Таг: Албански јазик
таг: Албански јазик
Македонскиот останува единствен службен јазик на целата територија
Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска како што велат лажните вести и невистини за примената на Законот за употреба на...
Преводот на државјанството на албански е погрешен велат експертите
Правилната форма на државјанството напишано на личните документи на албански јазик треба да биде државјанство „на Македонија“ („E Maqedonisë”), а не како што се користи со години и како што се повторно се инсистира да се пишува - „Maqedonisë” (македонско). Ова е оценката на експертите за тоа колку се почитуваат стандардите на албанскиот јазик при преводот од македонски на...
Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник
Законот за употреба на јазиците денеска е објавен во Службен весник откако претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го испрати без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Со објавувањето на Законот во Службен весник, тој официјално стапува на сила со што албанскиот јазик станува втор службен јазик во Македонија.
Пратеникот од ДУИ Артан Груби на „Фејсбук“ ги наброја работите кои...
Пописот остава простор за прекршување на Охридскиот договор и Уставот
Доколку при пописот на населението во 2020 година не се земе во предвид етничката припадност на населението, се ризикува пописот да пропадне како оној во 2011 година, а се отвора можноста во отсуство на официјални бројки да се играат игри со непроверени бројки, а со тоа би се нарушил принципот на Охридскиот рамковен договор (ОРД) и на Уставот на...
Заев: Нема потреба од дополнително отворање на Пандорината кутија
Премиерот Зоран Заев денеска порача дека нема потреба од дополнително отворање на Пандорината кутија, коментирајќи ги потезите на албанската опозиција - крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами и Алијанса на Албанците да поднесат предлог-амандмани на Уставот со кој Македонија ќе се дефинира строго како граѓанска држава, а албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик.
За вчерашната изјава на...
Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами ќе поднесат амандмани за Албанците
Алијанса за Албанците (АА) и крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами ќе поднесат амандмани за албанскиот јазик и за преамбулата, во текот на расправата за уставните измени кои се прават поради исполнување на обврските од Преспанскиот договор, јави „Порталб“.
ДУИ, крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, НДП и ДПА сметаат дека сега не е време за поднесување амандмани,...
Села ќе бара во Уставот и во пасошите да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во Собранието порача дека го поддржува договорот со Грција, но дека има забелешки. Тој рече дека при менувањето на Уставот, неговата партија ќе бара во пасошите и во Уставот за македонските Албанци да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“.
Села рече дека е незадоволен од постигнатото на лидерските средби и дека албанскиот...
Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (2 дел)
Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави.
Автор: Фатбарда Цури
1-от дел од сторијата.
Лошиот...
За два месеци сајтот на Владата ќе биде тријазичен – македонски, албански и англиски
Владата очекува за два месеци да ја подготви својата официјална веб-страница и на албански и на англиски јазик.
„Според досегашната динамика и план, очекуваме веб-страната на владата за два месеци да почне со објава на содржини на албански и англиски јазик“, одговорија од владината прес служба на прашањето на „Portalb.mk“ зошто веб-страницата е само на македонски јазик.
Од владата велат дека...
Веб-страницата на Собранието со целосно функционална верзија на албански јазик
Неколку дена откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците, веб-страницата на Собранието има и целосно функционална албанска верзија, како и верзии на англиски и на француски, пишува „Порталб“.
Иако и претходно имаше албанска верзија на собраниската веб-страница, многу од содржините од македонската верзија ги немаше и на албански.
Веб-страницата на претседателот на државата Ѓорге Иванов е со македонска и англиска...
Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот
Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Зоран Заев.
– Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми...
Заев: Законот за јазиците треба да се донесе оваа недела
Оваа недела треба да се донесе Законот за јазиците, рече претпладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
- Знаете дека 9 месеци е отворена дебатата, и за мене прашањето за Законот за употреба на јазиците е затворено и тој треба што поскоро да се донесе. Порано...
Тачи: Иванов не може да го запре официјализирањето на албанскиот јазик
Во интервју за „Дојче веле“, косовскиот претседател Хашим Тачи ја критикува одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците.
- Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење -...
Владата: Сите одредби од законот за јазиците се усогласени со членот 5 од Уставот
Владата на Република Македонија реагираше на денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во кое тој објави дека решил да не го потпише указот за Законот за јазиците бидејќи е противуставен, го фаворизира албанскиот јазик и се воведува скап паралелизам во државната власт и ќе доведе до блокада и нефункционалност. Владата вели дека законот е ускладен со Уставот.
„Владата на Република...
Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија
Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон...
Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии
Во две собраниски комисии денеска ќе се дискутира за Предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање.
Од 13 часот, за предлог-законот ќе се расправа во Комисијата за европски прашања, во второто продолжение на 6-тата седница на оваа комисија, а од 16 часот е предвидено тој да се најде на 31-та седница на Законодавно-правната комисија.
Втор обид за почеток на амандманската расправа за законот за јазиците
Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, денеска треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.
Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ објавија дека ќе ја бојкотираат работата на Собранието бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата на Парламентот.
Артан Груби, претседателот на...
Законот за јазиците денеска излегува од Комисијата за европски прашања
Во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска треба да заврши расправата по единствената точка од дневниот ред, Законот за употреба на јазиците, во прво читање.
Во рамките на денешната расправа, која почнува во 12 часот, се најавени завршни обраќања на координаторите на четирите најголеми групи во Собранието, по што ќе се гласа за законот, и потоа,...
Села: Ако во првите 100 дена не биде усвоен законот за јазиците, ќе ја напуштиме Владата
Лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, денеска на редовното партиско собрание во Тетово рече дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата.
Села смета дека тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се...
ВМРО-ДПМНЕ: Џафери, надвор од Рамковниот, сака да ги води седниците на албански јазик
ВМРО-ДПМНЕ во денешното утринско соопштение повторно го обвини СДСМ дека продолжува да работи спротивно на волјата на народот, со, како што велат од партијата, обидот нелегално да се избере претседател на Собранието на Република Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „нелегалниот претседател на Собранието уште првиот работен ден во својот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го претвори во штаб на неговата...