fbpx
Таг: Албанци

таг: Албанци

Ахмети: Надвор од НАТО, Македонија тешко ќе опстои

Референдумот на 30 септември е печат кој му дава вредност на мирот, стабилноста и ќе се затвори едно поглавје која трае веќе 25 години. Ова е референдум за НАТО, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија „Клан“. Тој вели дека Албанците се во својата земја, во нивната држава и затоа ќе гласаат „за“ Договорот со...

Мета ги повика Албанците во Македонија да го поддржат референдумот

Претседателот на Албанија, Илир Мета во интервју за „Албаниaн Дејли Њуз“, зборувајќи за Македонија истакна дека постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина за името, отвора нова перспектива кон членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ, како и директно придонесува за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. - Верувам и истовремено ги повикувам сите Албанци од Македонија да учествуваат...

Села ќе бара во Уставот и во пасошите да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во Собранието порача дека го поддржува договорот со Грција, но дека има забелешки. Тој рече дека при менувањето на Уставот, неговата партија ќе бара во пасошите и во Уставот за македонските Албанци да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“. Села рече дека е незадоволен од постигнатото на лидерските средби и дека албанскиот...

Денеска нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот, но во потесен состав

Премиерот Зоран Заева синоќа најави нова лидерска средба денеска напладне во Клубот на пратеници, но овој пат на четирите најголеми политички партии, така како што бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти лидерска средба еден час по почнувањето. - Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ...

Ахмети: Албанците се на нивното место и во нивната држава

Во Република Македонија, живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи… Ние сме дел од Уставот на РМ и нема никаква дилема дека Албанците се во нивното место и во нивната држава, рече вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, одговарајќи на новинарско прашање, дали името Република Северна Македонија го одразува и идентитетот на сите Албанци. Тој...

Ахмети: Концептот на поделби е штетен за Албанците

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската унија, јавува дописникот на МИА од Приштина. Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската телевизија „Т7“ рече дека „нема Албанец кој...

Жбогар: Очекуваме Законот за јазиците да стапи на сила и реформите да продолжат

Донесувањето на Законот за употреба на јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, одговори евроамбасадорот Самуел Жбогар на новинарско прашање за овој закон. На новинарско прашање како го коментира тоа што Иванов не го потпишал Указот за Законот, Жбогар вели „ние очекувме Законот да стапи на сила и земјата да се фокусира...

Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот

Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Зоран Заев. – Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми...

Тачи: Иванов не може да го запре официјализирањето на албанскиот јазик

Во интервју за „Дојче веле“, косовскиот претседател Хашим Тачи ја критикува одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците. - Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење -...

Вучиќ на Косово: Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите живеалишта на Косово, а дека за тоа ќе има понатамошна и поголема помош од државата. – Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која од...

Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон...

Ахмети ги повика Албанците во Скопје да гласаат за Шилегов

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на митингот во Гази Баба рече дека поддршката со СДСМ ќе биде обострана, каде еден од партнерите нема шанси за победа во некоја од општините. За градоначалник на Скопје, Ахмети повика да се гласа за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов а исто така рече дека и СДСМ ќе ги поддржи кандидатите...

Собранието ја продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците

Собранието денеска ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазициите. Предлог-законот е со европско знаменце, односно треба да биде донесен по скратена постапка. Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на политички...

Косово изгласа нова влада

Со 62 гласа „за“, во парламентот на Косово беше изгласана нова влада, предводена од лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај. Владата ја поддржаа партијата на Харадинај, Демократската партија на Кадри Весели, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај, Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли, пратеничката група на Србите и онаа на немнозинските етнички заедници. Пред гласањето салата...

Беса: Владата разочара во првите 100 дена, отсега нема простување

Новата Влада во првите 100 дена покажа дека продолжува да работи по стариот терк - на штета на граѓаните, а во интерес на сопствените политички цели. Ова е ставот кој денеска го соопшти партијата Беса по повод стоте дена од формирањето на Владата. Од партијата велат дека оваа влада, како и претходната, продолжила да ги партизира институциите на државата и...

Беса се закани со граѓанска реакција, ако не се обелоденат „монтираните судски случаи“

Движењето Беса денеска побара од Владата да ги обелодени „монтираните судски случаи 'Сопот' и 'Монструм'“ или во спротивност „ќе се соочи со силна граѓанска реакција“. „Инсистираме што побргу да се обелоденат познатите случаи како „Сопот“, „Монструм“ како и многу други, и вистинските виновници да се изнесат пред лицето на правдата, без разлика на нивната етничка припадност. Мора еднаш засекогаш да...

Рама: Албанците во Македонија не треба да бидат алиби за конфликт

Премиерот на Албанија, Еди Рама, коментирајќи ги последните настани во Македонија, изјави дека во борбата за власт, како алиби биле вклучени Албанците. Рама ги повика Албанците на мир и на трпение во овие тешки услови за да не се дозволи тие да бидат искористени како алиби за конфликт, пренесе телевизија „Алсат-М“. - Имаме право да ги потсетиме нашите соседи Македонци дека...

Вучиќ ја повика ЕУ да реагира на изјавите на Рама и на Тачи

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска апелираше до политичките претставници на Албанците да не излегуваат во јавност со изјави дека е потребно сите Албанци во регионот да формираат единствена држава доколку биде запрен процесот на европските интеграции. „Ние ги молиме, повторувам, ги молиме, бидејќи тоа не придонесува за добри односи во регионот, ниту за создавање атмосфера на соработка и за...

Вучиќ и Мекејн во Белград разговарале за ситуацијата во Македонија

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон Мекејн на средбата во Белград денеска разговарале за ситуацијата во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Вучиќ се надевал дека работите во Македонија ќе се одвиваат мирно и со почитување на македонските закони. „За нас тоа е од големо значење, бидејќи ако не се задоволни Албанците, може да имаме проблем на југот на...

Албанската дијаспора ја поддржува албанската платформа

Албанско-американската заедница од Илионис, со седиште во Чикаго ја поддржа албанската платформа и ги поздрави напорите на Албанија и на Косово за решавање на прашањата на Албанците во Македонија. „Претседателството на заедницата одлучи едногласно да ја поддржи заедничката декларација на албанските партии во Македонија, позната како албанска платформа. Го поздравуваме обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и уставната...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...