fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Без вистинска борба против корупцијата во С.Македонија и Албанија, нема можност за пристап во ЕУ

Еден од критериумите за членство во Европската Унија е искоренување на корупцијата. Но, Северна Македонија и соседна Албанија добија голем број критики во меѓународните извештаи за борбата против оваа негативна појава. Некои дури истакнуваат дека РСМ и Албанија наместо напредок имаат забележано назадување. Експертите проценуваат дека главната причина за слабата борба против корупцијата е недостатокот на политичка волја и...

Германија и Словачка против раздвојување на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграциите

По серијата изјави на еврокомесарот Оливер Вархеји дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат раздвоени во процесот за нивно пристапување кон ЕУ, со спротивставување излегоа германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, преку нивните Твитер-профили. Germany🇩🇪 supports 🇵🇹 #EU-Presidency’s objective to hold first accession conferences with both Albania🇦🇱 + North Macedonia🇲🇰...

Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Иако процесите на евроинтеграции на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокада на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји за „Еуроњус“. Според него, тоа би значело дека...

Во Албанија се бројат гласовите, социјалистите на Еди Рама во водство

Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама е во водство според бројот на освоени гласови на вчерашните парламентарни избори на Албанија, но броењето на гласовите ќе продолжи. Од Централната изборна комисија соопштија дека резултатите ќе бидат познати во рок од 48 часа, јавува сервисот на Дојче Веле на албански јазик.  Според првичните резултати од преброените гласови 20 отсто од изборните...

Во Албанија денеска се одржуваат парламентарни избори, граѓаните бираат меѓу Рама и Баша

Со длабока политичка поделба и анимозитет меѓу главните лидери на партиите, во Албанија денеска се одржуваат деветтите по ред парламентарни избори по падот на комунизмот. Околу 3,6 милиони гласачи од земјата и од дијаспората треба да изберат 140 пратеници во албанскиот парламент од предложените над 1.800 кандидати што се пријавиле за изборната трка, јавува Дојче Веле. Главната битка и на...

Слободата на изразување предмет на закани и притисоци во С.Македонија и Албанија

Северна Македонија и Албанија, иако се кандидатки да станат дел од европското семејство, имаат многу недостатоци кога станува збор за слободата на изразување. Според новата методологија за проширување на ЕУ, поглавјето за слободата на изразување и медиумите спаѓа во првата група, кај фундаменталните права. Слободата на изразување и медиумските работници во Северна Македонија исто така се соочуваат со низа...

Балканските патишта кон ЕУ: Албанија – трновито, но недвосмислено

Малкумина денес се потсетуваат дека Албанија прва од земјите на денешниот регион што се нарекува Западен Балкан склучи договор со соработка со ЕУ, уште во 1992 година. Она што сериозно го забави напредокот кон ЕУ, а пред сѐ - натамошниот демократски развој на земјата, беа безредијата во 1997 година, кои резултираа со ограбување на аресеналите на оружје и муниција,...

По веста на Порталб, започна менувањето на патните табли од времето на „Албанија на Енвер Хоџа“

Потребни беа над 50 години Јавното претпријатие „Македонијапат“ да започне со замена на информативните табли каде соседна Албанија сè уште фигурира како Народна Република. Интервенцијата на тимот на ЈП „Македонијапат“ следеше откако пред неколку недели Порталб.мк го покрена ова горливо прашање, заедно со пропустите во употребата на албанскиот јазик на информативните табели крај патиштата, пишува Порталб.мк. Порталб.мк на лице место...

Порталб: Нема одговорност за патните табли за Албанија од времето на Енвер Хоџа и за непочитувањето на двојазичноста

Иако поминаа неколку години од усвојувањето на Законот за двојазичност во земјава, којшто гарантира употреба на албанскиот јазик во сите органи на централната власт, неговото спроведување е на незадоволително ниво. Непримената на законот се забележува на информативните табли по патиштата, во градовите со албанско мнозинство, па сè до администрацијата и судството. Загрижува фактот што после толку години на некои...

Вархеји и Заев на Економскиот форум во Тирана со свои согледувања за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји на Економскиот форум во Тирана изјави дека за Албанија се исполнети сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, додека на Северна Македонија ѝ порача дека е важно брзо да најде заедничко прифатливо решение за билатералните прашања со Бугарија. „Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на...

