Таг: Албански јазик

таг: Албански јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и на СДС

„СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него...

Вечерва во Струга, концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“

Вечерва, од 20 часот, во холот при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи хорски концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“. „Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници, Дамјан Темков (композитор) и Бехар Весели (диригент). Проектот „Симбиоза“ досега има реализирано шест концерти на реномирани фестивали. Овој проект, иако најавен само како...

Програмата на СДСМ е рамка за доградување, оцени Беса

Програмата што вчера ја претстави СДСМ е рамка што треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата кои се однесуваат на Албанците како втор поголем народ во Македонија, соопшти денеска Движењето Беса. Oд Беса, сепак, не сакаат да ја коментираат програмата на СДСМ, бидејќи мандатот за формирање влада сè уште не е даден. „Сè уште е не е деблокирано...

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска подготвена да ги продаде и нацијата и државниот интерес

Жедна и гладна да се фати за фотелја, Радмила Шекеринска е подготвена е да ги продаде и нацијата и државниот интерес, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на заменик-претседателката на СДСМ. Партијата вели дека прифаќањето на албанската платформа од страна на СДСМ и сокривањето од јавноста на договореното со трите албански партии е поради тоа што договорот е против интересите на Македонците...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги осуди партизаните и борците од АСНОМ за нивната борба

„Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година. Ова е точка од платформата преку која СДСМ сака да ги осуди борците од АСНОМ и партизаните за нивната борба за слободна држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „граѓаните не се должни да...

Рама: Без Албанците нема Македонија, драг претседателе

„Господине Иванов, албанскиот јазик не ви е непријател, тоа e јазик на државотворен народ во Македонија. Без Албанците, нема Македонија, драг претседателе“, се вели во реакцијата на албанскиот премиер Еди Рама, по повод одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да формира влада. Рама ја објави реакцијата на својот...

Битолски Широк сокак излепен со лажни банкноти на албански јазик

Битолски Широк сокак утрово беше преплавен со лажни банкноти од 1.000 денари отпечатени на албански јазик, како и со летоци на кои пишува „Казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“. Акцијата најверојатно се случила доцна во ноќта, летоците и лажните банкноти се расфрлани насекаде, па вработените од Јавното претрпијатие „Комуналец“ со млазови вода се обидуваа да...

ДУИ даде зелено светло за предлогот на СДСМ за употребата на албанскиот јазик

Централното претседателство на ДУИ даде зелено светло за предлог-одлуката на СДСМ околу употребата на албанскиот јазик, останува уште работните групи да испеглаат мали разлики кои не се толку важни околу овој предлог-закон, информира портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по завршувањето на средбата на претседателството на партијата, кое синоќа се состана во седиштето на партијата во Мала Речица. Утре се очекува лидерот...

Османи: Официјалната употреба на албанскиот јазик е услов без кој не може да се преговара

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица, доцна попладнево почна средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и потпретседателите на партијата. На средбата на која учествува и дел од тесното претседателство, според портпаролот Бујар Османи, се разговара за тековни прашања за добивање на мандатот за составот на нова влада, одлуката што треба да ја донесе централното претседателство на партијата. Ова највисоко...

Албанските партии ќе формираат тело за Законот за употреба на јазиците

Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена ќе формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албациите. Ова се двата заклучоци кои ги донеле албанските политички партии денеска на средбата во хотел „Арка“, соопшти лидерот на Движењето за реформи на...

Села: Досегашните предлози за употреба на албанскиот јазик за нас се неприфатливи

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села. Претседателот на Движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик. - Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра...

ЕВН: Сметки за струја на албански јазик воведовме уште пред 5 години

До корисничкиот „Енерго центар“ на ЕВН во Тетово вчера биле доставени барањата на здружението на албански електричари „Дрита“, кои, како што соопштуваат од компанијата, ќе ги разгледаат и ќе одговорат на оние кои се во нивна надлежност. „Барањата ќе бидат разгледани од наша страна и соодветно постапено во деловите што се однесуваат на работата и надлежноста на ЕВН Македонија“, стои...

ДУИ: За албанскиот јазик, членството во НАТО и во ЕУ и за СЈО не може да има преговарање

Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема префериран партнер во македонскиот политички блок, а интересот за одржување на стабилноста на државата го става над партиските интереси. Ова се заклучоците од денешната седница на централното претседателство на ДУИ. „Свесни за одговорната и за одлучувачка улога на ДУИ во ориентирањето на политичките процеси во државата, во духот на унифицираниот став на албанските политички...

ДУИ најави основање на институт за надзор на употребата на албанскиот јазик

Носителот на кандидатската листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во iзборната единица 6, Џеват Адеми, денеска најави основање на институт за надзор на службената употреба на албанскиот јазик. Институтот ќе функционира во форма на инспекторат, кој ќе се грижи за заштита и за соодветна употреба на албанскиот јазик и ќе придонесе за јазична рамноправност, што е, како што посочи...

Тачи: Се залагаме да имаме заменик-премиер Албанец

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, од предизборниот митинг кој неговата партија го одржа во Челопек, општина Брвеница, рече дека ДПА постојано инсистира на решавање на етничкото прашање во земјава, сè со цел да ја зачува нејзината стабилност и безбедност. - Некои велат дека нашата платформа не е модерна, дека го третира етничкото прашање. Па, само да потсетам,...

Груби: Официјалната употреба на албанскиот јазик ќе го зајакне општеството

Официјалната употреба на албанскиот јазик ќе го зајакне општеството и ова е еден од клучните столбови од платформата на ДУИ за изборите на 11 декември, изјави на прес-конференција портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој е носител на кандидатската листа во првата изборна единица. - Иако македонскиот општествен наратив беше драматичен во врска со промената на Уставот, Законот за амнестија, Законот за територијална...

Димовски: СДСМ тргува со националните и со државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција Илија Димовски, член на извршниот комитет на владејачката партија. Тој рече дека евентуално изедначување на македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Според Димовски, со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Македонија се напаѓа Уставот и...

Дебата: Студентите бараат да се државен приоритет и надлежните да ги решаваат нивните проблеми

Студентите во Северна Македонија и понатаму се соочуваат со бројни проблеми, како што се студентскиот стандард, проблемите со јавниот превоз, лошите услови во студентските домови, неможноста за работа. Тие...