fbpx
Таг: Ален Данкан

таг: Ален Данкан

Заев – Данкан: Бојкотот на референдумот е бојкот на иднината на државата

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан констатирале, како што соопштија од Владата, дека секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата. Според Владата, Данкан го поддржал процесот на интеграции на Македонија и охрабри земјава да ги оствари стратешките цели, што е важно...

Иванов му се пожалил на Данкан за мешањето на соседите и статус кво ситуација со ЕУ и НАТО

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан, изразил незадоволство од отсуството на јавна осуда на мешањето во внатрешни работи на Македонија од страна на некои соседни земји. На средбата, како што информираат од кабинетот на Иванов, македонскиот претседател и британскиот дипломат размениле миселња за политичката криза во земјава и...

Ахмети го информирал и Данкан за можноста ДУИ да остане во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, меѓу другото, го информирал британскиот дипломат и за денешниот состанок на централното претседателство на партијата. Ахмети, како што соопштуваат од партијата, истакнал дека на состанокот ќе се разговара за можностите и за опциите на партијата, имајќи ги предвид изборните резултати, „вклучувајќи...

Данкан ги продолжува средбите со партиите, Иванов, СЈО и со граѓанските организации

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими британскиот министер за Европа и за Америка, сер Алан Данкан. Данкан, кој е во дводневна посета на Македонија, вчера се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Поповски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. На средбите, како што соопштија од МНР и од партиите, се...

ВМРО-ДПМНЕ до Данкан: Ќе има тензија, нашите гласачи и членството се вознемирени

„Ние сме под голем притисок на нашите гласачи и нашето членство да се бориме и да не го дозволиме нарушувањето на принципот 'победникот со победникот', затоа што во основа ние правично постапуваме цело време и сега некој друг не постапува правично кон нас. Ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но...

Попоски – Данкан: Очекуваме позициите на Британија да останат поволни за Македонија

Реформските процеси, евро-атлантските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба биле дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан. Министрите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ-референдум во Обединетото Кралство и за...

Најдовме решение во согласност со Уставот, истакнала Шекеринска на средбата со Данкан

Промените што се случуваат на политички план во Македонија и економските предизвици за обезбедување квалитетен живот, биле тема на средбата помеѓу заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и државниот министер за Европа и за Америка на Велика Британија, Ален Данкан, кој е во дводневна посета на земјава. - Се отвораат светли перспективи за Република Македонија и за граѓаните, со демократските промени...

Британскиот министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, ја почнува дводневната посета

Британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, денеска ја почнува дводневната посета на Македонија, во рамки на која ќе има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, лидерите на парламентарните политичките партии, специјалната обвинителка Катица Јанева, претставници на институциите, како и на граѓанскиот сектор. Главен фокус на средбите на Данкан...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...