fbpx
Таг: Алексис Ципрас

таг: Алексис Ципрас

Ципрас и Заев денеска во Мостар

Алексис Ципрас и Зоран Заев, заедно со нивните колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина, денеска ќе одржат квадрилатерална средба во Мостар, јави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, грчкиот премиер попладне ќе биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот. АНА-МПА објави дека околу 20 часот се очекува...

Грчката влада објави промотивно видео со исечоци од телефонски разговори Заев – Ципрас

Грчката влада на својот официјален „Јутјуб“ канал објави промотивно видео за потпишувањето на Договорот помеѓу Македонија и Грција во Преспа на 17 јуни. Во видеото освен сцени од потпишувањето на Договорот во Преспа, има делови во кои се гледа како грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски се договара со македонскиот премиер Зоран Заев на англиски јазик. За време на телефонскиот разговор Ципрас...

Ципрас: Посакувам соседот да ги исполни обврските од Договорот

Прво соседната земја да ги исполни обврските од Договорот, а потоа, во јануари, февруари, ќе разговараме со коалицискиoт партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во Брисел по Самитот на НАТО, во однос на спротивните позиции што ги имаат со Панос Каменос за Договорот од Преспа. - Сега чекаме да видиме...

Мицотакис: Ципрас и Каменос ја отворија вратата на НАТО за Скопје

Алексис Ципрас и Панос Каменос, пред три седмици во Преспа признаа македонска националност и јазик за Скопје, a денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Во изјавата посветена на самитот на НАТО, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, упатува остри критики и обвинувања до владата на Ципрас и Каменос во...

Пенс до Заев: Честитки за договорот со Грција – се отвораат вратите за ЕУ и за НАТО

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев, вчера го честитал постигнувањето на Договорот на Македонија со Грција за решавање на спорот за името и им честитал на Заев и на неговиот грчки колега Алексис Ципрас за покажаното лидерство, соопшти македонската влада. „Според потпретседателот Пенс, договорот покажува јасен сигнал дека Република Македонија се доближува кон...

Заев и Ципрас ќе се сретнат во Лондон на 10 јули

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во Лондон, на маргините од Самитот на Западен Балкан што ќе се одржи во вторник (10 јули), дознава „Независен весник“. Двајцата премиери ќе разговараат за развојот на настаните по потпишувањето на Преспанскиот договор и ќе ги координираат своите активности. Премиерката на Велика Британија, Тереза Мај, ќе...

Ципрас: Двете земји ги надминаа разликите и создаваат надежна иднина

Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на „Твитер“, по состанокот на Европската социјалистичка партија. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од Преспа. – Европските социјалисти со ентузијазам го...

Нова Демократија води со 12,4 отсто пред владејачката Сириза

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, го зголемува водството пред владејачката Сириза на Алексис Ципрас, покажала анкетата објавена од весникот „Прото Тема“, пренесува „Блумберг“. 26,4 отсто од испитаниците се определиле за Нова Демократија, а за во Сириза само 14 отсто. Мнозинството на владејачката коалиција на Ципрас во парламентот се намали на само два пратеника предност во законодавниот...

Шпанскиот премиер му честитал на Ципрас за Договорот со Македонија

Новиот премиер на Шпанија, му честитал на неговиот грчки колега за постигнатиот договор со Македонија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како објави АНА-МПА, честитките од Педро Санчез, Алексис Ципрас ги добил на маргините на неформалниот работен состанок во Брисел за бегалскиот проблем, а двајцата премиери се договориле да разговараат во следниот период.

Мицотакис: Владата ѝ ги отстапи македонскиот јазик и националност на соседната земја

Алексис Ципрас на соседната земја и отстапи нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик, рече лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис од Кукуш, каде што присуствуваше на свечената манифестација по повод 105-годишнината од ослободувањето градот. – Ја посетувам Македонија во еден емотивно затегнат момент. По провокативното славење во Преспа, се повеќе Грци разбираат дека...

Ципрас: Атмосферата на ручекот беше многу добра, речиси како на свадба

Климата беше многу добра на ручекот со Заев, речиси како на свадба, бил коментарот на Алексис Ципрас за ручекот на двете владини делегации и на еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан, како и претставничката на Генералниот секретар на ОН, Розмари ди Карло, што вчера се одржа во Отешево, веднаш по потпишувањето на Спогодбата за решавање на спорот меѓу Македонија...

Хан: Граѓаните на идната Северна Македонија заслужуваат европска иднина

„Ова е историски ден затоа што граѓаните на идната Северна Македонија заслужуваат европска иднина“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан во Отешево, по потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција во Псарадес, на грчката страна од Преспанско Езеро. Тој додаде дека требаше многу време и многу пат за да се стигне таму каде што сме денеска, но исто така потсети дека следува...

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее

„Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името. Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по повод денешното потпишување на договорот. Според опозицијата, , а...

Во Преспа потпишана спогодбата со Грција

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас во селото Псарадес (Нивици) на грчкиот брег на Преспанското Езеро претпладнево ја потпишаа „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817  (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за...

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас

Со 127 гласа за и 153 против, парламентот на Грција вчеравечер ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата. Поради тоа веднаш претседателот на партијата и министер за одбрана, Панос...

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање на македонско – грчкиот...

Борисов: Ќе беше предавство со фанфари и почести да го пречекам Иванов

Ќе беше предавство доколку по она за што прочитав вчера, по средбата од 120 секунди меѓу премиерот Заев, министерот за надворешни работи и претседателот Иванов, него денеска да го пречекам со фанфари и почести. Затоа проценив дека денеска не е моментот, рече во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања за одбивањето да се сретне со македонскиот...

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до...

Ципрас: Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ вчера порача дека со новата спогодба, Грција не може да го забрани правото на жителите на Република Македонија да се самоопределуваат, јави дописничката на МИА од Атина. - Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци....

Рама: Двајца прогресивни лидери испишаа историја, Балканот сега е подобро место

Двајца прогресивни лидери на соседните земји денеска испишаа историја и им покажаа на ЕУ и на светот како волјата и подготвеноста да се надмине минатото може да пронајде простор за иднината кога изгледа дека таков простор нема, напиша албанскиот премиер Еди Рама вчера на својот Твитер-профил, честитајќи им на македонскиот и на грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...