Зголемен транзитот на илегални мигранти низ Албанија дури и во време на пандемија

Затворањето на границите и изолирањето поради пандемијата не го намалија приливот на илегалните мигранти кои транзитираат низ Албанија кон земјите на ЕУ. Зголемувањето на овој прилив е евидентно од 2019 година наваму и е придружено со зголемување на бројот на лицата коишто направија бизнис од транспортот на мигрантите преку територијата на Албанија, пишува Фактоје.ал, пренесува Порталб.мк. Притоа во обезбедувањето помош...

Фактоје: Реконструкцијата на училиштето во Пустец сè уште не е започната

За време на заедничката официјална посета на Пустец, општина населена од македонско малцинство во Албанија, министерката за образование Евис Куши вети дека ќе обезбеди услови за учење јазик и вклучување во бесплатната шема за учебници. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев гарантираше донација од 30.000 евра од претприемачи на РСМ, за реконструкција на надворешниот дел на училиштето, пишува албанскиот сервис...

Фактоје: „Избледнувањето“ на ветувањето на албанскиот премиер Рама за бројот на вакцини

Количината на вакцини ветени во различни изјави од премиерот нa Албанија, Еди Рама, постојано се намалува. До денеска пристигнале помалку од 10.000 вакцини, бројка што требаше да биде „исцрпена“ до третата недела од јануари, пишува „Фактоје“. Ветено е пристигнување на 30.000 дози во февруари, но механизмот КОВАКС потврди за Фактоје дека не испратил никаков контингент во првите две седмици од...

Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години

Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се поврзе со пристаништето Драч,...

Охридското езеро, заложник на договорот од 1957 година

Албански експерти го креваат гласот дека во последните 10 години лошо се управува со водите на Охридскиот слив од македонска страна, предизвикувајќи голема штета на екосистемот на ова езеро што е под заштита на УНЕСКО. Во 2017 година, водата од албанска страна се повлекла до 100 метри, што ги алармирало експертите за животна средина од албанска страна, пишува Фактоје.ал,...

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети условите да бидат впишани...

Во Албанија рециклирани старите ветувања за далновод кон Македонија, кај нас молк

Албанија и Северна Македонија беа посветени на изградбата на 400-киловолтен интерконективен далновод во 2015 година и спроведувањето на проектот требаше да заврши во 2018 година. Проектот не само што не е реализиран, туку како ветување е повторено од сегашната албанска министерка за енергетика, Белинда Балуку, пишува „Фактоје.ал“, пренесува „Порталб.мк“. На 11 декември 2015 година министерот за енергетика и индустрија Дамијан...

Заедничката царинска контрола меѓу Северна Македонија и Албанија остана само празно ветување

Заедничката царинска контрола Северна Македонија - Албанија, од типот „One Stop Shop“, е едно од ветувањата за кое се дискутира само на масите на владини претставници од двете земји, но со години нема конкретно дејствување на терен. Заедничката царинска контрола, покрај зајакнувањето на билатералните односи меѓу соседните земји, ќе помогне во развојот на економијата, ќе ги олесни царинските процедури,...

Земјотрес во Албанија ноќеска почувствуван и во земјава

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје ноќеска во 3.39 часот регистрираала земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Албанија, 145 km југозападно од Скопје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а во земјава, особено во југозападните делови, е почувствуван со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Фактоје: Албанија има двојно помалку лекари од РСМ, а двојно повеќе смртни случаи од нивните редови за време на пандемијата

Северна Македонија има двојно поголем број на лекари на 10.000 жители во споредба со Албанија. Кога станува збор за бројот на смртни случаи од редовите на белите мантили, овој сооднос е преполовен. Од почетокот на пандемијата, бројот на лекари кои ги загубија своите животи во Албанија е двојно поголем од оној во Македонија. Во оваа алармантна ситуација здравствените организации,...

Контраспин: Џафери спинува и за пцостите и за нормите од кодексот

Талат Џафери јасно кажува дека не го интересира што мисли јавноста, туку што мисли тој, а тој мисли дека не прекршил ниту една норма кога на службеници грубо им...