници синоќа се повредени во источниот дел на Алепо откако бунтовниците извршиле напад со хемиско оружје, соопшти денеска руското министерство за одбрана. Од министерството наведуваат дека повеќето повредени се хоспитализирани во Алепо. Пред два дена Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека сириските владини сили ги повратиле сите подрачја […]

Двајца руски војници ранети во Алепо

4 ноември 2016

Двајца руски војници се ранети во северниот сириски град Алепо, соопшти руското министерство за одбрана. Во нивното соопштение е наведено дека војниците биле ранети од страна на бунтовниците кои бомбардирале коридор низ кој се евакуирале луѓе од градот. Русија и сирискиот режим прогласија 10-часовен прекин на огнот за да им се овоможи на бунтовниците и на […]

Русија најави десетчасовно хуманитарно примирје во Алепо

2 ноември 2016

Владимир Путин најави десетчасовно хуманитарно примирје во Алепо, објави министерството за одбрана на Русија. Во сирискиот град моментно траат најжестоките воени дејства во граѓанската војна во Сирија. Прекинот на огнот, според најавите, треба да биде во петок од 9 до 19 часот, соопшти началникот на рускиот генералштаб, Валериј Герасимов. Тој додаде дека одлуката за примирје […]

Бунтовниците убиле повеќе од 80 цивили во Алепо, соопшти сириската војска

31 октомври 2016

Сириската војска соопшти дека фронтот Ал нусра и други групации, кои ги нарекува терористички, во изминатите три дена при бомбардирањето на Алепо убиле 84 лица, од кои повеќето жени и деца. Војската наведува дека терористите користеле и хемиско оружје и ракетен оган. Фронтот Ал нусра во јули ѝ откажа верност на Ал каеда и се […]

ОН најавуваат евакуација на 200 ранети од Алепо

27 октомври 2016

Високиот претставник на ОН, Јан Егеланд, денеска изјави дека ОН ќе се обидат да обезбедат евакуација на околу 200 ранети лица и да достават храна и лекови во сирискиот град Алепо. Егеланд рече дека „ОН не се предаваат“ и додаде дека во минатото недостигот од доверба, стравот и неразбирањето, како и неприфатливите услови ги уништиле хуманитарните напори. […]

Страна 2 од 4